Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Окленд

Координати: 36°50′26″S 174°44′24″E / 36.84056° ЈГШ; 174.74000° ИГД / -36.84056; 174.74000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Окленд
Auckland / Tāmaki Makaurau
Прекар(и): Град на едрата
Окленд is located in Нов Зеланд
Окленд
Окленд на Северниот Остров
Координати: 36°50′26″S 174°44′24″E / 36.84056° ЈГШ; 174.74000° ИГД / -36.84056; 174.74000
ЗемјаНов Зеланд Нов Зеланд
ОстровСеверен
РегионОкленд
Територијална управаОкленд
Населен од Маори~ 1350
Населен од Европејци1840
Месни одбори
Управа
 • ГрадоначалникВејн Браун
Површина
 • Градска[1]559,2 км2 (2,159 ми2)
Најг. вис.&10000000000000196000000196 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (јуни 2022)
 • Регион/метро1,715,600
Час. појасNZST (UTC+12)
 • Лето (ЛСВ)NZDT (UTC+13)
Пошт. бр.0500-2999
Повик. бр.09
Месни племињаНгати Фатуа, Таинуи, Нгати Акарана
Мреж. местоaucklandcouncil.govt.nz

Окленд (англиски: Auckland, маорски: Tāmaki Makaurau) — град на Северниот Остров на Нов Зеланд и најголем град во земјата. На маорски градот го носи името Tāmaki Makaurau или Ākarana. Има околу 1,6 милиони жители, и со тоа е најголем град во Нов Зеланд, многу поголем од било кој друг — една третина од населението на Нов Зеланд.

Се простира меѓу заливот Хаураки на Тихиот Океан на исток, ниските планински венци Хунуа на југоисток, заливот Манукау на југозапад и планинскиот венец Ваитакере и помалите венци на северозапад. Централниот дел од населената област го зазема теснецот помеѓу заливот (или „пристаниште“) Манукау на Тасмановото Море и заливот Ваитемата на Тихиот Океан). Окленд е еден од многу ретките градови на светот со пристаништа на две мориња/океани.

Историја

[уреди | уреди извор]

Маорските доселеници

[уреди | уреди извор]

Tamaki Makaurau („Теснец на илјада љубовници“), денес познат како Окленд, бил најпрвин населен од Маорите околу 1350 г. Регионот бил вреднуван поради богатата и плодна почва. Маорите правеле терасести утврдени села („па“) на мртви и зарамнети вулканиски врвови. Пред доаѓањето на Белците, Маорите имале околу 20.000 вакви села во регионот, бројка која подоцна го квалификува местото како град. Прекопаните ридови можат да се видат и денес околу поголемите вулкани како ридот Алберт, Идн и Еднодрвниот Рид.

Теснецот е широк околу 8 км со тоа што ридот Идн и Еднодрвниот Рид се наоѓаат на најтесното место. Ова ѝ овозможила на областа големи стратешки предности. Теснецот исто така има високопродуктивни почви, кои претставувале голем аграрен потенцијал, а двете пристаништа давале разнообразни каи моана (морски плодови).

Двете главни племиња кои живееле во областа биле Нгати Фатуа и Таинуи. Доаѓањето на Рвропејците и трговијата со пушки ја промениле рамнотежата на власта помеѓу иви-те (луѓето) и резултирало во неизбежен вооружен конфликт. Европското доселеништво значително го намалило бројот на Маорите во (денешен) централен Окленд заради меѓумаорските војувања, новите болести (особено сипаници и туберкулоза), и другите проблеми од кои домородечките народи страдале како резултат на колонизацијата. Имало периоди на миграција на Европејци и Māori, и затоа, уште од почетната фаза на колонизација се отворил проблемот на многу мало маорско население во регионот.

Апихаи Те Кавау (ц. 1760-1869), водач на хапуто Нгати Таоу , бил близок пријател на Самуел Марсден. През десетмесечен период во 1821-1822 г. тој имал важна улога во 1,000 експедицијата од илјада милји „Амиофенуа“. Овие битки се воделе во поголемиот дел од централниот и јужниот Северен остров. Завршиле со сојузувањето на Нгати Фатујските сили на Те Кавау, со Таранаките со кои претходно биле во војна, и нивната победа над па-то на Таинуи Матакитаки во неговата одбрана од Нгапухиските сили на Хонги Хика.

