Јонија
Изглед
Јонија (старогрчки Ἰωνία или Ἰωνίη) е регион во Мала Азија, денешна Турција, во околината на денешен Измир. Името го добила по Јонците, народ кој во архајскиот период го населил овој регион и островите од Егејското Море. Во класичниот период Јонија била една од најважните области за старогрчката култура, позната во својот јонски дијалект на старогрчкиот, по Јонската филозофска школа, како и по архитектонскиот тип јонски ред.