Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Неуспешни обиди за учество на Евровизија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Имаше неколку неуспешни обиди за учество на Евровизија. За да учествуваат, радиодифузерите морат да бидат членови на Европската Радиодифузна Унија (ЕБУ) и да го регистрираат нивниот интерес за да се натпреваруваат пред крајниот рок определен во правилата на Евровизија од таа година. Секој радиодифузер плаќа сума за организација на фестивалот. Ако некоја држава се откаже од натпреварот по крајниот рок, тие сѐ уште ќе треба да ги платат овие суми, и може да добијат казна или привремена забрана.[1]

Карта со број на победи на Евровизија на секоја земја заклучно со 2021 година
Катар

Знаме

Медиумски организатор Катар Радио (во очекување)
Национален избор
Број на учества 0
Прво учество
Најдобар пласман
Најлош пласман

Катар Радио е моментално придружен член на Европската Радиодифузна Унија, додека сите натпреварувачки држави на Евровизија се активни членки на унијата. Радиодифузерот откри дека е заинтересиран да стане активен член на 12 мај 2009, кое би му овозможило на Катар да се натпреварува на Евровизија. Катар Радио наведе дека се надеваа да учествуваат на Евровизија 2011.[2]

Катар прво се вклучи на фестивалот во 2009, кога радиодифузерот испрати делегација на фестивалот и емитуваше неделно радио шоу наречено '12pointsqatar' посветено на Евросонг. Шоуто доби позитивни критики и иницира понатамошно вклучување на Катар на Евровизија.[2]

Казахстан

[уреди | уреди извор]
Казахстан

Знаме

Медиумски организатор Казахстан-1 (во очекување)
Национален избор
Број на учества 0
Прво учество
Најдобар пласман
Најлош пласман

Казахстан нема учествувано сѐ уште на Евровизија. Казахстан преговара за да се придружи кон ЕБУ. Државната Телевизиска Компанија Казахстан-1 очекува одговор за доделување на членство во ЕБУ од 2008 година. Ако ова се случи, Казахстан може да учествува на Евросонг 2014.[3] Казахстан го пренесуваше натпреварот во 2010, 2012 и 2013.

Географски, 5% од територијата на Казахстан припаѓа во Европа.

Тунис

Знаме

Медиумски организатор ERTT(во очекување)
Национален избор
Број на учества 0
Прво учество
Најдобар пласман
Најлош пласман

Тунис нема учествувано сѐ уште на Евровизија. Имаше можност да учествува во 1977 година, но го откажа учеството, затоа што не сакаше да учествува заедно со Израел Израел .

Лихтенштајн

[уреди | уреди извор]
Лихтенштајн

Знаме

Медиумски организатор 1FLVT (во очекување)
Национален избор
Број на учества 0
Прво учество
Најдобар пласман
Најлош пласман

Лихтенштајн нема учествувано сѐ уште на Евровизија. Лихтенштајн преговара за да се придружи кон ЕБУ.

Косово

Знаме

Медиумски организатор РТК (во очекување)
Национален избор
Број на учества 0
Прво учество
Најдобар пласман
Најлош пласман

Косово никогаш не учествувало на Евровизија. Косовската државна телевизија, РТК аплицираше за членство во ЕБУ, но сѐ уште не е прифатена како полноправен член.[4]

Либан

Знаме

Медиумски организатор Tele Liban
Национален избор
Број на учества 0
Прво учество
Најдобар пласман
Најлош пласман

Либан никогаш не учествувал на Евровизија. Државната телевизија, Теле Либан, ќе направеше деби на Евровизија 2005 во Киев со песната "Quand tout s'enfuit" изведена од Алин Лахуд, но се повлече поради Либанските закони кои не наложуваа да се емитува Израелската песна.

Година Место на одржување Исполнител Име на песната Финале Бодови Полуфинале Бодови
2005 Знаме Киев Алин Лахуд «Quand tout s’enfuit» дисквалификација
Советски Сојуз

Знаме

Медиумски организатор ЦТ СССР
Национален избор
Број на учества 0
Прво учество
Најдобар пласман
Најлош пласман

Советскиот Сојуз никогаш не учествувал на Евровизија, но имаше неколку обиди за учество во 80. години од минатиот век.

Во 2009. Едуард Фомин, поранешен работник во Министерството за Образование на РСФР, обелодени дека во 1987. министерот за образование, Георги Веселов, ја ставил идејата за учество на Советскиот Сојуз на Евровизија поради голем број на политички реформи направени од Претседателот на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов во текот на 1980. Идејата главно беше политичка, со замисла дека победа на натпреварот за Советскиот Сојуз би имала улога во односите меѓу Советскиот Сојуз и капиталистичките држави на запад. Валери Леонтјев беше предложен за прв пејач кој би го претставувал Советскиот Сојуз на Евровизија, но идеите на Веселов не биле поддржани од Комунистичката партија на СССР, или од Горбачов, верувајќи дека тоа е премногу радикален чекор, така што Советскиот Сојуз никогаш не се појавил на натпреварот до неговиот распад.

Десетте поранешни републики на Советскиот Сојуз подоцна ќе се натпреваруваат поединечно во 90-тите и 2000-тите: Русија, Естонија, Литванија, Латвија, Украина, Белорусија, Молдавија, Ерменија, Грузија, и Азербејџан, со пет од овие држави кои веќе победиле на Евровизија (Естонија, Латвија, Украина, Русија и Азербејџан). Во последно време е сугерирано дека и Казахстан ќе учествува на Евровизија, која исто така беше поранешна советска република.

a. Косово е предмет на територијален спор меѓу Република Србија и самопрогласената Република Косово, која прогласи независност на 17 февруари 2008, но Србија продолжува да го смета Косово како дел од својата територија. Независноста на Косово е призната од 99 држави од вкупно 193 земји членки на ООН.
  1. BBC News (20 March 2006). Row prompts Eurovision withdrawal. Посетено на 14 February 2008.
  2. 2,0 2,1 Repo, Juha (2009-05-12). „Gulf nation wants to join Eurovision“. ESCToday. Посетено на 2009-05-12. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  3. „Kazajistán negocia su incorporación a la UER“. Eurovision Spain (шпански). Посетено на 3 January 2013.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име travelingluck.