Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Арагонска крстоносна војна

Од Википедија — слободната енциклопедија


Крстоносни војни
Портал:Крстоносни војни

Арагонската крстоносна војна траела од 1284 до 1285 година. Овој поход бил потикнат од страна на папата Мартин IV против кралот на Арагон Педро III Арагонски.

Фреска од замокот на Кардона која ја прикажува Опсадата на Жирона во 1285 година; денес сочувана во Националниот музеј за уметност на Каталонија

Папата ги признавал анжувинците како господари на Сицилија. По побуната на анжувинците во познатата Сицилијанска вечер следувал конфликтот на Силицијанците и Педро III Арагонски против анжувинците. Кога Педро III Арагонски станал крал на Сицилија, папата кренал крстоносен поход против него. Тој му ја одзел круната на кралството Арагон, вазал на Светиот Престол, крунисувајќи го Шарл де Валоа, син на Филип III и на Изабела од Арагон. Причината за франко-арагонскиот конфликт е семејна борба во куќата на Барселона, бидејќи кралот на Мајорка Жак II, брат на Педро III, станал сојузник со Филип III. Жак, како гроф на Русијон, се чувствувал заробен меѓу двајцата монарси и можел само да соработува со францускиот крал да ги опструира амбициите на неговиот постар брат кој никогаш не го скрил своето незадоволство кога видел дел од неговото наследство ќе припадне на неговиот помлад брат.

Одвивање на настаните

[уреди | уреди извор]

Конфликтот прераснал во еден вид граѓанска војна кога братот на Педро III Арагонски кој владеел со Мајорка и Русијон им се придружил на Французите. Во текот на 1284 година, во Русијон влегла огромна француска војска на чело со кралевите Филип III Храбриот и Филип IV Убавиот. Самата армија на Франција се состоела од 16 000 коњаници, 17 000 стрелци и 100 000 пешадија. Но месното население било против Французите, но Французите успеале да го заземат градот и притоа да ја запалат катедралата.

Шарл де Валоа тогаш бил крунисан за крал, но не можеле да најдат круна па го крунисале со капа на кардинал, по што го добил не толку ласкавиот прекар на „кралот на шапката“.[1]

Движењата на крстоносните трупи во 1285 година

На море, Роџер од Лаурија, адмиралот на Педро III, ја уништил француската флота во поморската битка на Форгигус. Овој пораз и епидемијата на дизентерија во францускиот камп ја смениле ситуацијата. Филип III, кој бил болен од оваа болест, мора да го тргне кампот.

Неговиот син и наследник Филип, преговарал со Педро III за безбеден премин преку Пиринеите, за него и членовите на неговото семејство, но не и за неговите болни трупи, кои беа десеткувани во битката. Филип Трети умрел во Перпињан и бил погребан во Нарбон. Педро III преживеал но само за кратко време.

Последици

[уреди | уреди извор]

Конфликтот немал големи последици за кралството на Франција, но се одразил значајно на кралството Мајорка: Балеарските Острови биле конфискувани од синот и наследникот на Педро III, кралот Алфонсо III „либералниот“.

Дури во 1295 г., договорот од Анањи ставил крај на конфликтите родени од оваа крстоносна војна, договорот од Тараскон (1291), се применил дури по смртта на Алфонс III од Арагон.

  1. Ова се случило на 28 април 1285 : легатот на папата Мартин IV, кардиналот Жан Шоле, му ја дал на Шарл де Валоа од Кралството Арагон сопствената кардинална капа.