Кон 1840 г. Те Кавау станал врховен водач на Нгати Фатуа. Те Кавау бил предупреден за репресалиите што може да уследат од страна на поразените Нга Пухи, и затоа му понудил земја околу денешниот градски центар на управникот Вилијам Хобсон. Тој и шест други водачи патувале по Заливот на островитеистата година за да ја официјализираат понудата и го потпишале Ваитангскиот договор на 20 март.

Нгати Фатуа сигурно би очекувале од англискиот колонијализам зголемена безбедност и трговски погодности. Ова значело поголем пристап до развиеното пристаниште за сообраќај и извоз на земјоделските производи од плодните предели на Ваикато и Хаурашката Низина на Таинуи на пазарите во австралиските затворенички колонии и за Сиднејскиот пазар. Продажната цена за првите 3.000 акри (12 км²) била готовина и трговска стока во вредност од £341 (околу 31.400 денешни евра)

Како што маорското население се смалувало во последните сто години, така се смалувала и земјата под управа на Нгати Фатуа. За 20 години, тие изгубиле 40% од нивната земја, дел од неа по пат на владина конфискација. При најнискиот број на население, земјиштето на Нгати Фатуа се намалило на неколку акри кај Оракеи, земја која Те Кавау ја декларирал како „последно упориште“.

Раѓањето на Окленд

[уреди | уреди извор]

По потпишувањето на Ваитангскиот договор во февруари 1840, новиот управител на Нов Зеланд, Вилијам Хобсон, се соочил со задашата да избере нов главен град на колонијата. Во тоа време, главните европејски населени места се наоѓале во регионот на Заливот на островите. Меѓутоа, неговата местоположба била премногу незгодна и нецентрална за да може да биде поврзан со другите делови на новозеландскиот архипелаг.

Германска карта на Окленд од 1888 г.

Дури и во 1840 Порт Николсон (денешното Велингтонско пристаниште) бил очигледниот избор за административното седиште. Местото било сместено во централниот дел на југот на Северниот остров, близу до Јужниот остров и истото се развивало бргу, и ветувало многу. Но Новозеландската компанија и Вејкфилдските браќа го основале и понатаму го доминирале Порт Николсон. Освен тоа, истото веќе имало лошо име кај Маорите за бескрупулозното, па дури и незаконско заземање на земја.

По првичната препорака на мисионерот Хенри Вилијамс со поддршка на Генералниот Геометар, Фелтон Метју, и со понудата на земја од Нгати Фатуа, Хобсон ја избрал јужната страна на заливот Ваитемата за идна престолнина, а за привременна престолнина го поставил Окиато (исто така познат како Стар Расел) на Заливот на островите. Главниот судија, Капетан Вилијам Корнвалис Сајмондс, наскоро купил и повеќе земја од Нгати Фатуа, и основоположничката церемонија започнала во 13:00 часот на 18 септември 1840 г., веројатно на височинката на горниот крај на денешната најглавна улица во Окленд, Квин Стрит. Хобсон го крстил ова населено место Окленд во чест на Џорџ Идн, првиот гроф на Окленд, негов патрон и пријател. Името се здобило со кралско одобрение во 1842 г.

Уште од почеткот постоел постојан прилив на нови жители од другите краишта на Нов Зеланд и од светот. Најпрвин тоа биле претежно доселеници од Нов Јужен Велс, но првите имигрантски бродови директно од Британија почнале да доаѓаат уште од 1842 г. Уште од раното доба источната страна на населбата била резервирана за владините членови, додека механичарите и занаетчиите, т.н. „неофицијални“ доселеници, се собирале на западната страна. Оваа географска класна поделба сè уште постои во Окленд.

Подоцна Порт Николсон (денешен Велингтон) станал престолнина, и така останал сѐ до денес. Предностите што ги нудела централната местоположба станале уште поочигледни кога Јужниот остров станал просперитетен со откривањето на злато во Отаго, и со развојот на овчарството на големо и разладувањето, особено разладните бродови со кои замрзнато месо можело безбедно да се пренесува до Велика Британија. Парламентот проработел за првпат во Велингтон во 1862. 1868 владата се преселила таму.

Ширењето на Окленд

[уреди | уреди извор]
Карта на Окленд и неговата местоположба во северниот остров

Окленд се оформил како база за операциите на управителот Џорџ Греј против востаничкото движење за маорски крал во раните 1860-ти години. Грејовиот модус операнди подразбирал отворање на регионите Ваикато и Кинг Кантри со изградбата на патишта како на пр. Великиот јужен пат, (чиј голем дел денес го сочинува Државниот автопат 1). Ова овозможило голема подвижност на војската и дотек на цивилни доселеници. Исто така ова им дало можност на пакеха (белците) за станат влијателни и да донесуват закони во областа Јужен Окленд.

