Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Број на ензимската комисија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Број на ензимската комисија (EC број) е шема на бројчена класификација на ензимите според хемиските реакции кои ги катализираат.[1]

Кодови на највисокото ниво

[уреди | уреди извор]
EC броеви на највисокото ниво на класификација[2]
Група Катализирана реакција Типична реакција Пример(и) за ензими со тривијални имиња
EC 1
Оксидоредуктази
Ги катализираат реакциите на оксидација/редукција; трансферот на H и O атоми или електрони од една супстанца на друга AH + B → A + BH (редуциран)
A + O → AO (оксидиран)
Дехидрогеназа, оксидаза
EC 2
Трансферази
Трансферот на функционална група од една супстанца на друга. Групата може да биде метил-, ацил-, амино- или фосфатна група AB + C → A + BC Трансаминаза, киназа
EC 3
Хидролази
Формирањето на два производи од супстрат со хидролиза AB + H2O → AOH + BH Липаза, амилаза, пептидаза
EC 4
Лиази
Нехидролитичка адиција или отстранување на групи од супстанците. Групите C-C, C-N, C-O или C-S можат да бидат раскинати RCOCOOH → RCOH + CO2 или [X-A-B-Y] → [A=B + X-Y] Декарбоксилаза
EC 5
Изомерази
меѓумолекулско преуредување, т.е. изомеризациски промени во една молекула ABC → BCA Изомераза, мутаза
EC 6
Лигази
Поврзување на две молекули со синтеза на нови C-O, C-S, C-N или C-C врски со истовремено разложување на ATP X + Y+ ATP → XY + ADP + Pi Синтетаза
  1. Webb EC (1992). Enzyme nomenclature 1992: recommendations of the Nomenclature Committee of the International Union of Biochemistry and Molecular Biology on the nomenclature and classification of enzymes. San Diego: Published for the International Union of Biochemistry and Molecular Biology by Academic Press. ISBN 0-12-227164-5.
  2. Moss GP. „Recommendations of the Nomenclature Committee“. International Union of Biochemistry and Molecular Biology on the Nomenclature and Classification of Enzymes by the Reactions they Catalyse. Посетено на 2006-03-14.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]