Кампари
Изглед
Тип | Bitters |
---|---|
Производител | Кампари Груп |
Алкохол по волумен | 20,5 — 28 % |
Степен | 56 |
Боја | црвена |
Боја | горчлив, зачинета и слатка |
Матична страница | campari.com |
Кампари — алкохолен ликер, кој се смета за аперитив (20,5 %, 21 %, 24 %, 25 % или 28,5 % АБВ, во зависност од земјата во која се продава), добиен од инфузија на билки и овошје (вклучително и чиното и каскарила) во алкохол и вода. Тој е горчлив, се одликува со темноцрвена боја.
Кампари често се користи во коктели и најчесто се служи со сода вода или сок од цитрон, или со просеко како сприц. Произведен е од групацијата Давиде Кампари, мулти-национална компанија со седиште во Италија .