Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Ебола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ебола
Слика од 1976 година на која се прикажани две медицински сестри пред Маинга Н., личност заболена од вирусот ебола. Таа починала неколку дена подоцна поради тешки внатрешни крварења.
СпецијалностЗаразна болест Уреди на Википодатоците
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Ебола — заболување кај човекот предизвикано од вирусот ебола.[1] Симптомите на оваа болест вообичаено се појавуваат два дена до три седмици по заразувањето со вирусот, со треска, воспаление на грлото, мускулни болки, и главоболки. Потоа, вообичаено следуваат мачнина, повраќање и дијареја, проследено со намалена функција на црниот дроб и бубрезите. Во тој период, кај некои лица почнуваат да се јавуваат проблеми со крварење.[1]

Причина и дијагноза

[уреди | уреди извор]
Изолација на заболени во Гулу, Уганда, за време на епидемијата од октомври 2000 година.

Кај луѓето, ебола ја предизвикуваат четири или пет вируси од генот ебола. Четири од нив се Бундибуџо вирус (BDBV), Судански вирус (SUDV), Таи Форест вирус (TAFV) и еден едноставно наречен ебола (EBOV, поранешно име - заирски ебола вирус).[2] Заирскиот ебола вирус е најопасен од сите познати вируси на ебола, и е одговорен за најголемиот број на епидемии.[3] За петтиот вирус, Рестон вирус (RESTV), се смета дека не предизвикува болест кај луѓето, туку само кај другите примати.[4][5] Сите пет вида на вирус се тесно поврзани со вирусите наречени марбург вируси.[2]

Вирусот може да се добие преку контакт со крв или телесни течности од инфицирано животно (вообичаено мајмуни или големи лилјаци).[1] Не е документирано ширење преку воздух во природната средина.[6] Големите лилјаци се верува дека го носат и го шират вирусот без при тоа самите да заболат. Штом инфекција се појави кај човек, болеста може да се шири помеѓу луѓето исто така. Машките лица што ја преживеале болеста може да ја пренесуваат преку полов пат уште приближно два месеци. За да се дијагностицира, прво треба да се исклучат други болести со слични симптоми како што се маларија, колера и други вирусни хеморагични трески. За да се потврди дијагнозата, се тестираат примероци од крв за присуство на вирусни антитела, вирусна РНК, или на самиот вирус.[1]

Превенција

[уреди | уреди извор]

Превенцијата вклучува намалување на ширењето на болеста од инфицирани мајмуни и свињи на луѓе. Ова се прави со прегледи на тие животни за да се утврди дали се инфицирани и нивно убивање и соодветно отстранување на телата ако се открие болеста. Соодветно варење на месото и носење на заштитна облека кога се ракува со месото исто така може да биде корисно, како што е и носење на заштитна облека и миење на раце кога се наоѓате во близина на заболено лице. Особено претпазливо треба да се ракува со примероци од телесни течности и ткива од лица заболени од оваа болест.[1]

Симптоми

[уреди | уреди извор]

Должината на времето помеѓу изложеноста на вирусот и развојот на симптомите (период на инкубација) е меѓу 2 дена и 21 ден,[1][7] а најчесто меѓу 4 и 10 дена.[8] Сепак, неодамнешните проценки засновани врз основа на математички модели предвидуваат дека кај околу 5% од случаите инкубацијата може да потрае повеќе од 21 ден.[9]

Симптомите обично започнуваат со ненадејни симптоми на грип: замор, треска, слабост, намален апетит, мускулна болка, болка во зглобовите, главоболка и болки во грлото.[1][8][10][11] Покачената температура е најчесто над 38,3 °C.[12] Ова честопати е проследено со гадење, повраќање, дијареја, болки во стомакот, а понекогаш и икање.[11][13] Комбинацијата на повраќање и дијареја води до тешка дехидратација.[14] Потоа се појавува кусо дишење и болка во градите, проследено со оток, главоболка и збунетост.[11] При половина од случаите, на кожата се појавува осип, пет до седум дена по појава на првите симптоми.[8][12]