Кон средината на XIX век, Европејците главно се доселувале на Јужниот Остров. Меѓутоа Окленд полека станал стопански најзначаен град. Во предградијата се саделе градини и овоштарници, додека обработката на каури дрва и исползувањето на смоли ги отворило планинските венци Ваитакере.

Во 1880-тите години се стравувало од руска инвазија и заота биле изградени утврдувања со крајбрежни топови на разни места како на пр. Девонпорт и на островот Ваихеке, каде што топовите сè уште можат да се видат.

Во 1900 г. Окленд станал наголемиот град во Нов Зеланд.

За време на Втората светска војна, Окленд бил надлетан од непријателски јапонски авион кој бил неуспешно следен од единици на Кралското новозеландско воздухопловство.

Во 1950-тите бил изграден Оклендскиот заливски мост кој го поврзува Северниот Брег со центарот на градот и другите делови.

По иницијатива на Лабуристичката партија во 1930-тите, 40-тите и 50-тите години биле изградени многу социјални домови, обично на плацеви од четврт акр (1.000 m²) - традиција која и денес постои и покрај честите пределби. Окленд претежно се состои од населби: иако нема повеќе од една седмина од населениоето на Лондон, градот се простира врз огромна површина - факт што ја објаснува неефикасноста и непопуларноста на јавниот превоз во градот.

Географија и клима

[уреди | уреди извор]
Островот Рангитото од Окленд

Окленд се простира врз вулканите на Окленското вулканско поле. Постојат 50 вулкански отвори во градот во облик на конуси, езера, лагуни, острови и депресии, и неколку од нив имаат изливано големи количини на лава. Најголемиот број на конусите се веќе целосно или делумно изрударени. Сите вулкани се поединечно мртво, иако самото вулканско поле не е мтрво, туку само заспано. Најмладиот и најголемиот вулкан се наоѓа на островот Рангитото, и е создаден во последните 1000 години. „Ранги“ значи „небо“, а „тото“ значи „крв“, што знали дека името му е дадено откога некои Маори ја проследиле ерупцијата. Заради неговата големина, симетрија, местоположба во однос на морскиот приод кон Окленд и неговата видливост од многу делови на Окленд, Рангитото е најзначајната георграфска атракција во градот. Островот е мистично тивок и е речиси ненаселен од птици и инсекти (или било кои други животни) заради богатата киселинска почва и видот на вегетација кој расте на ваква каменеста почва.

Теснец и пристаништа

[уреди | уреди извор]

Окленд се простира врз и околу проток, потесен од два километра на најтесното место. Постојат две пристаништа во оклендската населена област околу теснецот, заливот Ваитемата на север, и заливот Манукау на југ.

Постојат два моста преку нив, Окленскиот заливски мост на заливот Ваитемата и мангерскиот мост на пристаништето Манукау.

Окленд има умерено-топла клима со толли, влажни лета и не многу ладни, но влажни и долги зими. Јануарските температури се движат од 21 до 24 °C. Февруари и март се потопли од јануари, а во јули максималната температура изнесува 14-16 °C. Регионот се одликува со високо ниво на врнежи (преку 1100 мм годишно), особено зиме. Климатските услови варираат во разните делови од градот заради нивните географски окружувања како ридови, дрвја и струите на океанскиот ветер. Во градот никогаш не е забележан снег, за разлика од градовите на Јужниот остров каде врне снег скоро секоја година. Забележан е снег северно од Окленд, кај Каикохе.

