Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Пене (германски: Peene) — река во Германија. Вестпене, Клајне Пене и Остпене се влеваат во Кумеровското Езеро и оттаму продолжуваат како Пене до Анклам и се влеваат во Шчеќинскиот Залив.

Пене
Пене помеѓу Ферхен и Демин
Место Мекленбург-Западна Померанија, Германија
Должина 136 км
Извор кај Гнојен
53°56′00″N 12°41′01″E / 53.933454° СГШ; 12.683544° ИГД / 53.933454; 12.683544
Висина на изворот 28 м над м.н.
Утока кај Анклам во Пенештром
53°30′43″N 13°28′59″E / 53.5120° СГШ; 13.4830° ИГД / 53.5120; 13.4830
Висина на утоката 0 м над м.н.
Спуст 28 м
Слив Пене
Одлив Балтичко Море
Слив 5.110 км²
Истек
со Анклам-Штрасенбрике мерило[1]
Рекордно низок:     −87.500 л/с (во 1996)
Просечен низок:    −68.300 л/с
Просечен среден:   18,9 м³/с
Просечен висок: 91,7 м³/с
Рекордно висок:   239 м³/с (во 2002)
Десни притоки Толензе, Кукуксграбен, Штегенбах
Леви притоки Рекницбах, Требел, Свинге, Свинов, Либновер Милбах
Паланки Тетеров, Малхин, Нојкален, Демин, Лец, Јармен, Гицков, Анклам
Пристаништа Малхин, Демин, Лец, Јармен, Анклам
Пловност од пристаништето Малхин
Пене со притоките, придружните канали, Пенештром

Долината на Пене е најголемо непрекинато мочуриште во Европа.[2] Благодарение на нејзината дивина и недопрена природа, реката Пене и нејзината долина често е нарекувана како „Амазон на Северот“.[3]

Западниот ракав на реката Одра, која го одвојува островот Узедом од германското копно, често е исто така нарекувана Пене, но всушност тој дел од Балтичкото Море е наречен Пенештром. Тој е еден од трите канали, кои го поврзуваат Шчеќинскиот Залив со Поморскиот Залив во Балтичкото Море (другите канали се Швина и Ѓивна).

Поголеми градови кои се наоѓаат на течението на реката се Волгаст, Тетеров, Демин и Анклам.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Bestandsaufnahme 2004 nach Wasserrahmenrichtlinie in der Flussgebietseinheit Warnow / Peene Landesamt für Umwelt, Naturschutz und Geologie Mecklenburg-Vorpommern; Güstrow 2005; Auf: ikzm-d.de (pdf; 1,7 MB)
  2. Peenetal / Peene-Haff-Moor Архивирано на 14 јануари 2012 г. at www.bfn.de.
  3. Peene: Paddeln auf dem Amazonas des Nordens (Spiegel Online)

Надворешни врски

уреди