Крварење

[уреди | уреди извор]

Во неко ислучаи, може да се појави внатрешно и надворешно крварење, пет до седум дена по првите симптоми.[15] Кај сите болни се појавува некој вид на крварење:[12] Bleeding from mucous membranes or from sites of needle punctures has been reported in 40–50% of cases.[16] повраќање крв, искашлување крв или крвава столица.[17] Тешко крварење ретко се случува, а ако се случи се појавува во цревата.[18]

Опоравување и смртност

[уреди | уреди извор]

Опоравувањето се случува по 7 до 14 дена по појава на првите симптоми.[11] Смрт се случува по 6 до 16 дена по појава на првите симптоми и најчесто како последица на хиповолемија, односно недововлно телесни течности во организмот. Во случај на смрт, заболениот паѓа во кома пред да умре.[11]

Преживеаните често имаат постојана болка во мускулите и зглобовите, хепатит, намален слух, постојан замор, намален апетит и тешкотии да ја повратат тежината што ја имале пред да настапи болеста.[11] Во некои случаи се појавуваат проблеми со видот.[19]

Преживеаните развиваат антитела против ебола кои траат 10 години, но не е познато дали се навистина имуни на болеста, односно на повторна инфекција.

Лекување и епидемиологија

[уреди | уреди извор]
Британка која носи заштитна опрема

Нема одреден лек за болеста; напорите да им се помогне на инфицираните лица вклучуваат или давање на орална терапија за рехидратација (делумно слатка и солена вода за пиење), или интравенозни течности.[1] Болеста има висока стапка на смртност: често умираат помеѓу 50% и 90% од инфицираните со вирусот.[1][20] ЕВЗ е првпат откриена во Судан и Демократска Република Конго. Болеста вообичаено се појавува со епидемија која започнува во тропските региони на Потсахарска Африка.[1] Од 1976 (кога е евидентирана за првпат) до 2013, Светската здравствена организација известила за 2.387 потврдени случаи од кои 1.590 завршиле со смрт.[1] Најголемата епидемија до сега е Епидемија на ебола во Западна Африка во 2014 година, при која најголемиот број на смртни случаи биле забележани во Гвинеја, Сиера Леоне, Либерија.[21][22] Биле регистрирани 28.616 заболени, од кои умреле 11.310 луѓе.[23]

Пред 2014 година биле правени напори да се направи вакцина против ебола, но безуспешно.[24] Во декември 2016 година, создадена е вакцината rVSV-ZEBOV која 70–100% спречува заболување од ебола, и е првата докажана вакцина против оваа болест.[25][26] Повеќе од 100.000 луѓе се вакцинирани против ебола до 2019 година.[27]

Оние кои ги лекуваат болните од ебола треба да носат заштитна опрема: маски, ракавици, очила и наметки, со кои кожата е заштитена. Истата заштита се препорачува за оние кои се во допир со заразени предмети. Во случај на смрт на заболено лице од ебола, треба да се избегнува директен контакт со телото.

Прв случај

[уреди | уреди извор]
Фабриката за памук во Нзара, Јужен Судан, каде се сучила првата епидемија
Уловено животно подготвено за готвење во Гана. Во Африка дури и лилјаците се ловат за храна.[28][29] Во екваторска Африка преку јадење на уловени диви животни се врши пренос на болести од животни на луѓе, вклучувајќи ја еболата.[30]

Иако не се знае со сигурност како се пренесла еболата од животните на луѓето, преносот бил направен преку контакт со заболено диво животно (шимпанзи, горили, бабуни) или големите лилјаци кои јадат овошје.[31]

Животните може да се инфицираат јадејќи овошје што го гризнал голем лилјак кој го носи вирусот.[32] Појава на епидемија меѓу животните може да се случи поради бројни фактори.[32]

