Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

ПФК ЦСКА (Софија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ФК ЦСКА (Софија))
ЦСКА Софија
Целосно имеПрофесионален Фудбалски Клуб
ЦСКА Софија
Прекарармејците, црвените
Основан5 мај 1948
СтадионБугарска армија
Софија, Бугарија
Капацитет22.995
СопственикБугарија Данаил Ганчев (40%)
Бугарија Данаил Илиев (40%)
Бугарија Христо Стоичков (20%)
ТренерСрбија Нестор Ел Маестро
ЛигаПрва лига
2023–24Прва лига, 3. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Титули
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

ПФК ЦСКА Софија или само ЦСКА Софија е бугарски фудбалски клуб од Софија. Во моментов клубот се натпреварува во Првата лига на Бугарија, највисокото фудбалско ниво во оваа земја. Името на клубот ЦСКА е кратенка и значи Централен спортски клуб на армијата (на бугарски: Централен Спортен Клуб на Армията).

Клубот е официјално основан на 5 мај 1948 година, но корените на ЦСКА датираат од армискиот офицерски клуб основан во 1923 година.[1] Со 31 титула шампион на Бугарија, 21 Куп на Бугарија и 4 Суперкупа, тие се најуспешниот бугарски фудбалски клуб на сите времиња.[2] Исто така, на меѓународната сцена ЦСКА е двократен полуфиналист на КЕШ и еднаш полуфиналист на КПК.

Својте домашни натпревари ги игра на стадионот Бугарска армија. Нивен најголем соперник е Левски Софија со кој го играат Вечното дерби на Бугарија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Клубот е создаден на 5 мај 1948 година, по спојувањето на Септември Софија со воениот клуб ЦДВ под името „Септември при ЦДВ“. Новиот клуб го заземал местото на „Септември“ во првенството. Во финалето, Септември при ЦДВ се сретнал со Левски и после поразот со 1-2 во првиот натпревар и победата со 3-1 во вториот, клубот ја освоил својата прва титула. Одлучувачкиот реванш натпревар бил одигран на 9 септември 1948 година, а составот на „армејците“ бил следниов: Стефан Геренски, Борислав Футеков, Манол Манолов – Симолијата, Димитар Цветков, Никола Алексиев, Нако Чакмаков, Димитар Миланов, Стојне Минев, Стефан Божков, Никола Божилов и Кирил Богданов.

Во својата прва сезона во новосоздадената „А“ група, Септември при ЦДВ завршил на второто место. Крум Милев бил назначен за тренер на тимот. Истата година, започнала реконструкцијата на стадионот Народна армија, каде клубот започнал да ги игра своите натпревари.

Во летото 1949 година, „Септември“ се одвоил како независна единица, а армијскиот тим бил преименуван во „Централен дом на Народната армија“ (ЦДНВ). Сезоната 1949-1950 започнала нормално, но по одигрувањето на три кола од есенскиот дел тоа било прекинато поради реорганизација на движењето за физичка култура во Бугарија по советски модел. Потоа бил создаден турнир за одредување на учесниците во Софија за наредната сезона 1950-1951, на кој се квалификувале најдобрите пет екипи. По завршувањето на турнирот, ЦДНВ останува на 6-то место. Со одлука на спортскиот дел на МЗБ, на местото на уште еден армијски клуб Ботев Пловдив, бил создаден тим со најсилните играчи од ЦДНВ, Ботев, Черно Море, Сливен и други тимови на армијата. Името на обединетиот клуб било „Народна војска“. Тимот повторно завршил на второто место зад Динамо.

Од следната сезона тимот го наследил софискиот армиски тим ЦДНВ, а останатите армиски тимови стартувале од пониските дивизии. Во 1953 година, тимот повторно бил преименуван - овој пат во "Отбор на Софијскија гарнизон", каде мнозинството негови играчи од почетниот тим биле обврзани да играат само во репрезентацијата на Бугарија во квалификациите за СП во Швајцарија 1954.

Во 1954 година, ОСГ веќе бил наречен „Централен дом на Народната Армија“ (ЦДНА), а периодот 1954 - 1962 година бил најуспешен, бидејќи армискиот тим освоил 9 титули по ред. Во 1956 година, ЦДНА учествувал на второто издание на новосоздадениот турнир КЕШ, стигнувајќи до четвртфиналето.[3]

  • Септември при ЦДВ 1947-49;
  • Народна војска 1950;
  • Ц.Д.Н.В. 1951-1952;
  • Отбор на Софијскија гарнизон 1953;
  • ЦДНА 1954-62;
  • ЦСКА „Червено знаме“ 1962-68;
  • ЦСКА „Септемвриско знаме“ 1968-85;
  • ЦФКА „Средец“ 1985-89;
  • ЦСКА од 1989;

Моментален состав

[уреди | уреди извор]
Бр. Позиција Играч
1 Бразил ГМ Густаво Бусато
2 Холандија ОД Јурген Матeј
3 Гамбија ОД Сејни Санјанг
4 Холандија ОД Мено Кох
5 Холандија ОД Бредли де Нојер
6 Бугарија ОД Христијан Петров
7 Норвешка СР Џонатан Линдсет
8 Бугарија СР Станислав Шопов
9 Хаити НП Дукенс Назон
10 Ерменија СР Жираир Шагојан
11 Гваделуп НП Матијас Фаетон
12 Бугарија ГМ Марин Орлинов
13 Колумбија ОД Брајан Кордоба
14 Норвешка СР Тобијас Хајнц
15 Франција СР Тибо Вион
Бр. Позиција Играч
16 Бугарија СР Георги Чорбаџијски
17 Австрија ОД Емануел Шакиќ
19 Бугарија ОД Иван Турицов
20 Бугарија ОД Асен Дончев
21 ЦАР СР Амос Југа
22 Луксембург ОД Енес Махмутовиќ
23 Бугарија СР Илијан Антонов
24 Бугарија НП Марк-Емилио Папазов
25 Бугарија ГМ Димитар Ефтимов
26 Колумбија СР Марселино Кареасо
27 Србија СР Лазар Туфегџиќ
28 Колумбија НП Брајан Морено
29 Еквадор НП Мајкл Естрада
30 Колумбија НП Данило Асприља

Поранешни познати играчи

[уреди | уреди извор]
АЛЖИР
БРАЗИЛ
БУГАРИЈА
ГАНА
ГАМБИЈА
ЕКВАДОР
ИТАЛИЈА
ИРСКА
КАМЕРУН
КОЛУМБИЈА
КОНГО
ЛИТВАНИЈА
ЛУКСЕМБУРГ
МАДАГАСКАР
МАКЕДОНИЈА
ПОРТУГАЛИЈА
РОМАНИЈА
СЕНЕГАЛ
УКРАИНА

  1. Court: CSKA is the Official Successor to AS-23 Архивирано на 13 ноември 2017 г. (in Bulgarian) Dnes.bg Retrieved 24 October 2017.
  2. Вечната ранглиста на „А“ група
  3. „CSKA Sofia-Crvena zvezda 1956 History | UEFA Champions League“. www.uefa.com. Посетено на 26 ноември 2021.