Неварски јазик
Неварски јазик | |
---|---|
नेपाल भाषा | |
Застапен во | Непал; Сиким, Индија |
Народ | Невари |
Говорници | 846,000 (попис 2011) |
Јазично семејство | синотибетско
|
Претходни облици: | класичен неварски јазик
|
Писмо | деванагари, кутакшари, ранџана, прачалитско писмо, брами, гупта, буџимол, голмол |
Статус | |
Службен во | Непал, Сиким |
Регулативен орган | Академија за неварски јазик |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | new |
ISO 639-3 | или: new — современ Newar nwx — средноневарски |
Linguist | nwx средноневарски |
Неварскиот, или поточно именуван како непалски или непал баса (नेपाल भाषा, Nēpāl bhāṣā) — еден од главните јазици во Непал. Јазикот бил административен јазик и јазик за секојдневно општење во државата од 14 до доцниот 18 век. Денес, јазикот како мајчин јазик го зборуваат Неварите, староседелски народ во Непал Мандала. Надвор од Непал, јазикот се зборува во Индија, поточно во сојузната држава Сиким, каде е еден од 11 службени јазици.[1] Јазикот е дел од групата на тибетско-бурмански јазици, со силно влијание на индоариските јазици.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Поимот „непалски јазик“ се користи два јазика во Непал: непалски јазик (службениот јазик во државата) и неварскиот. Најстариот запис каде е споменато името „Nepal Bhasa“ ('непалски јазик') е ракописот „Нарад Санита“ од 1380 година, како и „Амаркош“ од 1389.[2][3]
Во 1920-те години, јазикот до тогаш познат како каскурански, горкалски или парбатијски[4] бил преименуван во непалски јазик,[5], а за разлика од него до тогаш познатиот непалски јазик бил преименуван во неварски јазик.
На 8 септември 1995 година, владата на Непал одлучила повторно да се користи оригиналното име на неварскиот јазик - непалски јазик.[6] Сепак оваа одлука не била испочитувана, и на 13 ноември 1998 година била донесена нова одлука со истата содржина.[7]
Географска распространетост
[уреди | уреди извор]Неварскиот се зборува од над милион луѓе во непал, според пописот од 2001 година.
- Во Непал јазикот се зборува во долината Катманду: Катманду, Патан, Бактапур, Киртипур, Мадјапур Тими, Долака, Банепа, Дуликел, Бимпеди, Панаути, Палпа, Тришули, Нувакот, Боџпур и Читланг.
- Во Индија јазикот се зборува во сојузната држава Сиким[8] и Западен Венгал[9]
- Во Тибет јазикот се зборува во градот Зама.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „A Report, Home Department, Government of Sikkim, Gangtok“. Архивирано од изворникот на 2012-05-16. Посетено на 19 May 2011. Page 12.
- ↑ Tuladhar, Prem Shanti (2000). Nepal Bhasa Sahityaya Itihas: The History of Nepalbhasa Literature. Kathmandu: Nepal Bhasa Academy. ISBN 99933-56-00-X. Page 10.
- ↑ „Classical Newari Literature“. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-10-13. Посетено на 28 December 2011. Page 1.
- ↑ Hodgson, B. H. (1841). „Illustrations of the literature and religion of the Buddhists“. Serampore. Посетено на 16 February 2012.
- ↑ Lienhard, Siegfried (1992). Songs of Nepal: An Anthology of Nevar Folksongs and Hymns. New Delhi: Motilal Banarsidas. ISBN 81-208-0963-7. Page 3.
- ↑ „It's Nepal Bhasa“. The Rising Nepal. 9 September 1995.
- ↑ „Mass media directed to use Nepal Bhasa“. The Rising Nepal. 14 November 1998.
- ↑ Shrestha, Bal Gopal (2005). „Ritual and Identity in the Diaspora: The Newars in Sikkim“ (PDF). Bulletin of Tibetology. Посетено на 21 March 2011. Page 26.
- ↑ Ethnologue entry
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ethnologue за неварскиот јазик
- Мајкал Нунан, Скорешен јазичен контакт на Хималаите Архивирано на 3 мај 2006 г..
- Непалски речник Архивирано на 22 август 2012 г.
- Колекција на непалски идиоми и фрази Архивирано на 6 јули 2011 г.