Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Губен

Координати: 51°57′12″N 14°43′0″E / 51.95333° СГШ; 14.71667° ИГД / 51.95333; 14.71667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Губен
Судот во Губен
Судот во Губен
Судот во Губен
Знаме на Губен
Грб на Губен
Губен во рамките на Германија
Губен
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Шпре-Ниса
Градски единици 9
Градоначалник Клаус-Дитер Хибнер (СлДП)
Основни податоци
Површина 43,75 км2
Надм. височина 45 м
Население 16.363 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 374 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SPN
Пошт. бр. 03172
Повик. бр. 03561
Портал www.guben.de
Местоположба на градот Губен во рамките на округот Шпре-Ниса
Карта
Карта
Координати 51°57′12″N 14°43′0″E / 51.95333° СГШ; 14.71667° ИГД / 51.95333; 14.71667

Губен (германски: Guben) — град на реката Лужичка Ниса, во округот Шпре-Ниса, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Заедно со Франкфурт на Одра и Герлиц, Губен е поделен град на границата помеѓу Германија и Полска, станувајќи поделен на Губен и Губин во 1945 со линијата Одра-Ниса.

Географија

[уреди | уреди извор]

Губен е сместен во округот Шпре-Ниса во југоисточниот дел на покраината Бранденбург. Се наоѓа во историската областа Долна Лужица. Местоположбата на Губен на бреговите на реката Лужичка Ниса била предност во неговиот ран економски развој. Во околината на градот се наоѓаат големи површини на борова шума и езера.

Грбот на Губен прикажува црвен ѕид со три порти (Klostertor, Crossener Tor, Werdertor) и три кули. Трите штита ги прикажуваат грбовите на историските владетели: кралевите на Прусија, кралевите на Бохемија и изборните кнезови Саксонија. Грбот на полскиот град Губин го прикажува белиот орел.

Историја

[уреди | уреди извор]

Среден век

[уреди | уреди извор]

Губен започнал да се развива околу 1200 како трговско и пазарно место на патиштата помеѓу Лајпциг и Познањ и помеѓу Герлиц и Франкфурт на Одра. Населбата на источниот брег на Лужичка Ниса бил заштитен од мочуриштата на југ и од Лубст, притока на Ниса, на север и исток. Хајнрих III, маркгроф на Мајсен, му ги доделил градските права на 1 јуни 1235. На западниот брег на реката започнал да се развива бенедиктански манастир, развивајќи се како предградие на градот на источниот брег на реката. Го документ од 1312, Губен го донел својот грб со трите кули.

До 1815, Губен непрекинато припаѓал на Маркгрофовијата Долна Лужица. Помеѓу 1367 и 1635, маркгрофовијата припаѓало на круната на Бохемија. Градот бил утврден во 14 век со земја, ровови и греди, а потоа бедемот бил дооформен од 1523–1544. Во 1635 изборниот кнез Јохан Георг I од Саксонија ги презел Долна Лужица и Губен со Мирот од Прага.

Развој на економијата и инфраструктурата

[уреди | уреди извор]

Текстилната индустрија во Губен започнала да се развива во 16 век, иако особен напредок имала во 19 век, особено со кожeните ракаваци во 1849. Започнувајќи во 1822, производството на капи во Губен покривала 65% од германската побарувачка. Подоцнежната индустријализација довела до производство на килими и чевли. Обработката на јагленот започната во источниот дел на градот во 1847. Традицијата за ткаење е сè уште присутно денес, бидејќи текстилната компанија Тревира го одржува производството во градот.

Губен бил на средина на железничката линија помеѓу Франкфурт на Одра и Бреслау во 1846 и помеѓу Котбус и Кросен на Одра во 1871. Директната линија до Форст (Лужица) била завршена во 1904, а трамвајската линија во градот постоела од 24 февруари 1904 до 8 јуни 1938.

Во 1815, Маркгрофовијата Долна Лужица било укинато и заменето со систем на окрузи. Губен станал административно седиште на округ во рамките на покраината Бранденбург. На 1 април 1884, градот Губен се одвоил од округот и станал урбан округ. На 1 декември 1928 областа Микенберг била припоена кон градот.

По Втората светска војна

[уреди | уреди извор]

На Потсдамската конференција на крајот на Втората светска војна во 1945, границата помеѓу Германија и ПОлска била одредена според линијата Одра-Ниса. Бидејќи Губен бил на Лужичка Ниса, градот бил поделен на германски Губен и полски Губин.

Бидејќи историскиот центар на Губен станал Губин, западните предградија кои израснале од бенедиктанскиот манастир останале во Губен. Иако бил недоволно развиен во споредба со градот преку реката, Губен започнала да се развива силно по 1945, особено преку изградбата на хемиската фабрика и дополнителни станбени зони. Од 1961–1990 Губен бил официјално именуван како „Вилхелм-Пик-Штат Губен“ (Wilhelm-Pieck-Stadt Guben) во Источна Германија по нејзиниот прв и единствен претседател Вилхелм Пик, кој е роден во источниот дел на градот (денешен Губин) во 1876. Од јуни 1950 до 23 јули 1952, Губен бил дел од округот Котбус.

Повторно обединување

[уреди | уреди извор]

Повторното обединување во Германија во 1990 донела економска депресија и невработеност во градот. Кога округот Губен бил укинат на 6 декември 1993, Губен станал дел од округот Шпре-Ниса. Во неодамнешните години, градот започнал поблиску да се развива со Губин преку реката.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Движење на населението на Губен до 2005. До 1844 податоците за населението се главно проценки, додека потоа се засновани од резултатите на пописот (¹) или официјални административни документи.

Година Население
1600 4.000
1800 5.200
1844 10.031
1 декември 1875 ¹ 23.704
1 декември 1880 ¹ 25.840
1 декември 1885 ¹ 27.091
1 декември 1890 ¹ 29.328
1 декември 1900 ¹ 33.122
1 декември 1905 ¹ 36.666
1 декември 1910 ¹ 38.593
16 јуни 1925 ¹ 40.602
Година Население
16 јуни 1933 ¹ 43.934
17 мај 1939 ¹ 45.934
29 октомври 1946 ¹ 25.297
31 август 1950 ¹ 25.929
31 декември 1964 ¹ 25.492
1 јануари 1971 ¹ 29.607
31 декември 1981 ¹ 36.708
31 декември 1990 30.791
31 декември 2000 25.245
31 декември 2004 21.568
31 декември 2005 21.341
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]