Доказите укажуваат дека домашните кучиња и свињи може да се инфицираат од ебола.[33] Кучињата не покажуваат симптоми кога се преносители на вирусот, а свињите може да заразат некои примати.[33] Иако некои кучиња кои живееле во област каде имало епидемија имаат антитела на ебола, не е познато дали имале улога во ширењето на заразата.[33]

Како природни пренесувачи на ебола, иако не е потврдено, се сметаат лилјаците.[34] Три вида на големи лилјаци (Hypsignathus monstrosus, Epomops franqueti и Myonycteris torquata) го носат вирусот без да се разболат.[35]

Лилјаците живеат во фабриката каде се појавиле првите случаи на ебола во 1976 и 1979 година, а исто така биле поврзани и со заболувањата со вирусот марбург во 1975 и 1980 година. Лилјаците не покажале никакви симптоми на болеста, поради што се сметаат дека се носители на вирусот. Во истражување спроведено во 2002 и 2003 година на 1.030 животни, меѓу кои 679 лилјаци од Габон и Република Конго, 13 големи лилјаци имале РНК на ебола.[36] Антитела на заирски и рестон вирус биле најдени кај големи лилјаци во Бангладеш, што е показател дека овие лилјаци се потенцијални носители на вирусот, како и дека има филовируси во Азија.[37]

Уништувањето на шумите во Демократска Република Конго се смета дека е една од причините за епидемиите, бидејќи започнале блиску до скоро уништено земјиште.[38][39]

Првата позната епидемија на ебола се случила меѓу јуни и ноември 1976 година, во Нзара, Јужен Судан[2][40] (тогаш дел од Судан), и била предизвикана од суданскиот вирус (SUDV). Оваа епидемија опфатила 284 лица, од кои 151 заболен завршиле со смрт. Првиот заболен бил регистриран на 27 јуни во продавница на фабриката за памук во Нзара, кој бил однесен во болница на 30 јуни, и починал на 6 јули.[41] Медицинскиот персонал на Светската здравствена органзиација вклучен во лекување на епидемијата знаел дека се работи за дотогаш непозната болест, именувањето на вирусот и неговото идентификување се случило по неколку месеци во Заир.[41]

На 26 август 1976 година, избила втора епидемија на ебола во Јамбуку, мало село во северен Заир (денес во состав на Демократска Република Конго),[42][43] предизвикана од заирскиот вирус, различен од оној во Судан. Како прв заболен бил регистриран директорот на селското училиште, Мабло Локела, кој покажал симптоми на 26 август 1976 година.[44] Локела се вратил од патувањето во северен Заир, при што престојувал кај реката Ебола меѓу 12 и 22 август. Првата дијагноза која му ја поставиле била маларија, па му дале кинин. Но, симптомите се влошиле, и бил однесен во мисионерската болница во Јамбуку на 5 септември, каде починал на 8 септември 14 дена по првите симптоми.[45][46]

По смртта на Локела, починале и оние кои биле во контакт со него, а жителите на Јамбуку ги фатило паника. Министерот за здравство и претседателот на Заир Мобуту Сесе Секо прогласил карантин на целиот регион, вклучувајќи ги Јамбуку и главниот град Киншаса. никој не смеел да влезе или да излезе од таа област. Училиштата и фирмите биле затворени.[47] Истражувачи од Центарот за контрола и превензија од болести, меѓу кои пронаоѓачот на еболата Питер Пиот, пристигнале за да ги видат последиците од епидемијата[48][49][50]

Пиот забележал дека белгиските сестри ненамерно ја започнале епидемијата со тоа што на бремените жени им давале непотребни витамински инекции со нестерилизирани игли. Епидемијата траела 26 дена, а карантинот 14 дена. Истражувачите претпоставиле дека ширењето на болеста запрело поради мерките што ги презеле месните жители, карантинот и престанувањето со давање инекции.[47]

Наредната голема епидемија во Заир (денес во состав на Демократска Република конго) избила во 1995 година, со 315 заболени и 254 мртви.[1]

Во 2000 година, во Уганда избила епидемија со 425 заболени и 224 мртви.[1]

Во 2003 година, епидемија во Конго зафатила 143 заболени, од кои 128 починале, со 90% смртни случаи..[51]

Во 2004 година, руска научничка починала од ебола откако случајно се боцнала со заразена игла.[52]

Меѓу април и август 2007 година избила епидемија во Конго,[53] in a four-village region[54] за која било во септември утврдено дека била предизвикана од ебола.

