Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Дру Баримор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дру Баримор
Баримор на премиерата на Музика и стихови во 2007 година
Роден(а)Дру Блајт Баримор
22 февруари 1975(1975-02-22)(49 г.)
Калвер Сити, Калифорнија
ЗанимањеГлумица, автор, режисер, модел, продуцент
Активен период1978–сè уште
Страница
drewbarrymore.com

Дру Блајт Баримор[1] (родена на 22 февруари 1975 г.)[1][2][3] — американска глумица, автор, режисер, модел и продуцент. Таа ја започнала својата кариера глумејќи на телевизија, и набрзо потоа станала филмска глумица.

По турбулентното детство кое ѝ било одбележано со зависност од дрога и алхокол и две рехабилитациски сесии,[2][4] таа на свои 15 години ја напишала својата автобиографија насловена Изгубно девојче. Таа глумела во низа популарни филмови, влучувајќи ги Отровна Ајви (1992), Лоши девојки (1994), Момци на страна (1995) и Врисок (1996). Таа исто така глумела заедно со Адам Сендлер во Пејач на свадби (1998), 50 први состаноци (2004) и Семеен хаос (2014).

Откако Баримор и Ненси Џувонен ја основале продукциската компанија Flower Films,[5] компанијата продуцирала неколку филмови и серии во кои глумела Баримор, како Никогаш бакната (1999), Ангелите на Чарли (2000), Дони Дарко (2001), Ролерки (2009) и Тој едноставно не е заинтересиран за тебе (2009). Таа глумела и во филмовите Музика и стихови (2007), Сите се добро (2009), Врска на далечина (2010) и Веќе ми недостигаш. Баримор добила Златен глобус за најдобра глумица во минисерија или ТВ филм за најзината изведба во ТВ филмот Сиви градини (2009).

Таа била именувана за амбасадор против гладот при Светската програма за храна (WFP) на Обединетите Нации. Оттогаш, таа донирала преку 1 милион долари на програмата. Баримор има своја ѕвезда на холивудската патека на славните.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Дру Баримор е омажена за Вил Копелман, со кого има две ќерки: Олив (родена во 2012) и Френки (родена во 2014).[6]

Филмска кариера

[уреди | уреди извор]

Баримор се прославила на седумгодишна возраст, со улогата во филмот на Спилберг „ЕТ“.[6]

Други активности

[уреди | уреди извор]

Покрај филмската кариера, Баримор повремено пишувала текстови за интернет-магазинот „Рифајнери 2“.[6]

  1. 1,0 1,1 „Drew Barrymore Biography (1975-)“. FilmReference.com. Посетено на 22 April 2014.
  2. 2,0 2,1 „Drew Barrymore Profile“. Hello Magazine. Посетено на August 9, 2010.
  3. „Monitor“. Entertainment Weekly (1247). February 22, 2013. стр. 32.
  4. "Drew Barrymore". Inside the Actors Studio. Bravo. June 22, 2003. No. 910, season 9. Archived from the original on December 16, 2008. Архивирано на 16 декември 2008 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-12-16. Посетено на 2017-01-31.
  5. „Miss Barrymore“. Miss Barrymore. Архивирано од изворникот на June 7, 2013. Посетено на August 9, 2010.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Баримор ужива во бракот и во новинарскиот предизвик“, Дневник, година XVIII, број 5642, понеделник, 15 декември 2014, стр. 21.