Историја на лингвистиката
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
На оваа страница е потребен превод на македонски. Оваа страница (или пасус) не е напишана на јазик којшто е македонски. Ако е наменета за читателите од тој јазик, треба да биде преместена на јазичното издание на Википедија на тој јазик. Видете го целосниот список на јазични изданија. Ако страницата (или пасусот) не е преведена на македонски во рок од една седмица, содржината која е на друг јазик ќе биде избришана. |
ЛИНГВИСТИКА |
---|
теоретска лингвистика |
описна лингвистика |
|
поврзано |
портал |
Лингвистиката како научен опит за опишување и објаснување на човечката вештина за јазикот.
Во древните цивилизации, јазичаричкото учење било првично мотивирано од точниот опис на класичните литургиски јазици, најзабележливи се оние од санскритската граматика на Панини (4 век п.н.е.), или со развојот на логиката и реториката кај Старите Грците. Во почетокот на 4 век п.н.е., Кина исто така развила свои граматички традиции, а арапската и еврејската граматика се развила за време на средновековната доба.
Модерната лингвистика почнала да се развива во XVIII век, достигнувајќи го „златното време на филологијата“ во XIX век. Првата половина од 20 век била обележана со структуралното училиште кое се засновало на работата на Фердинанд де Сосир во Европа и на Едвард Сапир и Леонард Блумфилд во САД. Во 1960-те години се имало голем напредок на многу полиња од лингвистиката, како на пример генеративната граматика на Ноам Чомски, социолингвистиката на Вилијам Лабов и современата психолингвистика.
Антика
[уреди | уреди извор]Низ културите, раната историја на лингвистиката се поврзува со потребата за разрешување на разните говори, особено за ритуални текстови или расправии. Тоа често доведувало до истражување на значењето на звучното пресликување и до дебата за конвенционалните против природните потекла за симболите. Конечно тоа довело до процеси со што се формирале поголеми структури од единици.
Индија
[уреди | уреди извор]Лингвистиката во античка Индија потекнува од потребата да се коректно рецитирање и толкување на ведските списи. Дури и во најстариот индиски текст, Ригведа (говорот) — идолизиран. До 1200 година п.н.е.[1] оралната изведба на овие текстови станува е веќе стандардизирана, а пишаните дела за ритуални рецитали предлагаат составните делови на санскритот да се поделат на зборови, основата, и фонетички единици, обезедувајќи поттик за морфологија и фонетика. Во следните неколку векови, достигната била јаснотија во организацијата на звучните единици, а избувните согласки биле организирани во квадрат 5х5 (800 век п.н.е., Пратисакја), што евентуално довело до системска азбука, брахми во 6 век п.н.е.
Во семантиката, раниот граматички Санскрит Śākaṭāyana (пред 500-от век п.н.е.) предлага дека глаголите се претставени како претходни онтолошки категории, а сите именки етимолошки потекнуваат од дејството. Етимологистот Yāska (5 век п.н.е.) претпоставува дека значењето се содржи во реченицата, а зборовните значења се бразираат на реченична употреба. Тој исто така обезбедил четири вида на зборовни категории – именки, глаголи, пред-глаголи и менливи и неменливи – како и тест за конкретни и абстрактни именки: зборови кои може да бидат индицирани со заменката дека.
Панини (4 век п.н.е.) се спротивставува на гледиштето на Јаска дека речениците се примарни и предлага граматика за композирање на семантиката од морфемските корени. Надминувајќи го ритуалниот текст, за кои се сметало дека е жив јазик, Панини одредува сет кој опфаќа околу 4,000 афористички правила (сутрас) кои:
1. Ја обележуваат семантиката на структурата на глаголот во тематска улога.
2. Обезбедуваат морфосинтактички правила за создавање на глаголски и номинални форми, чии седум случаи се наречени карака (слично на case {случај})и ја основаат морфологијата.