На 30 ноември 2007 година, во западна Уганда избила епидемија на ебола.

Во 2012 година неколку случаи на ебола биле забележани од Светската здравствена организација во Уганда, од 7 заболени починале 4, и во вториот случај од 24 заболени починале 17.[1]

Во 2014 година, во Конго избила епидемија на ебола што не била поврзана со епидемијата на ебола во Западна Африка.[55]

2013–2016 Западна Африка

[уреди | уреди извор]
Епидемија на ебола во Западна Африка од 2014 година

Во март 2014 година, Светската здравствена организација објавила за голема епидемија на ебола во Гвинеја.[56] Како прв случај на оваа епидемија било едногодишно дете кое починало во декември 2013 година.[57][58] Болеста брзо се проширила во соседните држави Либерија и Сиера Леоне, и се смета за најголема епидемија на ебола забележана досега.[56]

2014 надвор од Западна Африка

[уреди | уреди извор]

На 19 септември, Ерик Данкан од Либерија со авион стигнал во Тексас, каде по 5 дена ги добил првите симптоми и отишол во болница, од каде го вратиле дома. На 28 септември му се влоѓиле симптомите, и повторно отишол во болница, каде починал на 8 октомври. На 30 септември била потврдена ебола како дијагноза, со што се смета за прв случај на ебола во САД .[59] На медицинската сестра која го лечела Данкан ѝ била дијагностицирана ебола на 12 октомври, што е прв случај на заболување после пренос на ебола вирусот од друго лице во САД.[60]

На 11 мај 2017 година, во Демократска Република Конго избила епидемија на ебола, при што починале 4 лица, а 4 преживеале. Од вкупно 8 случаи, само 5 биле лабораториски потврдени дека биле заболени од ебола. Повторно избила меѓу 4 април и 13 мај, при што починале 19 лица.[61] На 1 август 2018 година повторно во Конго избила епидемија на ебола,[62][63] и до ноември 2018 година починале околу 200 лица, половина од нив биле жители на градот Бени.[64]

Во март и јули 2019 година повторно избиле епидемии во Конго, и се смета дека речиси половина од заболените сè уште не се идентификувани.[65]

Еболата како биолошко оружје

[уреди | уреди извор]

