1922
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1922 (MCMXXII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1922 година од новата ера, 922. од вториот милениум, 22. од XX век и трета од 1920-тите.
Грегоријански календар | 1922 MCMXXII |
Ab urbe condita | 2675 |
Ерменски календар | 1371 ԹՎ ՌՅՀԱ |
Асирски календар | 6672 |
Бахајски календар | 78–79 |
Балиски календар | 1843–1844 |
Бенгалски календар | 1329 |
Берберски календар | 2872 |
Будистички календар | 2466 |
Бурмански календар | 1284 |
Византиски календар | 7430–7431 |
Кинески календар | 辛酉年 (мет. петел) 4618 или 4558 — до — 壬戌年 (вод. куче) 4619 или 4559 |
Коптски календар | 1638–1639 |
Етиопски календар | 1914–1915 |
Еврејски календар | 5682–5683 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1978–1979 |
- Сачка ера | 1843–1844 |
- Кали-југа | 5022–5023 |
Холоценски календар | 11922 |
Игбоански календар | 922–923 |
Ирански календар | 1300–1301 |
Исламски календар | 1340–1341 |
Јапонски календар | Тајшо 11 (大正11年) |
Јавански календар | 1852–1853 |
Џуче-календар | 11 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4255 |
Мингуо-календар | Р. Кина 11 民國11年 |
Нанакшахи | 454 |
Тајландски сончев календар | 2464–2465 |
Тибетски календар | 阴金鸡年 (женско железо-петел) 2048 или 1667 или 895 — до — 阳水狗年 (машка вода-куче) 2049 или 1668 или 896 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7430 и 7431 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6672 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5682 и 5683 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2675.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1922 година се протега во 4558 и 4559, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4618 и 4619 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2465. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1340 и 1341 исламска година.
Настани
уреди- 3 април – Јосиф Сталин е избран за генерален секретар на Руската комунистичка партија (болшевици).
- 24 јуни – Убиен е министерот за надворешни работи на Вајмарската република Валтер Ратенау.
- 28 јуни – Започнува Ирската граѓанска војна.
- 31 октомври – По Маршот на Рим, Бенито Мусолини станува 40-от премиер на Кралство Италија.
- 1 ноември – Отоманското царство е укинато по 600 година постоење.
- 4 декември – Групите на Тодор Александров го нападнале Неврокоп, а Тодор Паница со неколку свои истомисленици дал силен отпор.
- 6 декември – Основана е Ирска Слободна Држава како доминион под британскиот суверен, по ратификацијата на Англо-ирскиот договор од британскиот парламент.
- 30 декември – Основан е Сојузот на Советски Социјалистички Републики.
- Во Струмица била донесена првата топка, кога бил формиран фудбалскиот клуб Беласица.
- Се одржува Првата земска конференција на КПЈ во Виена, на која учествува и Панко Брашнаров.
- Владимир Илич Ленин во декември оваа и во јануари наредната година го пишува своето „Писмо до Конгресот“, познато како Ленинов тестамент, во кое апелира Партијата да го зачува единството на своите редови.
- Нилс Бор ја добива Нобеловата награда за физика.
Родени
уреди- 11 јануари – Зехарија Сичин, американски автор, познат е по теориите за постоењето на древни астронаути и планетата Нибиру.
- 21 јануари – Предраг Враницки, хрватски филозоф
- 24 јануари – Ава Гарднер, американска глумица, една од легендите на Холивуд.
- 8 февруари – Благој Ѓорев, македонски комунист, учесник во НОБ.
- 30 март – Славко Лумбарковски, македонски партизан
- 4 април – Илија Топаловски, македонски комунист, учесник во НОВ и амбасадор
- 13 април – Џулиус Њерере, танзаниски политичар
- 10 јуни – Џуди Гарланд, американска филмска актерка и пејачка, најпозната по својата улога како Дороти Гејл во филмот Волшебникот од Оз.
- 18 јуни – Жамила Колономос, македонска партизанка, општественик, писател и публицист
- 19 јуни – Оге Бор, дански физичар
- 20 јуни – Александар Сариевски, македонски пејач
- 24 август – Хауард Зин, американски историчар, драматург и активист
- 17 септември – Агостињо Нето, анголски политичар, поет и публицист
- 19 септември – Емил Затопек, чехословачки атлетичар
- 29 септември – Александар Зиновјев, руски филозоф, социолог, есеист и литературен сатиричар, еден од најзначајните советски дисиденти.
- 18 октомври – Катерина Трајкова Нурџиева, македонски национален деец и внука на Гоце Делчев.
- 11 ноември – Курт Вонегат, американски писател, сатиричар и уметник.
- 14 ноември – Бутрос Бутрос-Гали, египетски политичар и дипломат, поранешен генерален секретар на ООН.
- 16 ноември – Жозе Сарамаго, португалски писател, добитник на Нобеловата награда за литература
- 21 декември – Мито Хаџивасилев - Јасмин, македонски политичар и новинар, „првото перо“ на македонското новинарство и публицистика.
Починале
уреди- 5 јануари – Ернест Шеклтон, ирски поларен истражувач
- 10 февруари – Христо Матов, еден од најистакнатите дејци на ТМОРО.
- 4 мај – Крум Зографов, македонски револуционер
- 6 јуни – Павел Христов, македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.
- 20 јули – Андреј Марков, руски математичар.
- 2 август – Александар Грејам Бел, американски научник, пронаоѓач на телефонот.
- 4 август – Енвер-паша, османлиски државник, учесник во Младотурската револуција
- 22 август – Мајкл Колинс, ирски национален деец
- 18 ноември – Марсел Пруст, француски писател
- 13 декември – Џон Вилијам Годвард, англиски сликар