Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Не менувај го сопругот

Од Википедија — слободната енциклопедија

Не менувај го сопругот (англиски: Don't change your husband) — американски филм од 1919 година, во режија на Сесил Б. Демил по сценариото на Џини Мекферсон. Во главните улоги настапуваат: Елиот Декстер, Глорија Свансон, Лу Коди, Силвија Ештон, Теодор Робертс и Џулија Феј.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Лејла (ја игра Свансон) и Џим Портер (го игра Декстер) се маж и жена. Тој е посветен на работата, а таа е незадоволна од бракот. Џим доцни на свечената вечера по повод годишнината од бракот, а кога најпосле се појавува, на сопругата ѝ го подарува поклон што го носи бискупот, еден од гостите (го игра Робертс). На вечерата е присутен и плејбојот Шујлер ван Сатфен (го игра Коди), кој почнува да ѝ се додворува на Лејла. Благодарение на него, Лејла ја открива измамата на сопругот, а потоа ја прифаќа понудата на Шујлер и одлучува да го помине викендот во куќата на неговата тетка, госпоѓата Хакни (ја игра Ештон). Таму, Шујлер продолжува да ѝ се додворува, се однесува убаво кон неа и ѝ ветува задоволства, удобност и љубов. Сепак, таму пристигнува и Џим. За време на маскенбалот, Шујлер конечно ја освојува Лејла и таа му соопштува на Џим дека е несреќна со него и дека сака да биде слободна. Така, Лејла му станува сопруга на Шујлер, а Џим останува сам, копнеејќи по неа. Набрзо, Лејла го дознава вистинското лице на Шујлер, кој има исто толку лоши навики како и Џим. Истовремено, тој запаѓа во финансиски проблеми и Лејла му го дава дијамантскиот прстен што ѝ го купил Џим. Меѓутоа, таа открива дека Шујлер има љубовница. Ден пред Божиќ, Лејла случајно го среќава Џим, кој во меѓувреме ги променил изгледот и навиките, претворајќи се во згоден и пристоен маж. Таа го кани на вечера, а за тоа време Шујлер е со неговата љубовница Тудлс (ја игра Феј). Во клубот каде игра комар, Шујлер останува без пари и тогаш Тудлс сака да го заложи прстенот. Меѓутоа, во клубот е присутен и Џим кој го купува прстенот и го присилува Шујлер парите да ѝ ги однесе на Лејла. Таму се појавува Тудлс, која бара дел од парите, заканувајќи му се на Шујлер со скандал во весниците. Џим ја кани Лејла да му се врати и додека го чека нејзиниот одговор, Шујлер пука во него, но без последици. Филмот завршува така што Џим и Лејла повторно се во брак, а Шујлер и се додворува на друга девојка, ветувајќи и задоволство, удобност и љубов.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]