Вирусот ебола е класифициран како ниво 4, највисокото ниво на мерките на претпазливост за биосигурност, како и биотероризам од највисока категорија, од страна на Центарот за контрола и превенција на болести.[66] Вирусот бил проучуван како потенцијално биолошко оружје[67][68] но се смета дека тешко може да се употреби како оружје, бидејќи вирусот брзо станува неефективен на воздух.[69] Лажни мејлови со компјутерски вируси биле испраќани во 2014 година во име на СЗО и мексиканската влада, во кои содржината требало да биде поврзана со информации за ебола.[70]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 „Ebola virus disease Fact sheet N°103“. World Health Organization. March 2014. Посетено на 12 April 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 Hoenen T, Groseth A, Feldmann H (July 2012). „Current Ebola vaccines“. Expert Opin Biol Ther. 12 (7): 859–72. doi:10.1517/14712598.2012.685152. PMC 3422127. PMID 22559078.
  3. Kuhn JH, Becker S, Ebihara H, Geisbert TW, Johnson KM, Kawaoka Y, и др. (December 2010). „Proposal for a revised taxonomy of the family Filoviridae: Classification, names of taxa and viruses, and virus abbreviations“. Archives of Virology. 155 (12): 2083–103. doi:10.1007/s00705-010-0814-x. PMC 3074192. PMID 21046175.
  4. Spickler, Anna. „Ebolavirus and Marburgvirus Infections“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 30 април 2015.
  5. „About Ebola Virus Disease“. Centers for Disease Control and Prevention (CDC). Архивирано од изворникот на 16 октомври 2014. Посетено на 18 октомври 2014.
  6. „2014 Ebola Virus Disease (EVD) outbreak in West Africa“. WHO. Apr 21 2014. Посетено на 3 August 2014. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. „Ebola Hemorrhagic Fever Signs and Symptoms“. Centers for Disease Control and Prevention (CDC). 28 јануари 2014. Архивирано од изворникот на 1 август 2014. Посетено на 2 август 2014.
  8. 8,0 8,1 8,2 Goeijenbier M, van Kampen JJ, Reusken CB, Koopmans MP, van Gorp EC (ноември 2014). „Ebola virus disease: a review on epidemiology, symptoms, treatment and pathogenesis“. Neth J Med. 72 (9): 442–48. PMID 25387613. Архивирано од изворникот на 29 ноември 2014.
  9. Haas CN (14 октомври 2014). „On the Quarantine Period for Ebola Virus“. PLOS Currents Outbreaks. 6. doi:10.1371/currents.outbreaks.2ab4b76ba7263ff0f084766e43abbd89. PMC 4205154. PMID 25642371.
  10. Gatherer D (August 2014). „The 2014 Ebola virus disease outbreak in West Africa“. J Gen Virol. 95 (Pt 8): 1619–24. doi:10.1099/vir.0.067199-0. PMID 24795448.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 Magill A (2013). Hunter's tropical medicine and emerging infectious diseases (9. изд.). New York: Saunders. стр. 332. ISBN 9781416043904. Архивирано од изворникот на 20 март 2016.
  12. 12,0 12,1 12,2 Hoenen T, Groseth A, Falzarano D, Feldmann H (May 2006). „Ebola virus: unravelling pathogenesis to combat a deadly disease“. Trends in Molecular Medicine. 12 (5): 206–15. doi:10.1016/j.molmed.2006 март 006 Проверете ја вредноста |doi= (help). PMID 16616875.
  13. Brown CS, Mepham S, Shorten RJ (June 2017). „Ebola Virus Disease: An Update on Epidemiology, Symptoms, Laboratory Findings, Diagnostic Issues, and Infection Prevention and Control Issues for Laboratory Professionals“. Clinical Laboratory Medicine (Review). 37 (2): 269–84. doi:10.1016/j.cll.2017 јануари 003 Проверете ја вредноста |doi= (help). PMID 28457350.
  14. Sharma N, Cappell MS (September 2015). „Gastrointestinal and Hepatic Manifestations of Ebola Virus Infection“. Digestive Diseases and Sciences (Review). 60 (9): 2590–603. doi:10.1007/s10620-015-3691-z. PMID 25972150.
