Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Амт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Германија

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Германија



Амт (германски: Amt, мн. Ämter) — вид на административна единица, која е составена од група општини, денес може да се најде единствено во Германија, но порано била позната низ државите од северна Европа. Нејзината големина и функции зависат од земја до земја.

Германија

[уреди | уреди извор]

Амтот е уникатно за германските покраини Шлезвиг-Холштајн, Мекленбург-Западна Померанија и Бранденбург. Другите германски покраини ја имале оваа поделба во минатото.

Некои покраини имаат слични администраивни единици наречени здружена општина (Рајнска област-Пфалц, Баден-Виртемберг, Баварија, Саксонија, Саксонија-Анхалт, Тирингија) или општинска заедница (Долна Саксонија).

Дефиниција

[уреди | уреди извор]

Амт, како и другите претходно спомнати единици, е поделба на окрузи (Kreis), и е збирка на општини. Амтот е на пониско ниво од окружната влада, но на повисоко од општинската и може да се опише како супер-општина или „општинска конфедерација“. Нормално се состои од многу мали општини, поголемите општини не припаѓаат на амт, и тие се наречени слободни општини (amtsfreie Gemeinden).

Поранешна употреба во други земји

[уреди | уреди извор]

Аmt (множина, amter; „округ“) била административна единица на Данска (и, историско, и на Данска-Норвешка). Окрузите биле основани со кралски декрет во 1662 како замена за поранешните Len. Аmter биле првично создадени од независните градови (købstæder) и околиите, и поседува мал степен на надлежности. Во текот на XX век, ним им било дозволени за болнички услуги за неурбаното население. Со административната реформа во 1970 се намалил бројот на окрузите на четиринаесет и се намалиле административната разлика помеѓу (рурална) околија и град. Оттогаш, amter се составени од бројни општини (дански: kommuner). Реформата им ги проширила бројот на надлежности на окрузите, најмногу во здравствената заштите и во второстепените училишта, гимназиите.

Данската општинска реформа од 1 јануари 2008 ги укинала amter и ги заменила со пет административни региони, сега повторно поврзани со здравствената заштита. За разлика од amter регионите немаат право да собираат даноци. Реформата ги префрлила сите други надлежности или на општините или на државата. Истовремено, помалите општини се споени кон поголемите, скратувајќи го бројот на општини од 270 на 98. Видите Окрузи на Данска за повеќе информации за данската употреба на терминот.

Холандија и Фландрија

[уреди | уреди извор]

Ambacht може да се сретне во холандскиот јазик како еквивалент на amt. Ambachten постои во Холанд, Зеланд и Фландрија, уште од околу 1800.

Норвешка

[уреди | уреди извор]

Од 1662 до 1919 година, окрузите на Норвешка биле наречени амтер (amter). Тие сега се нарекуваат како fylker.

Поврзано

[уреди | уреди извор]