Мирна улица (филм од 1917)
Мирна улица (англиски: Easy Street) - американски филм од 1917 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога, заедно со Една Пурвианс (Edna Purviance) и Ерик Кембел (Eric Cambell).[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Еден скитник (го игра Чаплин) влегува во просторија во која е во тек богослужба, каде запознава убава девојка (ја игра Пурвианс). По завршувањето на мисата, свештеникот му одржува лична проповед на скитникот, кој се засрамува и ја враќа кутијата со парични прилози којашто во меѓувреме ја украл. Потоа, скитајќи низ улиците, тој здогледува оглас за прием на нови полицајци и се пријавува за работата. Така, тој е распореден на дежурство во т.н. Мирна улица во која постојано има тепачки и каде што полицијата не смее ниту да стапне. На улицата господари еден голем и неверојатно силен насилник кого, со помош на итрина, новопечениот полицаец успева да го победи. Поради тоа, сите насилници од улицата имаат голем страв од него, меѓутоа во полициската станица, насилникот се ослободува и се враќа во улицата, бркајќи го малиот полицаец. Другите насилници успеваат да ги заробат девојката од црквата и полицаецот и ги затвораат во една подземна просторија. Таму, полицаецот случајно зема хероин и добива голема храброст и сила, така што успева да ги совлада главниот насилник и сите други силеџии од улицата. Потоа, улицата навистина се претвора во мирно место за живеење во кое нема криминал, а поранешните силеџии се добри и пристојни луѓе.[2]