  15. Simpson DI (1977). „Marburg and Ebola virus infections: a guide for their diagnosis, management, and control“ (PDF). WHO Offset Publication No. 36: 10f. Архивирано од изворникот (PDF) на 21 октомври 2014.
  16. „Ebola Virus, Clinical Presentation“. Medscape. Архивирано од изворникот на 1 јануари 2012. Посетено на 30 јули 2012.
  17. „Appendix A: Disease-Specific Chapters — Chapter: Hemorrhagic fevers caused by: i) Ebola virus and ii) Marburg virus and iii) Other viral causes including bunyaviruses, arenaviruses, and flaviviruses“ (PDF). Ministry of Health and Long-Term Care. Архивирано од изворникот (PDF) на 15 октомври 2014. Посетено на 9 октомври 2014.
  18. West TE, von Saint André-von Arnim A (November 2014). „Clinical presentation and management of severe Ebola virus disease“. Annals of the American Thoracic Society (Review). 11 (9): 1341–50. doi:10.1513/AnnalsATS.201410-481PS. PMID 25369317.
  19. „An emergency within an emergency: caring for Ebola survivors“. World Health Organization (WHO). 7 август 2015. Архивирано од изворникот на 13 август 2015. Посетено на 12 август 2015.
  20. C.M. Fauquet (2005). Virus taxonomy classification and nomenclature of viruses; 8th report of the International Committee on Taxonomy of Viruses. Oxford: Elsevier/Academic Press. стр. 648. ISBN 9780080575483.
  21. „CDC urges all US residents to avoid nonessential travel to Liberia, Guinea, and Sierra Leone because of an unprecedented outbreak of Ebola“. CDC. July 31, 2014. Посетено на 2 August 2014.
  22. „Outbreak of Ebola in Guinea, Liberia, and Sierra Leone“. CDC. August 4, 2014. Посетено на 5 August 2014.
  23. Ebola virus disease (Report). World Health Organization. Посетено на 6 June 2019.
  24. Richardson JS, Dekker JD, Croyle MA, Kobinger GP (јуни 2010). „Recent advances in Ebolavirus vaccine development“. Human Vaccines (open Access). 6 (6): 439–49. doi:10.4161/hv јуни 6.11097 Проверете ја вредноста |doi= (help). PMID 20671437. Архивирано од изворникот на 22 октомври 2014.
  25. Geisbert TW (December 2016). „First Ebola virus vaccine to protect human beings?“. The Lancet. 389 (10068): 479–480. doi:10.1016/S0140-6736(16)32618-6. PMID 28017402.
  26. Henao-Restrepo AM, Camacho A, Longini IM, Watson CH, Edmunds WJ, Egger M, и др. (22 December 2016). „Efficacy and effectiveness of an rVSV-vectored vaccine in preventing Ebola virus disease: final results from the Guinea ring vaccination, open-label, cluster-randomised trial (Ebola Ça Suffit!)“. The Lancet. 389 (10068): 505–518. doi:10.1016/S0140-6736(16)32621-6. PMC 5364328. PMID 28017403. Посетено на 27 December 2016.
  27. „Congo Ebola deaths surpass 1,000 as attacks on treatment centers go on“. Reuters. 3 May 2019. Посетено на 8 May 2019.
  28. „Risk of Exposure“. Centers for Disease Control and Prevention (CDC). 12 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 16 октомври 2014. Посетено на 18 октомври 2014.
  29. „FAO warns of fruit bat risk in West African Ebola epidemic“. fao.org. 21 јули 2014. Архивирано од изворникот на 13 октомври 2014. Посетено на 22 октомври 2014.
  30. Williams E. „African monkey meat that could be behind the next HIV“. The Independent. Архивирано од изворникот на 22 јуни 2017. 25 people in Bakaklion, Cameroon killed due to eating of ape
  31. „Ebolavirus – Pathogen Safety Data Sheets“. Public Health Agency of Canada. 17 септември 2001. Архивирано од изворникот на 20 август 2014. Посетено на 22 август 2014.
