Аутинг
Аутингот (англиски: outing) е термин кој се користи за да се опише зборувањето, односно, изнесувањето на нечија сексуална ориентација без согласност на лицето на кое се однесува информацијата.
Историја на аутингот
[уреди | уреди извор]Историјата на outing-от започнува уште во антиката. Сепак, почетокот на современиот медиумски outing започнува во 1907 година (Аферата Harden-Eulenburg) кога еден левичарски новинар, кој се спротвставуваше на политиката на кајзерот Вилхелм Втори, јавно ја изнесе сексуалната ориентација на член од кралското семејство и врската на тоа лице со еден аристократски дипломат.
Интересни се и протестите од Stonewall, кога група либерални хипици излегоа во 1969 по улиците на градот, извикувајќи “Излезете од плакарите, дојдете на улиците“, со закана дека ако хомосексуалците не сакаат сами да ја изнесат својата сексуалност, тие ќе го сторат тоа за нив без дозвола. Ваквите радикални повици предизвикаа реакција на опозицијата, која застана зад ставот дека приватноста на секој граѓанин треба да надвладее над се’. Во тој период, конзервативниот дописник на весникот The Dartmouth Review, Динеш Д’Суза, објави во весникот писмо од двајца геј-студенти од Колеџот Дартмут, по што следуваа низа на вакви примери, вклучувајќи огромен дел на музичари и познати ѕвезди.
Политички аутинг
[уреди | уреди извор]Во 1989, јавно беше изнесена сексуалната ориентација на американскиот Сенатор од Орегон, Марк Хатфилд. Во 2004, јавно беше изнесена сексуалната ориентација на конгресменот од Вирџинија, Едвард Шрок. По ова, Шрок се откажа од Битката за реелекција, а геј-активистот кој го направи неговиот оuting, Мајкл Роџерс, изјави во јавноста дека го направил тој чекор за да го казни конгресменот заради неговата лицемерност и гласањето за поддршка на Законот за заштита на бракот. Во 2004, гувернерот на Њу Џерси, Џим МекГриви, објави дека е геј-Американец, откако неговиот поранешен советник за безбедност, Голан Ципел, го обвини за сексуално вознемирување на работното место. Веднаш потоа, МекГриви си поднесе оставка, но не се повлече од јавниот и политичкиот живот.
Причини за аутингот
[уреди | уреди извор]Кои се причините кои ги тераат некои луѓе јавно да ја изнесуваат сексуалната ориентација на познати личности? Одговорот е дека со оuting-от, геј-активистите се обидат да ја разбијат хипокризијата на познатите, кои иако се геј, јавно се спротивставуваат на геј-правата и нивните интереси. Исто така, овие активисти ги обвинуваат политички пасивните геј-политичари дека им помагаат на хомофобичните институции, а пред се, причината се крие во уверувањето дека со оuting-от ќе се разбијат некои стереотипи за геј-популацијата, како необразована, политички пасивна, незаинтересирана и ретка.
Аутингот и правниот систем
[уреди | уреди извор]Аутингот претставува казниво дело, бидејќи законодавците сметаат дека јавното изнесување на сексуалната ориентација е право единствено на тие на кои се однесува информација, а во спротивно, им се нарушува правото на одлучување, а најчесто како резултат се јавува исмевање од пошироката публика и губење на угледот во јавноста.
Аутингот и Македонскиот правен систем
[уреди | уреди извор]Во Република Македонија, суштината на оuting-от е опфатена во неколку членови од Кривичниот Законик. Така, членот 148 (Неовластено објавување на лични записи) предвидува дека тој којшто без дозвола на авторот ќе објави дневник, писмо или друг личен запис, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Членот 150 (Неовластено откривање тајна) предвидува дека двокат, нотар, бранител, лекар, бабица или друг здравствен работник, психолог, верски исповедник, социјален работник или друго лице кое неовластено ќе открие тајна што ја сознало во вршењето на својата професија, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Членот 174 (Изнесување лични и семејни прилики) предвидува дека тој којшто изнесува или пронесува нешто од личниот или семејниот живот на некое лице што може да му штети на неговиот углед, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци. Ако делото е сторено преку печат, радио, телевизија или со други средства за јавно информирање или на јавен собир, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до една година, а ако она што се изнесува или се пронесува е од такво значење што довело или можело да доведе до тешки последици за оштетениот, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до три години. Вистинитоста или невистинитоста на она што се изнесува или пронесува во поглед на личниот или семејниот живот на некое лице не може да се докажува.