Оливер Спасовски
Оливер Спасовски | |
---|---|
Министер за внатрешни работи на Македонија | |
На должноста 31 август 2020 – 28 јануари 2024 | |
Претседател | Стево Пендаровски |
Премиер | Зоран Заев Димитар Ковачевски |
Претходник | Агим Нухиу |
Наследник | Панче Тошковски |
На должноста 1 јуни 2017 – 3 јануари 2020 | |
Претседател | Ѓорге Иванов Стево Пендаровски |
Премиер | Зоран Заев |
Претходник | Агим Нухиу |
Наследник | Наќе Чулев |
На должноста 2 септември 2016 – 29 декември 2016 | |
Претседател | Ѓорге Иванов |
Премиер | Емил Димитриев |
Претходник | Митко Чавков |
Наследник | Митко Чавков |
На должноста 11 ноември 2015 – 19 мај 2016 | |
Претседател | Ѓорге Иванов |
Премиер | Емил Димитриев |
Претходник | Митко Чавков |
Наследник | Митко Чавков |
Пратеник во македонското Собрание | |
На должноста 26 јули 2006 – 21 јуни 2008 | |
На должноста 25 јуни 2011 – 10 мај 2014 | |
На должноста 30 декември 2016 – 31 мај 2017 | |
Технички премиер на Македонија | |
На должноста 3 јануари 2020 – 31 август 2020 | |
Претседател | Стево Пендаровски |
Претходник | Зоран Заев |
Наследник | Зоран Заев |
Лични податоци | |
Роден(а) | 21 октомври 1976 Куманово, СР Македонија, СФРЈ |
Партија | СДСМ |
Деца | 2 |
Занимање | Политичар |
Вероисповед | Православен христијанин |
Оливер Спасовски (21 октомври 1976 во Куманово) — македонски политичар. Бил технички премиер на Македонија од 3 јануари 2020 по изборот на новата техничка влада. Функцијата министер за внатрешни работи ја извршувал во два кратки периода. На функција стапил на 2 септември 2016 година до 12 декември 2016. Претходно, во периодот од 11 ноември 2015 до 19 мај 2016 ја извршувал истата функција, по договорот од Пржино.[1] Оливер повторно стапува на должност како министер за внатрешни работи на Македонија на 1 јуни 2017 година кога парламентарното мнозинство ја изгласа новата влада на чело со Зоран Заев. На 3 јануари 2020 е избран за нов технички премиер во предизборната влада.
Животопис
[уреди | уреди извор]Оливер Спасовски е роден 1976 во Куманово. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Во 2000 година работел како адвокатски приправник. Од 2001 до 2005 година работел како советник на градоначалникот на Општина Куманово. Од 2008 до 2011 година бил секретар на Општина Куманово. Во два мандата е избиран за пратеник, на изборите во 2006 и во 2011 година. На парламентарните избори во 2016 година бил носител на листа во изборна единица 2, предводена од коалицијата на СДСМ.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ФОТО: ТРОЈЦА НОВИ МИНИСТРИ ВО ПРЕДИЗБОРНАТА ВЛАДА“. Архивирано од изворникот на 2015-11-12. Посетено на 2015-11-11.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Зоран Заев |
Премиер на Македонија 2020–2020 |
Наследник Зоран Заев |
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Агим Нухиу |
Министер за внатрешни работи на Македонија 2017–2020 |
Наследник Наќе Чулев |
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Агим Нухиу |
Министер за внатрешни работи на Македонија 2020–денес |
Наследник моментален |
|
|