Карл Токо Екамби
Карл Токо Екамби | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Карл Токо Екамби | ||
Роден на | 14 септември 1992 | ||
Роден во | Париз, Франција | ||
Држава | Камерун | ||
Висина | м | 1,83||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Олимпик Лион | ||
Број | 7 | ||
Младинска кариера | |||
ФК Париз | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2010-2014 | ФК Париз | 67 | (21) |
2014-2016 | Сошо | 72 | (25) |
2016-2018 | Анже | 68 | (24) |
2018-2020 | Виљареал | 52 | (16) |
2020- | Олимпик Лион | 60 | (21) |
Репрезентација ‡ | |||
2015- | Камерун | 45 | (10) |
* Ажурирано на: 23 април 2021 ** Ажурирано на: 23 април 2021 |
Карл Токо Екамби (роден на 14 септември 1992 година, во Париз) — камерунски фудбалер, напаѓач на Олимпик Лион и на камерунската репрезентација.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]ФК Париз и Сошо
[уреди | уреди извор]Роден во Париз, Токо Екамби ја започнал својата кариера во третолигашот ФК Париз. Во јуни 2014 година, завршил како трет стрелец со 13 гола во државното првенство, тој преминал во Сошо.[1] Тој го направил своето деби во Лига 2 во првото коло од сезоната 2014–2015 против УС Орлеан, влегувајќи како замена во 57-мата минута на местото на Томас Герберт во поразот на домашен терен со 1–0.[2] Тој ја завршил својата прва сезона со Сошо како четврти стрелец во лигата со 14 постигнати гола.[3]
Анже
[уреди | уреди извор]Во јуни 2016 година, Токо Екамби потпишал четиригодишен договор со Анже приклучувајќи му се на клубот од Североисточна Франција за 1 милион евра.[4] Тој постигнал седум голови во својата прва сезона во Лига 1, вклучително и два во победата со 3–0 на домашен терен над Бастија на 26 февруари.[5]
Во август 2017 година, Брајтон и Хоув Албион, новопромовираниот член на Премиер лигата, наводно, поднел понуда за него, нудејќи 8 милиони евра плус 1 милион евра во можни бонуси.[6] Сепак, до тој трансфер не се стигнало. И покрај тоа тој ја започнал сезоната 2017-2018 во добра форма, постигнувајќи девет гола во 18 настапи во Лига 1 во првата половина од сезоната, привлекувајќи интерес и од други клубови од Англија за неговите услуги во јануарскиот преоден рок.[7] Во јануари 2018, Брајтон повторно се обидел да го доведе Токо Екамби и испратил понуда за него, која била одбиена од Анже.[8][9] На 24 февруари 2018 година, Токо Екамби постигнал два гола во второто полувреме, вклучувајќи го и победничкиот во 89-тата минута, за да му помогне на Анже да излезе од зоната за испаѓање со победата од 2–1 на гостувањето кај Лил.[10] Тој ја завршил сезоната во Лига 1 со 17 гола, кој му донеле деветто место во генералниот пласман на најдобрите стрелци во лигата.[11] На крајот на сезоната, тој ја добил наградата Прикс Марк-Вивиен Фое за најдобар играч од Африка во лигата. Тој станал првиот Камерунец кој ја освоил наградата именувана по Марк-Вивиен Фое, друг камерунски играч кој починал играјќи за својата земја во 2003 година.[12]
На 25 април 2017 година, влегувајќи како доцна замена Токо Екамби постигнал гол во победата со 2–0 на домашен терен над Генгамп во полуфиналето на Купот на Франција.[13] Во првото финале на Анже од 1957 година, на 27 мај, тој го одиграл целиот натпревар во поразот со 1–0 од Париз Сен Жермен.[14]
Виљареал
[уреди | уреди извор]Во јуни 2018 година, Токо Екамби потпишал за шпанскиот прволигаш Виљареал за околу 20 милиони евра. Неговото доаѓање во клубот било со цел да се замени Седрик Бакамбу, кој заминал во Кинеската Суперлига во јануари.[15] Тој постигнал десет гола во својата прва сезона во Примера Дивисион, вклучително и два во победата од 3–1 на домашен терен над Рајо Ваљекано на 17 март.[16]
Со по пет гола, Токо Екамби бил најдобар стрелец во Купот на Шпанија, заедно со Анхел од Хетафе.[17] Четири од неговите пет гола дошле во убедливата победа со 8-0 (вкупен резултат 11-3) на домашен терен над Алмерија во четвртото коло,[18] проследено со голот кој го постигнал во следната рунда против Еспањол, екипата која го исфрлила Виљареал од натпреварувањето.[19]
Токо Екамби бил избран за Играч на месецот во Примера Дивисион за октомври 2019 година, откако постигнал три гола вклучувајќи ги и двата во победата со 4–1 над Депортиво Алавес на 25 октомври.[20]
Вкупно за Виљареал во сезона и половина, колку што го носел дресот на жолтата подморница, Токо Екамби одиграл 62 натпревари и постигнал 24 голови.
