Аваната
Општина Аваната Avannaata Kommunia | ||
---|---|---|
општина | ||
| ||
Местоположба во Гренланд | ||
Држава | Гренланд | |
Основана | 1 јануари 2018 | |
Адм. центар | Илулисат | |
Управа | ||
• Градоначалник | Пале Јеремијасен (Сиумут) | |
Површина | ||
• Вкупна | 522,700 км2 (201,816 ми2) | |
Население (2017)[1] | ||
• Вкупно | 10.651 | |
• Густина | 0,02/км2 (5/ми2) | |
Час. појас | UTC-03, UTC-04 | |
Повикувачки број | +299 | |
Мреж. место | avannaata.gl |
Аваната (гренландски: Avannaata) е општина во Гренланд. Општината е создадена на 1 јануари 2018 година кога старата општина Касуитсуп била поделена на две нови, од кои едната е Аваната а другата е Кекерталик. Вкупната површина на општината изнесува 522.700 км2 и има население од околу 10.600. Административен центар на општината е градот Илулисат.
Географија
[уреди | уреди извор]Општина Аваната на југ граничи со општината Кекерталик, на југоисток со општината Сермерсок. На исток граничи со Североисточниот гренландски национален парк, а на запад и север излегува на Северноледениот Океан, поточно Бафинов Залив.
Населени места
[уреди | уреди извор]Во општината се наоѓаат следните населени места
- Илулисатска област
- Каначка област
- Уманачка област
- Упернавичка област
Јазик
[уреди | уреди извор]Како и во целиот Гренланд, така и во Аваната најголем јазик е гренландскиот. Поточно, во Аваната се зборува западногренландскиот дијалект. Во најсеверните делови се зборува инуктунскиот дијалект, поточно околу Канак.
Наводи
[уреди | уреди извор]„Аваната“ на Ризницата ? |
- ↑ „Kommuni pillugu“. Архивирано од изворникот на 2021-03-04. Посетено на 2018-08-03. Avannaata Kommunia Предлошка:Kl icon
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|