  32. 32,0 32,1 Gonzalez JP, Pourrut X, Leroy E (2007). Wildlife and Emerging Zoonotic Diseases: The Biology, Circumstances and Consequences of Cross-Species Transmission. Current Topics in Microbiology and Immunology. Ebolavirus and other filoviruses. 315. стр. 363–87. doi:10.1007/978-3-540-70962-6_15. ISBN 978-3-540-70961-9. PMID 17848072.
  33. 33,0 33,1 33,2 Weingartl HM, Nfon C, Kobinger G (May 2013). Review of Ebola virus infections in domestic animals. Dev Biol. Developments in Biologicals. 135. стр. 211–18. doi:10.1159/000178495. ISBN 978-3-318-02365-7. PMID 23689899.
  34. Chowell G, Nishiura H (October 2014). „Transmission dynamics and control of Ebola virus disease (EVD): a review“. BMC Med. 12 (1): 196. doi:10.1186/s12916-014-0196-0. PMC 4207625. PMID 25300956.
  35. Laupland KB, Valiquette L (May 2014). „Ebola virus disease“. Can J Infect Dis Med Microbiol. 25 (3): 128–29. doi:10.1155/2014/527378. PMC 4173971. PMID 25285105.
  36. Leroy EM, Kumulungui B, Pourrut X, Rouquet P, Hassanin A, Yaba P, и др. (December 2005). „Fruit bats as reservoirs of Ebola virus“. Nature. 438 (7068): 575–76. Bibcode:2005Natur.438..575L. doi:10.1038/438575a. PMID 16319873.
  37. Olival KJ, Islam A, Yu M, Anthony SJ, Epstein JH, Khan SA, и др. (February 2013). „Ebola virus antibodies in fruit bats, Bangladesh“. Emerg. Infect. Dis. 19 (2): 270–73. doi:10.3201/eid1902.120524. PMC 3559038. PMID 23343532.
  38. „Did deforestation cause the Ebola outbreak?“. New Internationalist. 10 April 2018. Посетено на 10 July 2018.
  39. Olivero J, Fa JE, Real R, Márquez AL, Farfán MA, и др. (30 October 2017). „Recent loss of closed forests is associated with Ebola virus disease outbreaks“. Scientific Reports. 7 (1): 14291. Bibcode:2017NatSR...714291O. doi:10.1038/s41598-017-14727-9. ISSN 2045-2322. PMC 5662765. PMID 29085050.
  40. Peterson AT, Bauer JT, Mills JN (2004). „Ecologic and Geographic Distribution of Filovirus Disease“. Emerg. Infect. Dis. 10 (1): 40–47. doi:10.3201/eid1001.030125. PMC 3322747. PMID 15078595.
  41. 41,0 41,1 „Ebola haemorrhagic fever in Sudan, 1976“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 13 октомври 2014. Посетено на 8 октомври 2014.
  42. Hewlett, Barry; Hewlett, Bonnie (2007). Ebola, Culture and Politics: The Anthropology of an Emerging Disease. Cengage Learning. стр. 103. ISBN 978-1111797317. Посетено на 31 July 2014.
  43. Feldmann H, Jones S, Klenk HD, Schnittler HJ (August 2003). „Ebola virus: from discovery to vaccine“. Nature Reviews Immunology. 3 (8): 677–85. doi:10.1038/nri1154. PMID 12974482.
  44. „Ebola haemorrhagic fever in Zaire, 1976“ (PDF). Bull. World Health Organ. 56 (2): 271–93. 1978. PMC 2395567. PMID 307456. Архивирано од изворникот (PDF) на 8 август 2014. Посетено на 14 август 2014.
  45. Centers for Disease Control Prevention (CDC) (1995). „Outbreak of Ebola Viral Hemorrhagic Fever – Zaire, 1995“. Morbidity and Mortality Weekly Report. 44 (19): 381–2. PMID 7739512. Архивирано од изворникот на 25 јуни 2017.
  46. Elezra M. „Ebola: The Truth Behind The Outbreak (Video) l“. Mabalo Lokela Archives – Political Mol. Архивирано од изворникот на 2015-07-12. Посетено на 2019-09-16.
  47. 47,0 47,1 Stimola, Aubrey (2011). Ebola (1. изд.). New York: Rosen Pub. стр. 31, 52. ISBN 978-1435894334.
  48. Piot P, Marshall R (2012). No time to lose: a life in pursuit of deadly viruses (1. изд.). New York: W.W. Norton & Co. стр. 30, 90. ISBN 978-0393063165.
  49. Piot P (11 август 2014). „Part one: A virologist's tale of Africa's first encounter with Ebola“. ScienceInsider. Архивирано од изворникот на 9 октомври 2014.
  50. Piot P (13 август 2014). „Part two: A virologist's tale of Africa's first encounter with Ebola“. ScienceInsider. Архивирано од изворникот на 16 ноември 2014.