Климатски податоци за Оклендскиот аеродром (1981–2010, крајности: 1962–денес)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 30.0
(86)
30.5
(86.9)
29.8
(85.6)
26.0
(78.8)
24.6
(76.3)
23.8
(74.8)
19.0
(66.2)
20.6
(69.1)
22.0
(71.6)
23.6
(74.5)
25.9
(78.6)
28.3
(82.9)
30.5
(86.9)
Прос. висока °C (°F) 23.1
(73.6)
23.7
(74.7)
22.4
(72.3)
20.1
(68.2)
17.7
(63.9)
15.5
(59.9)
14.7
(58.5)
15.1
(59.2)
16.5
(61.7)
17.8
(64)
19.5
(67.1)
21.6
(70.9)
19.0
(66.2)
Сред. дневна °C (°F) 19.1
(66.4)
19.7
(67.5)
18.4
(65.1)
16.1
(61)
14.0
(57.2)
11.8
(53.2)
10.9
(51.6)
11.3
(52.3)
12.7
(54.9)
14.2
(57.6)
15.7
(60.3)
17.8
(64)
15.2
(59.4)
Прос. ниска °C (°F) 15.2
(59.4)
15.8
(60.4)
14.4
(57.9)
12.1
(53.8)
10.3
(50.5)
8.1
(46.6)
7.1
(44.8)
7.5
(45.5)
8.9
(48)
10.4
(50.7)
12.0
(53.6)
14.0
(57.2)
11.3
(52.3)
Најниска забележана °C (°F) 5.6
(42.1)
8.7
(47.7)
6.6
(43.9)
3.9
(39)
0.9
(33.6)
−1.1
(30)
−3.9
(25)
−1.7
(28.9)
1.7
(35.1)
−0.6
(30.9)
4.4
(39.9)
7.0
(44.6)
−3.9
(25)
Прос. дожд мм (ин) 73.3
(2.886)
66.1
(2.602)
87.3
(3.437)
99.4
(3.913)
112.6
(4.433)
126.4
(4.976)
145.1
(5.713)
118.4
(4.661)
105.1
(4.138)
100.2
(3.945)
85.8
(3.378)
92.8
(3.654)
1.210,7
(47,665)
Прос. бр. дождливи денови (≥ 1,0 мм) 8.0 7.1 8.4 10.6 12.0 14.8 16.0 14.9 12.8 12.0 10.3 9.3 135.7
Прос. релативна влажност (%) (во 09:00 ч.) 79.3 79.8 80.3 83.0 85.8 89.8 88.9 86.2 81.3 78.5 77.2 77.6 82.3
Сред. бр. сончеви часови месечно 228.8 194.9 189.2 157.3 139.8 110.3 128.1 142.9 148.6 178.1 188.1 197.2 2.003,1
Извор бр. 1: NIWA[2]
Извор бр. 2: CliFlo[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Во Окленд постојат разни култури. Најголемиот дел од населението се од европско (главно британско) потекло, но постојат и големи заедници на Маори, Тихоокеански островјани и разни Азијати. Окленд ја има најголемата заедница на полинезијци во светот, поголема од било кој град. Речиси еднакво голем дел од населението е сочинет од граѓани доселени или со потекло од Азија (главно источна Азија). Ова се должи на фактот што Нов Зеланд е водечката земја во имиграција во светот, која главно се доселува во Окленд. Разни етнички групи од целиот свет живеат таму и со тоа Окленд е најкосмополитскиот град во земјата. Преку 14 странски државјани се доселуваат во Окленд секој ден.

Во 2001 г. новозеландскиот попис на население и живеалишта укажува на следниве бројки:

(Забелешка: овие постотоци не сочинуваат 100%, бидејќи некои жители припаѓаат на повеќе од една етничка група).

Религија

[уреди | уреди извор]

Како остатокот од земјата, половината од жителите на Окленд номинално се христијани, но помалку од 10% се активни верници и речиси 40% воопшто немаат вера (по пописот од 2001 г). Главните цркви се англиканство, презвитеријанство и Римокатолицизам. Пентелосталните и харизматичките цркви се одликуваат со најбрз пораст. Други вери донесени од разната имиграција се будизмот, хиндуизмот и исламот. Исто така постои и мала но прилично стара еврејска заедница. Постои и уште помала рационалистичка група.

Стил на живеење

[уреди | уреди извор]

Привлечни аспекти од животот во Окленд се неговата умерена клима и бројните можности за образование, забава и разонода. По квалитет на живот, Окленд се рангира на осмо место по Цирих и Женева во истражувањето за ранг-листа од 55 града. (Врска: Mercer Consulting quality of life survey)

Окленд се наоѓа на 31-во место на УБС-списокот на најбогатите градови во светот. [1]

Разонода

[уреди | уреди извор]
Податотека:Auckland-CityOfSails.jpg
Градот на едрата

Окленд се нарекува „градот на едрата“ заради тоа што во пристаништето секогаш можат да се видат стотиви јахти. Градот има разни кафулиња, ресторани, и ноќни клубови. Улиците Хај Стрит, Квин Стрит, Понсонби Роуд и Карангахапе Роуд исто така се популарни урбани места за забава. Њумаркет и Парнел се поекслузивни места за шопинг. Пазарите во Отара и Авондејл, како и Викторија Парк Маркет нудат разнолик алтернативен шопинг.

Популарни плажи во Окленд се наоѓаат во населбите Мисионерски залив, Девонпорт, Такапуна, Долг залив и Мараетаи, а популарни сурферски плажи се Пиха и Муриваи.

