Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Висок комесаријат на ООН за бегалци

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од УНХЦР)
Висок комесаријат на ООН за бегалци
Канцеларија на Високиот комесаријат на ООН за бегалци
ВидПрограма на Обединетите нации
Правен статусНепрофитна
СедиштеЖенева, Швајцарија
Мреж. местоunhcr.org

Висок комесаријат на ООН за бегалци(УНХЦР; основана 14 декември, 1950) — агенција под надлежност на Обединетите Нации со мандат за заштита и поддршка на бегалците на барање на владите или на самите ОН и помага во нивна повторна социјализација и вклучување или сместување во друга замја. Нивните канцеларии се во Женева, Швајцарија, со повеќе од 17,300 работнички кадар во 135 држави.[1]

УНХЦР дели помош во Кенија.

Историја

[уреди | уреди извор]

УНХЦР е основана на 14 декември 1950 година и ја наследила претходната агенција, Агенција за олеснување и рехабилитација на Обединетите нации. Агенцијата има мандат да води и координира меѓународни акции за заштита и решавање на проблемите на бегалците низ целиот свет. Нејзина главна цел е да ги заштити и да обезбеди почитување на правата на бегалците. Таа се стреми да обезбеди секој да може да побара азил и да најде безбедност во друга земја, со можност доброволно да се врати во сопствената земја, да биде вклучен или да се пресели во друга земја.

Мандатот на УНХЦР бил значајно проширен за да може да обезбеди заштита и хуманитарна помош и на други лица што се водат како „загрижувачки“, вклучувајќи внатрешно раселени лица кои влегуваат во правната категорија на бегалци под Конвенција за статус на бегалци од Обединети нации и Протоколот од 1967, Конвенцијата на Организацијата за Африканска обединетост од 1969, или некој друг мировен договор ако ја напуштат земјата, но кои сѐ уште се присутни во нивната земја на потекло. УНХЦР моментално има свои мисии во Либан, Јужен Судан, Чад/Дарфур, Демократска Република Конго, Ирак, Авганистан како и во Кенија да помогне и да им обезбеди помош на внатрешно раселените лица и бегалци.

Мандат за бегалци во Палестина

[уреди | уреди извор]

Повеќето палестински бегалци – тие во Западен Брег, Појасот Газа, Либан, Сирија и Јордан – не спаѓаат по одговорност на УНХЦР, туку под постарата организација, Агенција за олеснување и труд на Обединетите нации за палестинските бегалци (УНРВА/UNRWA). Но Палестинските бегалци надвор од доменот на работење на УНРВА потпаѓаат под мандатот на УНХЦР, ако ги исполнат строгите бегалски критериуми на УНРВА.

Јавно познавање

[уреди | уреди извор]

Неколку нови програми во последно време биле претставени за да биде обезбедена поддршка и да се подигне нивото на свест за бегалците низ целиот свет. Овие две програми се дел од Милениумски цели на Обединетите нации.

Од 1954 година, Наградата за бегалци „Нансен“ на УНХЦР е доделувана секоја година на лице или организација како признание за извонредната услуга за каузата на бегалците, раселените или лицата без држава.

УНХЦР има добиено Нобелова награда за мир во 1954 и 1981 година. На УНХЦР му била доделена Наградата „Индира Ганди“ во 2015 година.

Во 1991 година била наградена со Награда на принцезата на Астурија за меѓународна соработка.[2]

Луѓе под мандат на УНХЦР

[уреди | уреди извор]

Од 1 јануари, 2007 УНХЦР прикажала вкупна бројка од 21 018 589 поединци кои спаѓаат под нејзиниот мандат.

  • 7 979 251 во Азија, од кои
    • 2 580 638 во Средниот Исток
    • 2 974 315 во Југоисточна Азија
    • 218 584 во Средна Азија
    • 1 304 189 во Јужна Азија
    • 901 525 во Источна Азија и Тихи Океан
  • 4 740 392 во Европа, од кои
    • 1 617 214 во Источна Европа
    • 708 132 во југоисточна Европа
    • 616 132 во Средна Европа и во Балтичките држави
    • 1 798 914 во Западна Европа
  • 5 069 123 во Африка, од кои
    • 1 359 175 во Централна Африка и регионот околу Големите езера
    • 2 105 314 во Источна Африка
    • 1 031 030 во Западна Африка
    • 434 427 во Јужниот африкански регион
    • 139 177 во Северна Африка
  • 3 229 822 во Америка, од кои

Персонал

[уреди | уреди извор]

УНХЦР има персонал од околу 6300 вработени во 110 земји.[3]

Високи Претставници

[уреди | уреди извор]

На местото на Висок Претставник биле

Пред воведувањето на УНХЦР, Фридјоф Нансен беше Висок Претставник за бегалци на Лигата на Нациите од 1922.

Амбасадори на добра волја

[уреди | уреди извор]

УНХЦР е претставуван и од УНХЦР Амбасадори на добра волја, кои во моментов се Барбара Хендрикс, Адел Имам, Анџелина Џоли, Џорџо Армани, Борис Трајанов, Жулиен Клерк, Џорџ Даларес, Освалдо Лапорт, Калед Хусеини and Муазез Ерсој.[4] Претходни амбасадори биле и Ричард Бартон, Назиа Хасан, Џејмс Мејсон и Софија Лорен.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
Фусноти
  1. Refugees, United Nations High Commissioner for. „Figures at a Glance“. UNHCR (англиски). Посетено на 9 мај 2023.
  2. Tecnologías, Developed with webControl CMS by Intermark. „UNHCR (United Nations High Comissioner [sic] for Refugees) - Laureates - Princess of Asturias Awards - The Princess of Asturias Foundation“. The Princess of Asturias Foundation (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-04-19. Посетено на 9 мај 2023.
  3. http://www.unhcr.org/basics.html
  4. „UNHCR Goodwill Ambassadors“. UNHCR. Посетено на 2008-04-11.

Ф;Други извори

  • Janmyr, Maja. 2016. “Precarity in Exile: The Legal Status of Syrian Refugees in Lebanon”. Refugee Survey Quarterly, бр. 35 (ноември): 58–78.
  • Gil Loescher, Alexander Betts and James Milner. UNHCR: The Politics and Practice of Refugee Protection into the Twenty-First Century, Routledge. 2008.
  • Gil Loescher. The UNHCR and World Politics: A Perilous Path. Oxford University Press. 2002
  • Fiona Terry. Condemned to Repeat? The Paradox of Humanitarian Action. Cornell University Press. 2002.
  • Nicholas Steiner. Problems of Protection. Routledge. 2003.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Архивирано на 29 октомври 2007 г.