3. Ги сметаат морфолошките структури за фонолошки процеси (на пример, промена на коренот или главниот дел), со што се обезбедува конечната фонолошка форма.
Како дополнување, училиштето на Панини обезбедило список на 2000 глаголски корени, кои ги формираат објектите врз кои се применуваат овие правила, список на звуци (таканаречените Шива-сутрас) и список на 260 зборови кои не потекнуваат од правилата. Екстремно прецизната спецификација на овие правила и нивниот сложен однос довело до разумни коментари и пресметка во следните неколку векови. Фонолошката структура го вклучува и дефинирањето на концептот на звучни универзалии кои се слични на модерните фонеми, систематизација на согласките кои се засноваат на стеснувањето на усната празнина и самогласки кои се засноваат на висината и траењето. Како и да е, амбиција е да се обележат од морфема во семантика која е навистина забележлива во модерните поими. Граматичарите, вклучувајќи го и Kātyāyaнa (3 век п.н.е.), кои го следеле примерот на Панини, напишале афоризми и напредна математика; Паtañjali (втор век п.н.е.) — познат по неговиот коментар за одбраните теми во граматиката на Панини (Махабхасиа) и за афоризмите на Kātyāyaнa , како и , според некои, тој е авторот на Јога Сутрас и Пингала, со неговиот математички пристап до просодија. Низ вековите имало неколку дебати , на пример, дали пресликување на зборовното значење било конвенционално (Ваишeшиka-Nyaya) или вечно (Kātyāyaнa-Patañjali-Мимāмсā). Според Хјаја Ситрак има три видови на значења: поединечно (оваа крава), универзален вид (краварство) и сликата (црта крава). Звукот на зборот исто така формира еден вид (звук-универзалија) бил следен од Бхартрхари (500 век п.н.е.), кој исто така претпоставува дека јазичните универзалии се единиците на мислата, блиску до номиналистичко, па дури и јазичаричко одредување на позиција. Бхартрхари исто така смета дека реченицата е онтолошки примарна (зборовните значења се научени според нивната употреба во реченицата). Четири од шесте канонски текстови од Ведангас , кои ја формирале суштинската насока во Браминското образование од 1-от до 18-от век од нашата ера, се справувале со јазикот:
• Шикса (śikṣā): фонетика и фонологија (сандхи), Гаргеуа и коментатори
• Чандас (chandas): просодија или мерач , Пингала и коментатори
• Вуакарана (vyākaraṇa): граматика, Панини и коментатори
• Нирукта (nirukta): етимологија, Yāska и коментатори
Во 500-от век од нашата ера, Бхартрхари претставил филозофија на значење со својата доктрина сфота.
Овој вид на работа станал познат во Европа во 19-от век, каде што модерната лингвистика првично имала влијание преку Франц Боп, кој главно се водел според Панини. Како последица на тоа, врз поголемиот дел од работата од Фердинанд де Сосур, Леонард Блумфилд и Роман Јакобсон влијаеле учителите на Санскритот.Фриц Стал дискутирал за можниот ефект на индиските идеи врз јазикот во Европа. По набројување на разни аспекти на контакт, Стал ја претставува теоријата за тоа дека идејата за формални правила во јазикот, за првпат предложено од Де Сосур во 1894 година и конечно развиени од Чомски во 1957 година, засновани на тоа кои формални правила биле запознаени со пресметливите јазици, европското изложување на формалните правила може навистина да потекнува од граматиката на Панини. Особено кај Де Сосур, кој предавал за Санскритот повеќе од три децении, можеби имало влијание од Панини и Бхартрхари. Неговата идеја за спојување на индикатор-индициран во знак е нешто слично на концептот Сфота. Уште поважно, самата идеја за формалните правила да се применуваат во области надвор од логиката и математиката, можно е да е катализирана од европскиот контакт со делото на санскритските граматичари.
