Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Евангелизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Евангелска црква)
Богослужба во Хилсонг црква Велика Британија, Лондон

Евангелизамот или евангелско протестантство денес претставува доминантно движење во рамките на протестантството според бројот на верници. Во текот на XVIII век, како евангелисти биле познати и оние кои биле наклонети кон Англиканската црква, како и оние ја поддржувале истата. Ова движење било основено во Велика Британија во 1730-тите, и се здобило со голема популарност во САД во текот на XVIII и XIX век.

Англиските евангелисти најмногу внимание оддаваат на значењето на Светото Писмо, потребата од зачувување на верата, на високиот морал. Во Америка, во текот на XIX век, поимот евангелизам се однесувал на оние цркви кои го застапувале идеите на ревивализамот. Се смета дека оние цркви имаат многу заедничко и нивните водачи се надевале дека еден ден ќе се создаде можност за обединување на оваа црква преку која Америка ќе стане христијанска земја.

Во Англија во 1846 година, противниците на англиканската и pимокатоличката црква оствариле меѓусебна соработка на ниво на Евангелистички сојуз.