Со ферибот може да се отиде до Девонпорт, островот Ваихеке и островот Рангитото. Пријатни места за пикник се главниот оклендски парк наречен Оклендскиот графски парк (Окленд Домејн), Албертовиот парк, Паркот на Еднодрвниот Рид и Западните извори. Окленд има многубројни терени за рагби и крикет (како на пр. Идн парк), и места за тркачки спортови, тенис, бадминтон, пливање, гудбал, рагби лига и многу други спортови.

Секоја година во март во градот се одржува крос од 8,4 км познат како „Околу заливите“ кој почнува во центарот и оди по водата до населбата Сент Хелиерс. Овој настан привлекува десетици илјади посетители.

Во Градското собрание и Аотеа центарот се одржуваат разни конференции како и културни настани од типот на театарски претстави, капа хакаи опера. Многу народни блага се изложени во Оклендската уметничка галерија, како на пример делата на Колин МекКаон. Други важни културни артефакти се наоѓаат во Оклендскиот военоспоменички музеј, Новозеландскиот национален поморски музеј, и Сообраќајно-технолошкиот музеј (МОТАТ). Егзотични животни можат да се видат во Оклендската ЗОО градина и Кели Тартоновиот подводен свет. Во градот исто така се одржуваат рок концерти и слични настани (како на пр. Big Day Out)

Дел од центарот на Окленд гледан од Небесната Кула

Секој работен ден, многу професионални работници доаѓаат во центарот на градот од сите краишта. Најголемиот дел од големите меѓународни корпорации имаат претставништва во Окленд. Најскапиот деловен простор е во долниот реон на улицата Квин Стрит и Вијадуктскиот базен. Голем дел од техничките и индустриски работници се сместени во Јужен Окленд.

Станување

[уреди | уреди извор]

Најчестиот вид на станбено место во градот е бунгалов од „четврт акр“ (1.000 м²) и таоа резултира во сообраќајни метежи и зависност од автомобили. Локалната власт се обидува да го контролира овој тренд, со стратегии за станување како лепенки и станови и забрана за пределба на имоти во реоните на крајот од градот.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Патишта и железници

[уреди | уреди извор]

Окленд се соочува со значителен проблем на сообраќајни метежи. Постои голема мрежа на автопатишта, планирана пред повеќе децении, но истата останува недовршена и во 2006 г. Првобитниот план веројатно никогаш нема да се оствари заради тоа што истиот денес е економски неисплатлив; меѓутоа, постои број на суштински празнини во мометалната мрежа. Од 2001 г., почнати се неколку проекти за изградба на автопатишта кај и околу Централниот јазол, додека нови патишта се во изградба југозападно од градот и во горниот дел од пристаништето. Во Окленд, како и во цел Нов Зеланд, автопатиштата се финансираат многу повеќе од јавниот превоз, и панираната патна мрежа е прилично голема во однос на големината на Окленд.

Цетралниот јазол

Скорешните подобрувања на Северниот автопат го намалија патното време од Северниот Брег до Орева, додека истовремено проширувајќи го сообраќајниот метеж во јужната област Родни. Предвидено е дека Орева по некое време ќе стане дел од градот како резултат на северно-ориентираната експанзија на градот.

Сообраќајниот центар „Бритомарт“, отворен во јули 2003 г. е централна раскрсница за автобуси, нешто возови и фериботи.

Аеродроми

[уреди | уреди извор]

Оклендскиот меѓународен аеродром, најголемиот аеродром во Нов Зеланд, се наоѓа во јужната населба Мангере, која е дел од областа Манукау.

Фериботи

[уреди | уреди извор]
Ферибот-терминалот во Окленд

Фериботите се популарен облик на јавен превоз. Жителите на Северниот Брег го избегнуваат сообраќајниот метеж на автопатот со тоа што го користат фериботот од Девонпорт, Бејзвотер и Стенлиевиот залив до центарот на градот. Фериботите исто така го поврзуваат градот со островите Рангитото и Ваихеке како и со населбата Залив на полумесечината.

Атракции

[уреди | уреди извор]
Небесната Кула во Окленд
Панорамски поглед на Окленд од Маунт Идн

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Monitoring Research Quarterly, March 2011 Volume 4 Issue 1, page 4.
  2. „Auckland 1981–2010 averages“. NIWA. Посетено на 13 December 2015.
  3. „CliFLO - National Climate Database“. NIWA. Посетено на 13 December 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Македонска заедница

[уреди | уреди извор]

Предлошка:Управна поделба на Окленд