Лион
[уреди | уреди извор]На 20 јануари 2020, Токо Екамби се вратил во француската Лига 1, приклучувајќи му се на Олимпик Лион на позајмица до крајот на сезоната.[21] Своето деби за Лион го направил на 26 јануари 2020, во победата на домашен терен над Тулуза со 3-0, постигнувајќи го притоа и својот прв гол за Les Gones во 77-мата минута од натпреварот. Следната недела, тој се впишал во листата на стрелците и во својот втор натпревар за клубот, во поразот со 2-1 на гостувањето кај Ница. На 2 јуни 2020, Лион го откупил Токо Екамби за 11.5 милиони евра, потпишувајќи четиригодишен договор со играчот.[22] После суспензијата на првенството поради пандемијата на КОВИД-19, тој играл во финалето на Лига купот на 31 јули, последниот натпревар во историјата на натпреварувањето. Влегувајќи како замена во 80-тата минута за Мемфис Депај, тој постигнал гол при изведувањето на пеналите откако натпреварот завршил без голови, но неговиот тим загубил од Париз Сен Жермен.[23]
Во сезоната 2020-2021, Токо Екамби постигнал 14 голови за Лион во Лига 1.[24]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Своето деби за репрезентацијата на Камерун, Токо Екамби го направил на 6 јуни 2015 година, во победата со 3–2 над Буркина Фасо во пријателски натпревар одигран во Коломб, Франција, во кој влегол како замена во 66-тата минута на местото на Џастин Менголо.[25] Својот прв гол го постигнал на 3 септември следната година во победата на домашен терен со 2–0 над Гамбија во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2017.[26] Селекторот Уго Брос подоцна го повикал Токо Екамби и на завршниот турнир во Габон, кој камерунците го освоиле.[27]
Во јуни истата година, Токо Екамби настапил за својата земја и на Купот на конфедерации 2017 во Русија.[28] Тој одиграл два натпревари таму без постигнат гол, а Камерун бил елиминиран во фазата по групи.
Во 2019 година, настапил на својот втор турнир на Африканскиот куп на нации во Египет.[29] Во првиот натпревар од групата против Гвинеја-Бисао, тој му асистирал на Јаја Банана за првиот гол во победата со 2-0. Токо Екамби играл во сите четири натпревари на Камерун на турнирот, а неговата репрезентација била елиминирана во осминафиналето после поразот од Нигерија со 2-3.
На почетокот на 2022 година, тој учествувал на Африканскиот куп на нации 2021, турнир на кој домаќин била неговата земја Камерун.
Статистика на кариерата
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 9 октомври 2021.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2010-2011 | ФК Париз | НП | 2 | 0 | КФ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 2 | 0 |
2011-2012 | НП | 25 | 3 | КФ | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 28 | 3 | |
2012-2013 | НП | 14 | 4 | КФ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 14 | 4 | |
2013-2014 | НП | 27 | 14 | КФ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 27 | 14 | |
Вкупно ФК Париз | 68 | 21 | 3 | 0 | - | - | - | - | 71 | 21 | |||||
2014-2015 | Сошо | Л2 | 38 | 14 | КФ+ЛКФ | 0+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 39 | 14 |
2015-2016 | Л2 | 34 | 11 | КФ+ЛКФ | 4+2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 40 | 11 | |
Вкупно Сошо | 72 | 25 | 7 | 0 | - | - | - | - | 79 | 25 | |||||
2016-2017 | Анже | Л1 | 31 | 7 | КФ+ЛКФ | 2+0 | 1+0 | - | - | - | - | - | - | 33 | 8 |
2017-2018 | Л1 | 32 | 17 | КФ+ЛКФ | 1+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 34 | 17 | |
Вкупно Анже | 63 | 24 | 4 | 1 | - | - | - | - | 67 | 25 | |||||
2018-2019 | Виљареал | ПД | 34 | 10 | КШ | 2 | 5 | ЛЕ | 7 | 3 | - | - | - | 43 | 18 |
2019-јан. 2020 | ПД | 18 | 6 | КШ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 19 | 6 | |
Вкупно Виљареал | 52 | 16 | 3 | 5 | 7 | 3 | - | - | 62 | 24 | |||||
јан.-авг. 2020 | Олимпик Лион | Л1 | 8 | 2 | КФ+ЛКФ | 3+1 | 0 | ЛШ | 4 | 0 | - | - | - | 16 | 2 |
2020-2021 | Л1 | 35 | 14 | КФ | 4 | 0 | - | - | - | - | - | - | 39 | 14 | |
2021-2022 | Л1 | 17 | 5 | КФ | 0 | 0 | ЛЕ | 6 | 6 | - | - | - | 23 | 11 | |
Вкупно Олимпик Лион | 60 | 21 | 8 | 0 | 10 | 6 | - | - | 78 | 27 | |||||
Вкупно во кариерата | 315 | 106 | 25 | 6 | 17 | 9 | - | - | 357 | 121 |
Титули
[уреди | уреди извор]Репрезентативни
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Karl Toko Ekambi agrees personal terms with Sochaux“. Get Football News France. 1 June 2014. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ „FC Sochaux vs. Orléans – 2 August 2014 – Soccerway“. soccerway.com. Посетено на 2 August 2014.
