Бошава
Изглед
Бошава Бошавица | |
---|---|
Бошава кај градот Демир Капија пред нејзиниот влив во Вардар | |
Местоположба | |
Држава | Македонија |
Општина | Кавадарци Демир Капија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Кожуф |
• надм. вис. | 1.070 м |
Устие | |
• место | кај Демир Капија во Вардар |
• координати | 41°24′30″N 22°15′7″E / 41.40833° СГШ; 22.25194° ИГД |
• надм. вис. | 95 м |
Должина | 51,5 км |
Големина на сливот | 467,7 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Вардар→ Егејско Море |
Притоки | |
• десни | Дошница, Бохулска Река |
Бошава или Бошавица — река во Јужна Македонија, десна притока на Вардар.[1]
Извира на планината Кожуф на надморска височина од 1.070 метри, каде е наречена Лисачка Река, а се влева во Вардар пред Демиркаписката Клисура на височина од 95 метри.
Реката тече во истоимената област Бошава/Бошавија.
Тек
[уреди | уреди извор]Извира на планината Кожуф како Лисачка Река, а подоцна поминува помеѓу планината Кожуф и висорамнината Витачево. Има вкупна должина од 51,5 километри со вкупно сливно подрачје од 467,7 км2.
Значаен дел од сливот има пороен карактер.[2]
Притоки
[уреди | уреди извор]Нејзини најголеми притоки се:
- Дошница (38,5 км) и
- Бохулска Река (23 км).
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Бошава низ Баровската Клисура
-
Бошава кај селото Долна Бошава
-
Реката кај градот Демир Капија
-
Бошава кај селото Долна Бошава
-
Реката низ селото Конопиште
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 14. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ Миловој Гашевски, Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979