Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Катник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Катник
Рендгенска снимка на вилицата (странично). Лево се три премолари, во средината четири молари и горен ретениран умник, а десно една обетка
Долен трет молар (умник) по екстракција
Податоци
Артеријаarteria alveolaris superior posterior
Назнаки
Латинскиdentes molares
TAA05.1.03.007
FMAFMA:55638

Постојаните катници или молари се најголемите заби во устата и истовремено се најмногу постериорно сместени и служат за џвакање[1]. Името им потекнува од латинскиот збор molaris, што значи “камен за мелење“. Тие не се супституенти, затоа што се појавуваат зад млечните заби и од нив ја преземааат доминантната улога во формирањето на оклузални односи на хуманата дентиција. Обично има дванаест постојани молари, по три во секој квадрант, а се означаваат како прв, втор и трет постојан катник. Заедно со премоларите, тие ја сочинуваат групата на странични заби (латински: dentes posteriores s. transcanini).

Класа на моларите

[уреди | уреди извор]

Класата катници се формира временски дисконтинуирано. Имено, првиот катник никнува околу шестата година од животот, вториот околу дванаесеттата, а третиот околу осумнаесеттата година или воопшто не никнува. Тоа значи дека е потребно повеќе од дванаесет години за да се комплетира постојаната дентиција.

Пространата оклузална површина, силната коренска поддршка и односот кон виличниот зглоб, ја прават класата на моларите идеално погодна за функцијата на мелење на храната. Тие имаат и естетска и фонетска улога, а исто така ја придржуваат и вертикалната димензија на лицето и структурите на темпоромандибуларниот зглоб.

Атрибути на класата

[уреди | уреди извор]
Постојани заби, поглед од десната страна

Постоја четири карактеристични одлики според кои класата на моларите се разликува од другите заби:

  • најголема оклузална површина во денталните лакови,
  • присуство на поголем број чворчиња (3-5) во внатрешното оклузално поле,
  • присуство на најмалку две букални чворчиња,
  • присуство на две или три коренски гранки, со специфична ориентација и распоред.

Горни молари

[уреди | уреди извор]

Круните на горните катници се пократки оклузо-цервикално во однос на останатите заби, но се поголеми во сите останати димензии.

Контурите на надворешното оклузално поле обично се со ромбоиден облик, а основна одлика на внатрешното оклузално поле е присуството на три поголеми и едно помало чворче. Главни чворчиња се: мезиобукалните, дистобукалните и мезиопалатиналните, и тие се уредени во трикуспално-триангуларна форма. Последните две обично се поврзани со кос гребен (латински: crista obliqua), а преостанатото дистопалатинално чворче секогаш е најмало и понекогаш е сосема отсутно.

Горните молари имаат три корени, два букални и еден палатинален. Први горен катник е најголем и покажува најмал опсег на варијации.

Долни молари

[уреди | уреди извор]
Постојани заби на десната половина од долниот дентален лак, поглед одозгора

Слично на горните, долните молари се најголеми и најсилни заби на мандибуларниот дентален лак. Првиот долен молар претставува „сидро“ на долниот дентален лак од аспект на оклузијата.

Атрибути на денталниот лак

[уреди | уреди извор]

Со споредување на горните и долните молари, се забележуваат следните разлики:

  • круните на долните молари повеќе се шират мезио-дистално отколку буко-орално, а кај горните молари слујаот е обратен,
  • големината, распоредот и бројот на чворчињата се различни,
  • кај долните молари контурата на внатрашното оклузално поле е со правоаголен или петоаголен облик, а кај горните катници има облик на ромб,
  • долните молари имаат две, а горните три коренски гранки,
  • долните катници покажуваат лингвално искосување на круната и сл.

Најголемиот притисок при џвакањето е во пределот на моларите, што ја одредува нивната масивност, бројот и распоредот на чворчињата, како и бројот и распоредот на корењата. На тој начин е обезбедена добра механичка обработка на храната во устата и олеснето варење во останатите делови на дигестивниот тракт.

Посебно е важно да се нагласи дека „шестката“ е првиот постојан заб што израснува во човековата уста, а со оглед на возраста на детето и честата неинформираност на родителите (кои обично мислат дека во прашање е млечен заб), тој станува сосема запоставен. Со негово губење доаѓа до многу нарушувања во функцијата на џвакањето, нарушување на меѓувиличните односи, како и промена на положбата на околните заби.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Катник, ДИГИТАЛЕН РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК