Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Нож

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џебен нож

Нож (множина: ножеви) — рачно орудие со изострени рабови. Некои типови на ножеви се користат како прибор, како прибор за јадење се поставуваат на трпеза, или како кујнски прибор (пример: нож за сечење леб, отворач). Многу видови се користат како алатка, на пример нож кој го користат војниците, џебен нож кој го користат туристите и ловечки нож кој го користат ловците. Ножевите исто така се употребуваат и за традиционални и верски цели, како ножот кирпан, а може да се користат и за војна и спортска намена. Некои типови на ножеви се користат дури и во земјоделството, односно во собирањето на храна (пример, срп, коса), а се комбинираат и жетварски ножеви.

Ножевите се алатки кои се користеле најмалку пред два и пол милиони години, како што е потврдено со олдуванските алатки[1][2]. Првично се изработени од камен, коска и опсидијан, а со развојот на технологијата се произведувале од бронза, бакар, железо, челик, керамика и титан. Неколку култури имаат измислено нивни верзии на ножеви. Поради својата улога како прва алатка на човештвото, некои култури имаат додадено и духовно и религиозно значење на ножот[3].

Повеќето денешни модели на ножеви го следат стилот на фиксно сечило и на преклоп, а моделот и стилот на изработка варираат во зависност од произведувачот и земји на потекло.

Острицата на ножот може да биде произведена од разни видови материјали. Јаглеродниот челик може да биде многу остар. Острицата останува остра по подолго време и лесно може да се наостри повторно, но со време може да се појават `рѓа и флеки. Не’рѓосувачкиот челик не е многу остар како јаглеродниот челик, но е отпорен на `рѓосување. Високојаглеродниот челик е комбинација на најдобрите квалитети од претходните два вида челик. Острицата од овој вид челик не ја менува бојата и останува остар подолго време. Ножевите од ламинат се произведуваат од повеќе видови метали. Сепак острицата е подложна на корозија.

Ножот како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Чудотворниот нож“ (српски: Чудотворни нож) — српска народна приказна.[4]
  • „Нож“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[5]
  • „Човекот со нож во грбот“ — краток расказ на македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски од 2019 година.[6]
  • „Нож“ (шпански: Puñal) — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[7]
  • „Кинџал“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[8]
  • „Ножето на професорот и возовите“ — песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич.[9]
  • „Ножето на професорот“ (полски: Nożyk profesora) — поетска збирка на Тадеуш Ружевич од 2001 година.[10]
  • „Кишовиот нож“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[11]
  • „Нож“ (англиски: Knife) — песна од истоимениот музички албум на шкотската рок-група Ацтек камера (Aztec Camera) од 1984 година.[12]
  • „Мојот вреден ловечки нож“ (англиски: My Valuable Hunting Knife) — песна на американската рок-група Guided By Voices од 1995 година.[13]
  • „Нож во мојата рака“ (хрватски: Nož u mojoj ruci) — песна на хрватската рок-група Грч.[14]
  • „Извадете ги ножевите“ (англиски: Knives Out) — песна на британската рок-група Рејдиохед (Radiohead).[15]
  1. „No. 1 The knife- Forbes.com“. 2005-08-31. Архивирано од изворникот 2012-07-31.
  2. „Early Human Evolution: Early Human Culture“. Архивирано од изворникот на 2007-05-12.
  3. Kertzman, Joe (2007). Art of the Knife. Iola, WI: Krause Publications. стр. 3–6. ISBN 978-0-89689-470-9.
  4. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 181-183.
  5. Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 34.
  6. Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 113-114.
  7. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 24.
  8. A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 67-68.
  9. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 209-213.
  10. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 4.
  11. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 468-469.
  12. Discogs, Aztec Camera – Knife (посетена на 29.11.2021)
  13. Discogs, Guided By Voices – Alien Lanes (пристапено на 20.3.2023)
  14. Various – Rijeka-Paris-Texas (пристапено на 8.7.2023)
  15. YouTube, Radiohead - Knives Out (посетена на 12.3.2021)

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]