Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Магла

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дел од серијата статии за природата
Време
 
Годишни времиња

Пролет · Лето
Есен · Зима

Сува сезона
Дождовна сезона

Бури

Тропска бура · Торнадо
Ураган · Тајфун
Песочна бура · Леден дожд

Врнежи

Магла · Роса · Дожд
Град · Снег · Слана · Лапавица ·
Иње · Поледица · Суградица

Поврзани тематики

Метеорологија
Временска прогноза
Клима · Загаденост на воздухот

Магла над Скопје гледана од Водно

Маглаоблак во допир со земјата. Маглата се разликува од другите облаци само по тоа што маглата ја допира површината на Земјата. Истиот облак кој не претставува магла во понискa област може да биде магла онаму каде се допира со повисоки области како што се врвови на ридови или планински гребени. Маглата се разликува од замагленоста само според нејзината густина. Маглата се дефинира како облак кој ја намалува видливоста на помалку од 1 километар, додека замагленоста ја намалува видливоста на помалку од 2 км.

Маглата, всушност, претставува кондензирана (згусната) водна пареа во вид на микроскопски капки (а при температура под 0 °С ледени кристали) во приземниот воздушен слој (тропосферата). Според потеклото маглите се класифицираат во три основни групи: магли на оладување (радиациони), магли на испарување (морски, езерски, над влажни терени), и смог.

Најмагливото место на земјата се Големите Насипи (Grand Banks) околу Њуфаундленд, Канада. Маглата тука е честа бидејќи Големите Насипи е местото каде се сретнуваат ладната Лабрадорска струја од северот и многу потоплата Голфска струја од југот. Најзамаглени места на копно, пак, се Поинт Рејес, Калифорнија и Аргентина во канадската покраина Њуфаундленд и Лабрадор - и двете места се со над 200 магливи денови во годината.

Маглата како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  1. Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 19-22.
  2. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 105.
  3. Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 12-14.
  4. Петар Кочић, Јаблан и друге приповетке. Београд: Просвета, 1971, стр. 46-48.
  5. Петар Кочић, Јаблан и друге приповетке. Београд: Просвета, 1971, стр. 49-55.
  6. Мигел де Унамуно, Магла. Скопје: Бегемот, 2016.
  7. Мизар, Lithium records, CD 014, 2003.
  8. Meat Puppets – Mirage (пристапено на 21.3.2023)