Непозната Јужна Земја
Непозната Јужна Земја (латински: Terra Australis Incognita; исто така и: Неоткриена Јужна Земја,[1] Мистериозна јужна земја,[2] понекогаш само јужна земја) бил претпоставен континент околу Јужниот Пол, прикажан на европските карти од XV до XVIII век. Оцртувањето на копното било произволно, а неретко биле прикажувани и измислени планини, шуми и реки на континентот. Хипотезата за Јужната земја се засновала на погрешната претстава дека голема копнена количина на северната полутопка треба да биде „урамнотежена“ со исто толкава количина на јужната полутопка, „во спротивно Земјата би се превртила“.[3] Иако Антарктикот всушност постои, тогаш не се знаело за него, но по големина е неспоредливо помал од копното предвидено со хипотезата.
Други имиња
[уреди | уреди извор]Други имиња за претпоставениот континент биле: Тера Австралис (Лат: Terra Australis Ignota, Terra Australis Incognita („Непознатата земја на југот“) или Terra Australis Nondum Cognita („Сè уште не познатата јужната земја“). Други имиња биле Brasiliae Australis (Јужен Бразил) и Magellanica (Магеланова Земја).
Историја
[уреди | уреди извор]Иако претпоставената земја долж јужниот раб на картата се појавува на некои од античките карти (како на картата на Птоломеј), првиот документиран доказ за претпоставката за „рамнотежа“ датира од приказот на Макробиј од V век.[4]
Интересот за пронаоѓањето на јужната земја се појавил во ерата на големите географски откритија, а својот врв го достигнал во XVIII век и е поврзана со континуираната колонијална експанзија на водечките европски сили.
Во различни временски периоди,Островот Огнена Земја (кај, Магелановиот Проток се сметал за граница помеѓу Јужна Америка и Тера Австралис), островот Естадос, Островот Еспириту Санто, Јужна Џорџија, островот Буве, Австралија и Нов Зеланд биле прикажувани како северни 'ртови или делови од територијата на Јужната Земја.
Границите на бреговите на јужниот континент на картите на Меркатор и Ортелиј во голема мера се совпаѓаат. Ако се пресмета површината на овој замислен континент според степенската мрежа, таа би била околу 80 милиони квадратни километри - еден и пол пати поголема од Евроазија. Всушност, во рамките на тогаш нацртаниот Јужен континент , денес се знае дека има само 20 милиони квадратни километри копно (Австралија и Антарктик). Ако Јужниот континент постоеше на начин на кој бил нацртан, Јужната полутопка ќе беше „поконтинентална“ од северната, а вкупниот удел на копно на планетата би бил околу 40%, а не 29% колку што всушност изнесува.
Во 1770 година, географот при британскиот Адмиралитет, Александар Далримпл, напишал дело во кое цитирал докази дека населението на јужниот континент надминува 50 милиони луѓе. Ова била една од најновите теории за јужната земја .
Во 1772-1774 година, за време на својата втора експедиција Џејмс Кук заобиколил и картографирал поголемиот дел од јужниот дел на океанот во рамките меѓу 55. и 60. напоредник, трипати го преминал поларникот, и скоро се доближил до Антарктикот, но не успеа да ги пробие пречките за да стигне до Антарктикот. Откако се вратил, рекол дека ако Јужниот Континент постои, тој би бил само во близина на полот, и затоа нема никаква вредност.
Потоа, Јужниот Континент престанал да се прикажува на картите. По откривањето на Антарктичкиот Полуостров, тој бил прикажуван како остров (Палмерова Земја, Греамова Земја). Дури 50 години по откривањето на Антарктикот, Жил Верн го напишал романот Дваесет илјади милји под морето, во кој хероите со подморница стигнуваат до Јужниот пол.
Антарктикот (јужната земја) бил откриен на 16 (28) јануари 1820 година од руска експедиција предводена од Фабијан Белингсхаузен и Михаил Лазарев.
Во научната фантастика
[уреди | уреди извор]Непознатиот Јужен Континент честопати се спомнува во научната фантастастика, претежно во измислените патешествија во XVII и XVIII век. Некои од делата во кои се спомнува континентот биле:
- Mundus alter et idem, Sive Terra Australis antehac semper incognita lustrata (1605), сатирично дело на латински јазик од Џозеф Хол, бискуп од Норвич.
- Островот Пајнс, или Доцното откритие на четвртиот остров на Хенри Корнелиус ван Слоет во близина на Тера Аустралис инкогнита (1668) од Хенри Невил.
- La terre australe connue (1676) од Габриел де Фуани .
- Историјата на Севарамбите (1675-1679) ) Верас Денис .
- Патување и авантурите на Жак Масет (околу 1715) Симон Тисо де Пато .
- La découverte australe par un homme-volant (1781) Никола Ратиф де ла Бретон .
- Идејата за Terra Australis ја користел и Тери Прачет во неговата серија романи на Дисксветот (1983-2014), во кои светот е плоча и се балансира со континент од другата страна.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Теrra Аustralis Incognita / Шесть городов пяти континентов. — Изд. Мысль, 1971—199 с. — С. 185.
- ↑ Terra Australis Incognita / Известия Русского географического общества. — Изд-во «Наука», СПб. отделение, 2007, 2007. Том 139, № 1-3. — С. 72.
- ↑ John Noble Wilford: The Mapmakers, the Story of the Great Pioneers in Cartography from Antiquity to Space Age, p. 139, Vintage Books, Random House 1982, ISBN 0-394-75303-8
- ↑ Ambrosius Aurelius Theodosius Macrobius, Zonenkarte. Retrieved 7 July 2014.