Пер Лагерквист
Пер Фабијан Лагерквист (23 мај 1891 - 11 јули 1974) бил истакнат шведски писател. Роден е во Векше, како најмлад од седумте деца во традиционално и длабоко религиозно семејство. Наспроти побожните верувања на своите родители и на секојдневното читање од Библијата дома, Лагерквист развил алтернативен поглед на религијата.Со годините ќе станал, спред сопствените зборови, „верник вез вера, религиозен атеист“. Со четворица пријатели ја формирал групата под назив „Црвен прстен“, каде се разговара за религијата, анархијата, социјализмот и еволуцијата. Дарвиновото дело Потекло на видовите длабоко влијае на оваа млада група. Лагерквист подоцна напишал дека Дарвиновото дело ја разниша „самата основа на трансценденталниот поглед на светот“.
Образование
Лагерквист студирал историја на уметност на Универзитетот во Упсала (1911-1912) и истовремено се свртувал кон пишувањето. По дипломирањето, во предвечерието на Првата светска војна, заминал од Шведска и повеќе години живеел во Данска, Франција и Италија.
Творештво
Своето прво дело го објавил во 1912 година, под наслов Човечки суштества, а неговата следна објава била Уметноста на зборот и ликовната уметност го етаблирал на книжевна сцена во Шведска како млад писател, со еволуциски идеи. Неговите следни дела: Болка (1916 песни), Хаос (1919,песни и раскази и драмата Тајната на небото) и Театар (1918,три драми) се силни експертистионистички слики за космичката осаменост на човекот и неговиот страв од животот и смртта на еден индеферентен свет. Потоа следувале драмите Невидливиот човек (1923) и кошмарните раскази Свирепи приказни(1924).Романот за детството Гостин на реалноста претставува еден од ретките увиди што Лагерквист ги дава за својот живот. Новата етапа во развојот на Лагерквист ја започнала со Триумф над животот (1927), каде во визионерски пасуси ја прогласува својата филозофија. Како и Албер Ками после него, Лагерквист заговара „побуна“ против очајот. Следните негови дела ја третирале тоталитарната закана на Европа. Најважните негови дела во тие години биле Џелат (1933), хумористичкиот манифест Стегнатата тупаница (1934), како и драмата за политичкото убиство, Човек без душа (1936).
По Втората светска војна
По Втората светска војна, Лагерквист почесто се свртувал кон формата на романот. Романот Џуџе (1944) е лоциран во време на италјанска ренесанса, но сепак се однесува и на Втората светска војна и на човекот воопшто, во сите места и времиња. Со Варава (1950), можеби неговото на најпознато дело, започнала низата романи кои се занимаваат со средба на човекот со божественото и неговата потрага по разбирање и спасение. Оваа тема ја продолжува во Сибила (1956), Смртаа на Абазир (1960), Аџија на море (1962) и во Светата земја (1964). Неговиот последен роман, Миријам (1967) користи симболистички консталации кои се појавуваат честопати неговите книги.[1]
Нобелова награда
Во 1951 година Шведската академија му ја додели на Лагерквист Нобеловата награда за литература за „неговата уметничка моќ и длабоко вкоренета независност што ги демонстрира во своето пишување, во барањето одговори на вечните прашања на човештвото“. Неговите креативни достигнувања му донесоа углед на „гигант на модерниот класицизам“[2]