- ↑ „Sans doute la fin d'un cycle“ [Without doubt the end of an era]. Paris Normandie (француски). 21 May 2015. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ „Karl Toko-Ekambi to Angers“. Get French Football News. 20 June 2016. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ Mazibuko, Sandile (26 February 2017). „Toko Ekambi bags brace in Angers win“. Goal. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ „Offre de Brighton pour Toko Ekambi (Angers)“. France Football. (француски). 31 August 2007. Посетено на 23 September 2020.
- ↑ Andy Naylor (5 January 2018). „Brighton and Hove Albion interested in Cameroon marksman Ekambi“. The Argus.
- ↑ „Mercato : Angers dit non à Brighton pour Toko Ekambi“. France Football (француски). 5 January 2018. Посетено на 23 September 2020.
- ↑ „Albion expected to up interest in striker Ekambi“. Andy Naylor. The Argus. 7 January 2018.
- ↑ „Angers and Toko-Ekambi leave Lille in trouble“. ligue1.com. 24 February 2018.
- ↑ „Season Review: Not Only Neymar! The Unsung Heroes...“. ligue1.com. Ligue de Football Professionnel. 20 May 2018. Архивирано од изворникот на 24 June 2018. Посетено на 2 April 2020.
- ↑ „Cameroon's Toko Ekambi wins Foe prize“. BBC. 14 May 2018. Посетено на 9 July 2019.
- ↑ „Angers beat Guingamp to reach French Cup final“. Reuters. 25 April 2017. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ Whalley, Mike (27 May 2017). „Angers 0–1 Paris Saint Germain“. BBC Sport. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ Jariego, Adrià (7 June 2018). „Oficial: el Villareal ficha al delantero franco- camerunés Toko Ekambi“ [Official: Villarreal sign the Franco-Cameroonian striker Toko Ekambi]. Sport (шпански). Посетено на 5 November 2021.
- ↑ Adewoye, Gbenga (17 March 2019). „Karl Toko Ekambi nets brace as Villarreal ease past Rayo Vallecano“. Goal. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ „Ni Messi ni Luis Suárez: Ángel es el Pichichi de la Copa del Rey 2018-19“ [Neither Messi nor Luis Suárez: Ángel is the top scorer of the 2018-19 Copa del Rey] (шпански). Goal. 28 February 2019. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ „Ekambi gets four of Villarreal's eight against Almeria“. 5 December 2018. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ McTear, Euan (9 January 2019). „Villarreal keep the tie alive with two late goals“. Marca. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ „Toko Ekambi named LaLiga Santander Player of the Month for October“. La Liga. Посетено на 2 June 2020.
- ↑ „Cameroonian striker Toko Ekambi joins Lyon on loan from Villarreal“. Orange Football Club. Посетено на 2 June 2020.
- ↑ „Toko Ekambi: Lyon sign Cameroon forward permanently from Villarreal“. Goal. Посетено на 2 June 2020.
- ↑ Clancy, Conor (1 August 2020). „Paris Saint-Germain take last ever Coupe de la Ligue title on penalties“. Marca. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ „Ligue 1 Top Scorers“. Reuters. 23 May 2021. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ „Première sélection internationale pour le Sochalien Toko Ekambi“ [First international cap for Sochaux's Toko Ekambi]. L'Est Républicain (француски). 7 June 2015. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ „Comfortable win for Cameroon“. Super Sport. 3 September 2016. Архивирано од изворникот на 2022-08-12. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ „Cameroon names AFCON 2017 squad despite player pullout crisis“. Africa News. 5 January 2017. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ Mazibuko, Sandile (18 May 2017). „Christian Bassogog tops Cameroon Confederation Cup squad“. Goal. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ Gibbons, Mike (25 June 2019). „Africa Cup of Nations 2019: Cameroon put marker down in Group F“. Eurosport. Посетено на 5 November 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Карл Токо Екамби“ на Ризницата ? |
- Карл Токо Екамби на soccerway
- Карл Токо Екамби на transfermarkt
- Карл Токо Екамби на eurosport
- Карл Токо Екамби на whosocred
|