Граматиката Пали од Кацчана , која датира од раните векови од п.н.е., го опишува јазикот на будистичкиот канон. Толкāппиyам (датира од 7 век п.н.е.), ја претставува граматиката на Тамилите, изведенки кои се користат сè до денешен ден. Кавирајамарга е пишано дело врз основа на граматиката на Каннада и во годините може да се спореди со Толкāппиyам.
Грција
[уреди | уреди извор]Првиот важен напредок на грците било создавањето на азбуката врз основа на систем кој претходно се користел од страна на Феникијците, додавајќи самогласки и други согласки кои им биле потребни. Како резултат на воведот во пишувањето, поезијата, на пример поемите на Хомер, прераснала во пишана форма. Се создале неколку изданија за кои било коментирани. Со тоа се формирала основата за филологија и критиката.
Заедно со пишаниот говор, грците започнале со нивното граматичко и филолошко изучување. Филозофски дискусии за природата и потеклото на јазикот може да се најде во раните дела на Платон. Предмет на грижење било дали јазикот бил направен од човечка рака, општ артифакт, или имал натприродно потекло. Платон во неговиот Кратилус го претставува природното гледиште на тоа дека зборовните значења произлегуваат од природен процес, во зависност од корисникот на јазикот. Неговите аргументи се основаат делумно на примери од сложенки, каде што значењето на целината се поврзува со составниот дел, иако на крај тој признава дека има мала улога на вообичаеност. Софистите и Сократ ја вовеле дијалектиката како нов писмен жанр. Во неговите платонски дијалози има дефиниции за мерачот на поемите и трагедијата, формата и структурата на тие текстови. Аристотел ги поддржувал конвенционалните потекла на значење. Тој ја дефинирал логиката на говорот и предметот на расправата. Понатамошните дела на Аристотел за реториката и поетиката било од најголема важност за разбирање на трагедијата, поезијата, јавните дебати итн. Како писмени жанрови. Делото на Аристотел за логиката има тесна врска со неговиот посебен интерес за јазикот и неговото дело во оваа област било фундаментално важно за развојот на јазичното изучување(„логос“ на грчи значи и јазик и логичка разумност). Во Категории, Аристотел дефинира што се мисли под „синоним“-зборови со универзален говор, „хомоним“-зборови со ист говор и „пароним“-описни зборови. Потоа ги дели на форми на говор како:
• Или едноставно, без композиција или структура, на пример „маж“, „коњ“, „се бори“ итн.
• Или како композиција и структура, на пример „мажот се бори“, „коњот трча“ итн.
Следно нешто што го направил е тоа што направил разлика помеѓу предмет на предикација, имено сè што е прифатено или отфрлено, и предмет на инхезија. Кога нешто е содржано во подметот. Мислата не е дел од подметот, не може да постои без подметот. На пример, се смислува во нешто што веќе има облик. Категориите не се абстрактно платонски битија, но се наоѓаат во говорот, во материите, количината, квалитетот, поврзаноста, местото, времето, позицијата, состојбата, дејството и наклонетоста. Во de Interpretatione, Аристотел ги анализира категоричните пропозиции и извлекува серија на заклучоци кои се врз основа на рутинските прашања за класифицирање и дефинирање на основни јазичарички форми, како на пример едноставни поими и пропозиции, именки и глаголи, негација, количината на едноставните пропозиции (примитивни корени на мерачите на модерната симболика на логиката), истражувања за исклучување на средината (нешто што за Аристотел не е применливо кај пропозициите во идно време – проблемот кај идните можни случувања) и за модалните пропозиции.
Стоиците ја направиле лингвистиката како важен дел од нивното разбирање на космосот и човекот. Важната улога на стоиците била во дефинирањето на јазичаричките знаковни термини кои подоцна биле применети од Фердинанд де Сосур како "significant" and "signifie". Стоиците ги изучувале фонетичката граматика и етимологија како различни нивоа на учење. Се дефинирале артикулаторните органи во фонетиката и фонологијата. Наставната програма станала важен дел од структурата за разбирање на говорната организација. Една од најважните понуди на Стоиците во изучувањето на јазикот било постепеното дефинирање на терминологијата и теоријата што одекнувале во модерната лингвистика. Граматичарите од Александрија исто така ги изучувале говорните звуци и просодијата, дефинирале делови од говор со поими како именка, глагол итн. Исто така имало и дискусија за улогата на аналогијата во јазикот. Во овие дискусии граматичарите од Александрија ја поддржувале теоријата за тоа дека јазикот, а осбено морфологијата, е врз основа на аналогија или парадигма, каде што за граматиката во училиштата во Мала Азија се сметало дека јазикот не се заснова на аналогна основа туку повеќе на исклучоци. Александристите, исто како и нивните предци, биле заинтересирани за мерачот и неговата поврзаност со поезијата. Метричката „стапка“ кај грците се основала врз должината на потребното време за да се изговори секој слог, што се одликувало според нивната тежина како „долг “ и „краток “ слог (уште попознато како „тежок“ и „лесен“ слог, со почит, за да се направи разлика од долги и кратки самогласки). Стапката често се споредувал како музичка мерка, а долгите и кратките слогови како цела и пола нота. Основната мерна единица во грчката и латинската прозодија е мора, и се дефинира како единствен краток слог. Долгиот слог е еквивалент на две мори. Долгиот слог содржи или долга самогласка (вокал), двогласка, или кратка самогласка по која следат две или повеќе самогласки. Разните правила на елизијата понекогаш спречуваат граматичкиот слог да стане полн слог, а одредени правила за продолжување и скратување може да создадат долги или кратки слогови, во контекст каде што од едниот се очекува спротивното. Најважниот класичен мерач, дефиниран од александриските граматичари, е дактилскиот хексаметар, мерачот на Хомеровата поезија. Оваа форма користи стапка од шест стиха. Првите четири стапки се дактили, но може да бидат и спондеи. Петтата стапка е скоро секогаш дактил. Шестата стапка е или спондеј или трохеј. Првиот слог од која било стапка е наречен икт , а главниот слог е „ритам“ на стихот. Обично има пауза по иктот и третата стапка.
Како последица на тоа, во делото Tékhnē grammatiké (100 век п.н.е., на грчки зборот gramma значи писмо, а овој наслов во превод е „Уметност на писмата“), најверојатно напишано од Дионис Тракс, забележани се осум дела на говор и поставени се широкоопфатни детали за грчката морфологија вклучувајќи ги и случај структурите. Ова дело било наменето како педагошки водич (исто како Панини) и ја вклучувало исто така интерпункцијата, како и некои аспекти на прозодијата. Во Рим, како педагошки материјали за учење на грците како родени латински говорници, биле популарни и други граматики. На пример, од Харис (главно, компилација од Тракс, како и изгубени текстови од Реми Палаемон и други) и Диомед (кој се задржал повеќе на прозодијата).
Еден од најистакнатите учители од Александрија и од античкото време бил Аполон Дискол. Аполон напишал повеќе од триесет трудови за синтаксата, семантиката, морфологијата, прозодијата, правописот, дијалектологијата и др. За среќа, четири од овие дела се зачувани. Сè уште имаме синтакса во четири книги и три едно-книжевни монографи за заменки, прилози и сврзници.
Лексикографијата стана важен дел на изучување, како на пример: речници, лексикони и листи со специјални зборови кои или биле застарени, или дијалектизми, или стручни зборови од областа на медицината и ботаниката. Во почетокот на средновековното време беа пронајдени повеќе видови речници како речникот на Суида, за кој се смета дека е првиот енциклопедиски речник, етимолошки речници итн.
Тој период, за грчкиот јазик се сметал дека е „language franca“ т.е. јазик кој им е познат на сите, во цел свет кој до тогаш им бил познат (за грците и римјаните), а како резултат на тоа модерата лингвистика се бори за да го преброди тоа. Со грците, започна традицијата на изучување на јазикот. Римјаните, како и средновековниот свет, продолжиле со тоа, а за нивната напорна работа денес се смета дека е дел од нашиот секојдневен јазик. Помислете, на пример, на поими како зборот, слогот, глаголот, подметот итн.
Рим
[уреди | уреди извор]Во четвртиот век, Аелиус Донатус ја составил латинската граматика Ars Grammatica која што била учебник во училиштата за времето на средновековието. Помалата верзија, Ars Minor , опфаќала само осум делови од говорот. Во XV век кога книгите почнале да се печатат, ова дело едно од првите коишто биле испечатени. Учениците коишто биле поданици на ова образование, ни го претставиле денешното значење на зборот „граматика“. (докажано во англискиот јазик од 1776 година).
Кина
[уреди | уреди извор]Слично на индиската традиција, кинеската филологија, Сјаосјуе (小學-основни изучувања), започна заради потребата од разбирање на класиката во династијата Хан (3 век п.н.е.), Сјаосјуе била поделена на три гранки: Сјингу (訓詁 "толкување"), Венце (文字 "ракописно анализирање") и Јинјин (音韻 "изучување на звуците") и ја достигнала својата златна доба во 17-от век (династија Ќинг). Поимникот Ерја (3 век п.н.е.), може да се спореди со индиското дело Нигхарту , и се смета за првото јазичаричко дело во Кина. Шоувен Јиези (втор век п.н.е.) — првиот кинески речник, кој ги класифицира кинеските кинеските знаци по клучеви, пракса која ќе се применува од повеќето идни лексикографи. Две или повеќе пионерски дела, кој биле издадени за време на династијата на Хан, се Фангјан-првото кинеско дело за дијалектите и Шиминг-за етимологијата. Како во Стара Грција, кинеските мислители на почетокот биле загрижени за односот помеѓу имињата и реалноста. Конфуциј (6 век п.н.е.) фамозно ја нагласил моралната безусловна обврска на името, (zhengming) изјавувајќи дека моралниот колапс пред династијата Чин бил заради неуспехот да се прочисти однесувањето и да се запознае со вродената морална обврска во имињата: „Доброто владеење се состои од тоа владетелот да биде владетел, министерот министер, таткото татко, синот син....Ако имињата не се точни тогаш јазикот не е во согласност со реалноста на нештата“.
Како и да де, како се подразбира реалноста според името? Подоцнежните Мохисти или група попозната како Училиште за имиња (ming jia, 479-221 п.н.е.), сметаат дека минг (名 "име") може да се однесува на три вида на ши (實 "сегашност"): вид универзалии (коњ), поединец (Петре) и дозволени (нешто). Тие ја примениле реалистичката позиција на името-стварноста врската-универзалноста бидејќи „самиот свет ги средува шаблоните на сличноста и разликата со што нештата треба да се поделат на видови“. Филозофската традиција е добро позната за конундрата која наликува на софистите, т.е. кога Гунгсун Лунгце (4 век п.н.е.) прашува дали во копулските искази (Х е Y), Х и Y се идентични или Х се поткласа на Y. Ова е прочуениот парадокс „бел коњ не е коњ“.
Сјунце (3 век п.н.е.) повторно го посетува принципот zhengming, но наместо да го поправи однесувањето за да им прилега на имињата, неговото огласување се однесува на поправка на јазикот за коректно пренесување на реалноста. Тоа содржи повеќе „конвенционални“ гледишта на зборовни потекла. Филолошките студии процветале во времето на династијата Ќинг, со Дуан Јуцај и Ванг Неансун на чело. Последниот голем филолог од таа ера бил Занг Бинглин. Западниот компаративен метод бил донесен во Кина од страна на Бернард Карлгрен, првиот учител кој го реконструирал средновековниот и стариот кинески јазик со латинска азбука(не ИПА) Пвата кинеска граматика, во модерна смисла на зборот, била напишана од Ма Јианзонг (на крај од 19-от век). Неговата граматика се засновала на латинскиот (прескриптивен) модел.
Средновековно време
[уреди | уреди извор]Средниот Исток
[уреди | уреди извор]Заради брзото ширење на исламот во 8-от век, многумина го научиле арапскиот јазик како language franca. Произлегувајќи од таа причина, најраните граматички дела на арапски јазик биле напишани од не-роден говорител. Првиот граматичар кој е познат како ʿAbd Allāh ibn Abī Isḥāq al-Ḥaḍramī (735-736 година). Напорите на три граматичарски генерации кулминирале во книгата на персискиот јазичар Сибавајхи (760-793). Сибавајх изработил детален и стручен опис на арапски во 760 година во неговото монументално дело, Ал-китаб фи ал-нахв (الكتاب في النحو, Книга за граматика), изведувајќи на виделина многу јазичарички гледишта. Во неговата книга тој прави разлика помеѓу фонетика и фонологија.
Европа
[уреди | уреди извор]Ирскиот Sanas Cormaic, глосарот на Кормак е првиот европско етимолошки и енциклопедиски речник од секој не-класичен јазик. Modistae, или „шпекулативвни граматичари“ го воведоа терминот универзална граматика.
Во De vulgari eloquentia („За елоквентноста од мајчиниот јазик“), Данте го проширил збирот од јазичаричките испитувања од латинско/грчки за да ги вклучи денешните јазици. Други јазичарички дела од истиот период, во врска со мајчините јазици, се Првото граматичко дело (исландско) и Auraicept na n-Éces (ирско). Во периодот на ренесансата и барокот имало интензивиран интерес за лингвистиката. Најзабележлива била намерата за преведување на Библијата од Језуитите како и филозофските размислувања за филозофските јазици и потеклото на јазикот.
Современа лингвистика
[уреди | уреди извор]Современата лингвистика не постоела сè до XVIII век, а романтичарските и анимистичките тези на Јохан Готфрид Хердер и Јохан Кристоф Аделунг немале никако влијание сè до XIX век.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Staal, J. F., The Fidelity of Oral Tradition and the Origins of Science. North-Holland Publishing Company, 1986. p. 27
Литература
[уреди | уреди извор]- Keith Allan (2007). The Western Classical Tradition in Linguistics. London: Equinox.
- Roy Harris and Talbot J. Taylor (1989). Landmarks in Linguistic Thought: The Western Tradition from Socrates to Saussure. London: Routledge. ISBN 0-415-00290-7.
- John E. Joseph, Nigel Love, and Talbot J. Taylor (2001). Landmarks in Linguistic Thought II: The Western Tradition in the Twentieth Century. London: Routledge. ISBN 0-415-06396-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- W. P. Lehmann, (ed.) (1967). A Reader in Nineteenth Century Historical Indo-European Linguistics. Indiana University Press. ISBN 0-253-34840-4. Архивирано од изворникот на 2008-04-26. Посетено на 2014-01-12.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Bimal Krishna Matilal (1990). The Word and the World: India's Contribution to the Study of Language. Delhi; New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-562515-3.
- Frederick J. Newmeyer (2005). The History of Linguistics. Linguistic Society of America. ISBN 0-415-11553-1. Архивирано од изворникот на 2007-02-10. Посетено на 2014-01-12.
- Mario Pei (1965). Invitation to Linguistics. Doubleday & Company. ISBN 0-385-06584-1.
- Robert Henry Robins (1997). A Short History of Linguistics. London: Longman. ISBN 0-582-24994-5.
- Pieter A. M. Seuren (1998). Western linguistics: An historical introduction. Wiley-blackwell. ISBN 0-631-20891-7.
- Kees Versteegh (1997). Landmarks in Linguistic Thought III: The Arabic Linguistic Tradition. London; New York: Routledge. ISBN 0-415-14062-5.
- Randy Allen Harris (1995) The Linguistics Wars, Oxford University Press, ISBN 0-19-509834-X
Оваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |