Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Лема

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во математиката, лемите се помошни тврдења кои им претходат на теоремите; но на теоремата не мора да ѝ претходи лема (или леми). Лемите се всушност теореми, односно тврдења, чијашто важност сама за себе, вон рамките на теоремата на која се однесуваат, е мала и (можеби) небитна. Значи, бидејќи и самата лема е теорема, таа ги има истите елементи како и теоремата и нужно ѝ следи доказ. Леми во математиката има многу, а можеби најпозната е лемата на Цорн.