Миртовидни
Изглед
Миртовидни | |
---|---|
Lumnitzera littorea | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Миртовидни Reichenbach |
Фамилии | |
во текстот |
Миртовидните (науч. Myrtales) се ред на цветни растенија сместени во базална група во рамките на розидната група дикотиледони (не спаѓаат под еврозиди I и еврозиди II). Следниве фамилии се типични за поновите класификации:
- фамилија Alzateaceae - двокрилоплодни
- фамилија Combretaceae - крилестосеменици
- фамилија Crypteroniaceae - скриенокрили
- фамилија Heteropyxidaceae - разнорасцепноплодни
- фамилија Lythraceae
- фамилија Melastomataceae - црноусни
- фамилија Memecylaceae
- фамилија Myrtaceae - мирти
- фамилија Oliniaceae - олинии
- фамилија Onagraceae - ноќници
- фамилија Penaeaceae - цевчестостеблени
- фамилија Psiloxylaceae - голодрвни
- фамилија Rhynchocalycaceae - чурилкочашкести
- фамилија Vochysiaceae
Кронквистовиот систем го изложува истиот состав, со исклучок на тоа што фамилијата Vochysiaceae е преместена во редот Polygalales (млечнотревовидни), а е додадена фамилијата Thymelaeaceae. Фамилиите Sonneratiaceae, Trapaceae и Punicaceae се отстранети од Lythraceae, додека Psioxylaceae и Heteropyxidaceae се водат под Myrtaceae, а Memecyclaceae се води под Melastomataceae.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Conti, E., Erikkson, T., Schonenberger, J., Sytsma, K. J., & Baum, D. A. (2002). Early Tertiary Out-of-India Dispersal of Crypteroniaceae: Evidence from Phylogeny and Molecular Dating. Evolution 56 (10): 1931–1942
- Schönenberger, J. & Conti, E. (2003). Molecular phylogeny and floral evolution of Penaeaceae, Oliniaceae, Rhynchocalycaceae, and Alzateaceae (Myrtales). American Journal of Botany 90: 293–309.
„Миртовидни“ на Ризницата ? |
„Myrtales“ на Викивидовите ? |