  51. Formenty P, Libama F, Epelboin A, Allarangar Y, Leroy E, Moudzeo H, и др. (2003). „[Outbreak of Ebola hemorrhagic fever in the Republic of the Congo, 2003: a new strategy?]“. Med Trop (Mars) (француски). 63 (3): 291–95. PMID 14579469.
  52. Miller J (25 мај 2004). „Russian Scientist Dies in Ebola Accident at Former Weapons Lab“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 17 октомври 2014. Посетено на 12 октомври 2014.
  53. „Ebola outbreak in Congo“. CBC News. 12 септември 2007. Архивирано од изворникот на 19 ноември 2014.
  54. „Mystery DR Congo fever kills 100“. BBC News Online. 31 август 2007. Архивирано од изворникот на 11 ноември 2007.
  55. „Virological Analysis: no link between Ebola outbreaks in west Africa and Democratic Republic of Congo“. World Health Organization (WHO). 2 септември 2014. Архивирано од изворникот на 21 ноември 2014.
  56. 56,0 56,1 „Guidelines for Evaluation of US Patients Suspected of Having Ebola Virus Disease“. Centers for Disease Control and Prevention, (CDC). 1 август 2014. Архивирано од изворникот на 8 август 2014. Посетено на 5 август 2014.
  57. Baize S, Pannetier D, Oestereich L, Rieger T, Koivogui L, Magassouba N, и др. (October 2014). „Emergence of Zaire Ebola Virus Disease in Guinea“. New England Journal of Medicine. 371 (15): 1418–25. doi:10.1056/NEJMoa1404505. PMID 24738640.
  58. „The first cases of this Ebola outbreak traced by WHO“. World Health Organization (WHO). 2014. Архивирано од изворникот (png) на 6 октомври 2014.
  59. Botelho G, Jacque Wilson (8 октомври 2014). „Thomas Eric Duncan: First Ebola death in U.S“. CNN. Архивирано од изворникот на 29 мај 2016. Посетено на 8 август 2017.
  60. Fernandez M (12 октомври 2014). „Texas Health Worker Tests Positive for Ebola“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 12 октомври 2014. Посетено на 12 октомври 2014.
  61. „WHO says 19 dead, 39 infected so far in Congo Ebola outbreak“. MSN. Посетено на 2018-05-14.
  62. „Ebola In A Conflict Zone“. National Public Radio (NPR). Посетено на 5 August 2018.
  63. Specia M (2018-08-02). „The Latest Ebola Outbreak Is Centered in a War Zone“. The New York Times. Посетено на 5 August 2018.
  64. „DRC: Ebola Outbreak Worst in Country's History, Kills Almost 200“. Democracy Now. 13 November 2018. Посетено на 14 November 2018.
  65. „Half of Ebola cases in DR Congo 'unidentified'. BBC News Online. 2019-08-02. Посетено на 2019-08-03.
  66. MacNeil A, Rollin PE (June 2012). „Ebola and Marburg hemorrhagic fevers: neglected tropical diseases?“. PLoS Negl Trop Dis. 6 (6): e1546. doi:10.1371/journal.pntd.0001546. PMC 3385614. PMID 22761967.
  67. Borio L, Inglesby T, Peters CJ, Schmaljohn AL, Hughes JM, Jahrling PB, и др. (May 2002). „Hemorrhagic fever viruses as biological weapons: medical and public health management“. Journal of the American Medical Association. 287 (18): 2391–405. doi:10.1001/jama.287.18.2391. PMID 11988060.
  68. Salvaggio MR, Baddley JW (July 2004). „Other viral bioweapons: Ebola and Marburg hemorrhagic fever“. Dermatologic Clinics. 22 (3): 291–302, vi. doi:10.1016/j.det.2004 март 003 Проверете ја вредноста |doi= (help). PMID 15207310.
  69. Zubray G (2013). Agents of Bioterrorism: Pathogens and Their Weaponization. New York, NY, USA: Columbia University Press. стр. 73–74. ISBN 9780231518130. Архивирано од изворникот на 4 мај 2016.
  70. „Malicious Ebola-Themed Emails Are on the Rise“. The New York Times. 24 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 7 јули 2017. Посетено на 26 октомври 2014.

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори