Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Ингви Малмстин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ингви Малмстин
Ингви Малмстин
Ингви Малмстин
Роден 30 јуни 1963
Стокхолм, Шведска
Прекар(и) Ларс Јохан Ингве Ланербек
Жанр(ови) Нео-класичен метал
Гитари Fender Stratocaster
Активен 1982 - денес

Ингви Јохан Малмстин (шведски: Yngwie Johann Malmsteen), роден на 30 јуни 1963 година под името Ларс Јохан Ингве Ланербек (шведски: Lars Johann Yngve Lannerbäck) — шведски гитарист, композитор и водач на неговата група.

Надалеку познат по неговите гитарски вештини, Малмстин достигнал големо признание во 80-тите поради неговиот технички квалитет и неговото пионерство во нео-класичниот метал.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден во музичко семејство во Стокхолм, Малмстин бил најмладото дете во семејството. На рана возраст, покажувал мал интерес за музика, сè до 18 септември 1970 кога на 7-годишна возраст гледал документарен филм на телевизија за смртта на Џими Хендрикс и станал опседнат со гитарата. Да го цитираме неговото мрежно место: „Денот кога Џими Хендрикс умре, гитаристот Ингви се роди“.

Тој тврди дека Ингви (шведски: Yngwie) значи „млад викиншки водач“ на шведски, а всушност тоа е варијација на Ингва (шведски: Yngvi), кој ја основал Куќата на инлинг, која е најстарата шведска династија.

Малмстин бил во неговите тинејџерски години кога за првпат се сретнал со музиката на виолинскиот виртуоз од 19 векНиколо Паганини, кого го наведува како негово најголемо класично влијание. Имало и гласини дека Ингви сметал дека е реинкарнација на темпераментниот, често критикуван и погрешно разбран виолонист од Џенова. Низ емулацијата на концертните дела на Паганини на гитара, Малмстин развил технички квалитет. Малмстин исто така ги наведува Џими Хендрикс, Стив Хакет од Genesis, Брајан Меј, Ули Јон Рот и Ричи Блекмор од Deep Purple како влијанија.

Малмстин придонел кон еволуцијата на модерната рок гитара, особено со неговите модални прогресии и техники со класични влијанија, кои не се често користени во рок-музиката. Нему често му се припишува заслугата, заедно со виртуозот гитарист Ренди Роудс со создавањето на неокласичниот метал жанр и со инспирирањето на нова генерација на виртуози на електрична гитара вклучувајќи ги Пол Гилберт и Тони МакАлпајн.

Неговото појавување на гитарската сцена во раните 80-ти било забележително по тоа што тој вовел и популаризирал техники прилично различни од типичниот стил на Еди Ван Хален и Ренди Роудс, воглавно сметани за најдобрите во техниката на метал гитарата. Овие техники вклучувале брзи музички линии со користење на наизменично трзање (спротивно на многу hammer-on и pull-off потези), кои претходно ги користеле само гитаристи од жанрот на џез-рокот (како Ал Ди Меола и Џон Меклaфлин), како и брзи трзаи во еден правец на арпеџато (arpeggiato) (типично во хармонската молска скала на Малмстин).

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
G3
Постојани членови
Џо Сатриани | Стив Ваи
Поканети гитаристи: Ерик Џонсон | Адријан Лег | Кени Вејн Шепард | Роберт Фрип | Мајкл Шенкер | Ули Јон Рот | Џон Петручи | Ингви Малмстин
Дискографија
Албуми и DVD: G3: Live in Concert | G3: Rockin' in the Free World | G3: Live in Denver | G3: Live in Tokyo