Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

АК-12

Од Википедија — слободната енциклопедија
АК-12
ТипАвтоматска пушка
ПотеклоРусија
Производна историја
КонструкторВладимир Викторович Злобин
Конструирано2011
ПроизводителИжевски Машински Завод
Тех. особености
Тежина3,3kg

Куршум5,54×39mm
Калибар5,54mm
МеханизамПозајмица на гасови, ротирачки затворач
Брзострелност~650 истрели/min
Почетна брзина900m/s
Полнењерамка со 30 куршуми; рамка со 60 куршуми; барабан со 95 куршуми
НишаниПодеслив маханички нишан, стандардно вграден носач за оптички/ноќен нишан

АК-12 е руска автоматска пушка со калибар 5,54mm, разработка на концернот „Ижмаш“. Оваа пушка е разработена за Вооружените сили на Русија со перспектива да ги замени претходните варијанти на АК — АК-74 и АК-74М, АК-103, како и постарите АКМ и АКМС.

Историја

[уреди | уреди извор]

Проектирањето на новата автоматска пушка започнала во јуни 2011 како сопствена иницијатива на „Ижмаш“, а под раководство на главниот конструктор Владимир Викторович Злобин. Во тек на 2011 година се направени прототипи и започнало испитувањето на новиот модел од петтата генерација „калашников“ — АК-12.

Производителот најавил производство на две верзии, „лесна“, во традиционалните калибри за автоматски пушки 5,54×39, 5,56×45, 6,5 Grendel и 7,62×39, и „тешка“ во калиброт 7,62×51 NATO.

Разлики од претходните модели

[уреди | уреди извор]
  • подобрена ергономика : манипулациите со осигурувачот, преклопникот рафално/единечно, утврдувачот на рамката, задржувачот на затворачот сега може да се вршат со една рака
  • вградена Пикатини шина за монтирање оптички, колиматорни и ноќни нишани, мерачи на далечина, фрлачи на бомби, лампи, ласерски нишани и сл., што повлекло преработка на сандакот и капакот на сандакот;
  • нов преклопен телескопски кундак, образникот и тилот се регулираат по висина, смален е кракот на силата при повлекување;
  • рачката на затворачот може да се монтира лево или десно, по желба и за удобност на левораки и деснораки стрелци;
  • нови рамки од 30 и од 60 куршуми, нов барабан од 95 куршуми;
  • три режими на стрелба: единечно, рафално и рафално по 3 куршуми;
  • вграден тромблонски додаток/гасна кочница за лансирање тромблонски мини;
  • зголемено е растојанието меѓу предниот и задниот нишан;
  • нов ударен механизам (чкрапало);
  • нова конструкција на затворачот со застанување во задна положба по истрелувањето на последниот куршум од магазинот;
  • цевката се изработува со помали производни толеранции;
  • заради подобрување на точноста при рафална стрелба, изменети се динамичките одлики на автоматиката.
  • [1] Архивирано на 28 октомври 2014 г. (руски) официјално мрежно место на ОАО «Ижевский машзавод», 19 февруари 2012.