Неретва — река која протекува низ Босна и Херцеговина и Хрватска и се влева во Јадранското Море. На Неретва се изградени повеќе хидроцентрали. Најголеми притоки на Неретва се Рама, Требижат, Буна и Брегава. Должина: 225 km (203 во Херцеговина). Неретва тече низ Динаридите. Последните 30 километри оваа река се претвора во алувијална делта, пред нејзиното влевање во Јадранското Море.
На својот пат кон устието Неретва тече низ Коњиц, Јабланица, Мостар, Чаплина, Почитељ, Метковиќ и Опузен. Најголем град на Неретва е Мостар.
Стариот мост на Неретва во Мостар (кога за време на војната во Босна го срушиле единиците на ХВО во 1993, а кој е реконструиран во 2004 година) е прогласен од организацијата УНЕСКО за споменик од светско културно наследство.