Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Цуцул (планина)

планина во Долна Преспа, Егејска Македонија

Цуцул (дијалектно: Цуцуљ[1]) или Рамница (грчки: Τσουτσουλί, Τσουτσού, понекогаш Βροντερό, Врондеро по новото име на селото Граждано) — планина во Долна Преспа, Егејска Македонија.[2] Практично претставува срт на Сува Гора.

Цуцул
Τσουτσουλί
Цуцул на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.455 м
Координати40°44′50″N 21°03′14″E / 40.7471° СГШ; 21.0539° ИГД / 40.7471; 21.0539
Географија
МестоДолна Преспа, Егејска Македонија
Деволско, Албанија
Карта

Опис

уреди

Планината е сместена во Преспа, меѓу Големото Преспанско Езеро на север и Малото Преспанско Езеро на југ. Вклучена е во Националиот парк „Преспа“. Највисокиот врв Цуцул се издига на 1.455 м. На североисток е одвоена од планината Дева со реките Сотеска и Доскохангла.[2]

Во геолошки поглед, Цуцул е сочинет од варовнички карпи. На север-северозапад од Трново има голема пештера. До врвот се стасува од Граждано за околу 2 12 часа.[2]

Врвови

уреди

Врвовите на планината, дадени по висински редослед,[2] се следниве:

Име Грчки Висина
(м)
Местоположба
Цуцул Τσουτσουλί 1.455 во источниот дел, источно над Граждано
Рамница или Голема Чука Ράμνιτσι, Δαφνομήλης 1.330 во средишниот дел
Шестар Σίσταρ, Φουντωτό 1.304 источно над Граждано
Курила Κουρίλα 1.240 во средишниот дел
Порти Πόρτες 1.195 во северниот дел
Велика Глава Λοχαγού Δημ. Ραΐση 1.157 во северниот дел
Скраци Σκαράτσι 1.107 во источниот дел, над Малото Преспанско Езеро

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 370–372. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 459. ISBN 978-960-86676-6-2.