Мекин (атол)
Мекин или МекКин (кирибатски и англиски: McKean) е мал ненаселен атол во Кирибати. Атолот е дел од Островите Феникс. Атолот има површина од 57 хектари. На атолот нема извор на свежа вода.
Историја
[уреди | уреди извор]Мекин бил првиот атол од Островите Феникс кој бил документиран и именуван од Европејците. Островот бил „откриен“ на 28 мај 1794 година од британскиот капетан Хенри Барбер кога пловел од Нов Јужен Велс кон САД.[1] Првично островот бил именуван како Драмондс Ајленд.[2] Тогаш било забележано дека островот е мал и песочен и не може да се види од палубата на бродот на оддалеченост од 6 милји.[3] Подоцна островот бил именуван како Артур Ајленд. Името Мекин било дадено од американскиот командир Чарлс Вилкс во чест на еден човек од неговиот екипаж на 19 август 1840 година. САД и Британија тврделе дека островот бил под нивна управа. Островот станал дел од независни Кирибати со прогласувањето на независноста и потпишувањето на договорот со САД.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Maude, HE: Of islands and men: studies in Pacific history. Melbourne [u.a.] : Oxford Univ. Pr., 1968
- Quanchi, Max & Robson, John, (2005); Historical Dictionary of the Discovery and Exploration of the Pacific Islands, USA: Scarecrow Press, ISBN 0810853957
- Sharp, Andrew (1960); The Discovery of the Pacific Islands, Oxford:Oxford University Press,
- Bryan, Edwin H.: American Polnesia and the Hawaiian Chain. Honolulu., Hawaii: Tongg Publishing Company, 1941 pages 66–69.
- United Nations United Nations Environment Programme Архивирано на 12 март 2007 г. TIGHAR TIGHAR Архивирано на 8 јануари 2010 г.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место на Островите Феникс Архивирано на 27 јули 2011 г.
- Историја на островот Мекин Архивирано на 2 април 2012 г.
3°36′S 174°07′W / 3.600° ЈГШ; 174.117° ЗГД
|