Општина Вевчани
Општина Вевчани — општина во Република Македонија, во југозападниот дел на земјата. Карактеристично е тоа што има само едно населено место — селото Вевчани, каде е сместена општинската управа. Создадена е со одделување од Општина Струга во 1996 г. иако постоела како независна општина и во 1950-тите. Ова е најмалубројната општина во државата.
Општина Вевчани | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Југозападен | ||
Година кога е основана | 1913 (во рамки на Кралство Србија), 1996 | ||
Седиште | Вевчани | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Спасе Кочовски | ||
Површина | |||
• Вкупна | 22,8 км2 (8,8 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 2.359 | ||
• Густина | 100/км2 (270/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +046 | ||
Регистарски таблички | VV | ||
Мреж. место | vevcani.gov.mk |
Географија
уредиМестоположба
уредиОпштина Вевчани се наоѓа во југозападниот дел на Македонија на падините на планината Јабланица на надморска висина од 800м. Атарот на населбата Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското Езеро. Се протега во насока исток-запад, од подножјето, преку ридестиот терен сè до сртот на планината Јабланица. Се граничи со Општина Струга, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија. До Вевчани води асфалтиран пат што од Струга минува низ селата Враништа и Велешта и води до Вевчани.
Клима
уредиОпштината и поширокото подрачје претставува најјужниот дел од Македонија и лежи на географска широчина од 41°, но благодарение на височината на која лежат и најниските делови на теренот, климатските одлики во значителна мера отстапуваат од средоземната клима, која ова подрачје би требало да ја има со оглед на својата географска положба. Ова подрачје од морската страна е оградено со високи планини така што многу малку се одразува влијанието на морето врз климатските одлики на теренот. Во ова подрачје најтопли месеци се јули и август а најладни се јануари и февруари. Средната месечна температура во топлите месеци е 22 °C, а во најладните се спушта и под 0 °C. Средните годишни температури се ниски така што тие се задржуваат околу половина од годината и се некаде околу 10 °C.Средните годишни врнежи се околу 1000мм. но тие се распределени во различни периоди и се редовно врзани со температурите така што најмногу ги има во ноември и декември, а најмалку во топлите летни месеци. Секако трeба да се спомене дека повеќе ги има во планинскиот предел.Висината на снежните врнежи достигнува и до 2м. Апсолутната минимална температура во зимските месеци изнесува до -20 °C.
Историја
уредиДо 1953 година Вевчани била општина, заедно со селата Октиси и Горна Белица. Од 1953 до 1956 година била приклучено кон општина Велешта, а нешто подоцна кон општина Струга. Оттогаш трипати било поднесувано барање за формирање на општина 1969, 1981 и 1990 година.
Општината е обновена 1996 година со донесувањето на Законот за територијална организација на Македонија со што Вевчани со површина од 22,8 км2 и 2500 жители е единствената општина во Македонија со едно населено место. Општината почнала да функционира од 1997 година со формирањето на нејзините органи и тела, по изборите за локална самоуправа.
Демографија
уредиСпоред пописот на населението на Македонија од 2002 година, општината Вевчани броела 2.433 жители, од кои 2.419 Македонци, 3 Албанци, 1 Влав, 3 Срби и 7 останати.[2]
Вероисповед | Вкупно |
православни | 2.421 |
муслимани | 3 |
католици | 5 |
протестанти | 0 |
останати | 4 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 2.419 |
албански | 3 |
турски | 0 |
ромски | 0 |
влашки | 1 |
српски | 3 |
бошњачки | 0 |
останати | 7 |
Според последниот попис од 2021 година, општината Вевчани брои 2.359 жители, од кои:[3]
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 2.252 | 95,46 |
Албанци | 14 | 0,06 |
Турци | 0 | 0,00 |
Роми | 0 | 0,00 |
Власи | 4 | 0,02 |
Срби | 3 | 0,01 |
Бошњаци | 0 | 0,00 |
останати | 6 | 0,03 |
лица без податоци | 80 | 4,42 |
Самоуправа и политика
уредиГрадоначалник на општина Вевчани е Спасе Кочовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Вевчани е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2021 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:
Редовни настани
уреди- Вевчански карневал-вевчанскиот карневал е традиционален настан кој се одржува 14 векови.Тој започнува на 13 јануари.Тогаш маските се поделени на горно маало и долно маало.Горно маалците се собираат во почетокот на селото кај стружанка,а долно маалците малку погоре од другите.Кога ќе се соберат сите маскитие со тапани и зурли(музика)тргнуваат накај сретселото да ги претставуваат своите маски,каде што има многу луѓе кои со нетрпение ги очекуваат маските.Кога маските ќе се претстават тие одат така маскирани на визита кај оној што се вика Васил,васко и сл.Вечерта кај игралиштето има музика и сите се собираат таму.Наредниот ден сите маски се собираат на сретселото и ги палат маските,со тоа е познато дека го бркаат злото од поминатата година,бидејќи понато е дека вевчанскиот карневал(василица) е уште нарачен и Стара нова година.Потоа сите играат оро околу оганот и се веселат.Со тоа завршува вевчанскиот карневал.На овој карневал доаѓаат преку 500.000 луѓе меѓу кои се и странците кои доаѓаат специјално за овој ден.
Инфраструктура
уредиРегионален пат е Суво поле (Кореја) - Вевчани центар. Неговата ширина е 6.0 м, а должината е 4,5 км. Тој е асфалтиран и е во добра коловозна состојба.
Од почетокот на Вевчани (фабриката Вевчанка) - до центарот изградени се тротоари. Регионалниот пат го одржува Македонија пат.
Локални патишта во населбата се :
Вевчани -Горна Белица, ширина=3,5 м (планински пат), должина=5км-асфалт, должина=3,5км под тампон (за асфалтирање останува уште=1,5км.); Ф-ка Вевчанка - Здравствен дом, должина 1,8 км - пробиен и асфалтиран во должина од 0,6 км. Улиците низ населбата се од асфалт и бекатон.
До населбата Вевчани се доаѓа преку локалниот пат што се одвојува од регионалниот патен правец Струга - Дебар со вкупна должина до населбата од 4 км. Од населбата во правец кон југ постои локален пат за селото Октиси кој е асфалтиран но изграден по постојната траса која не е соодветна за несметано одвивање на нормален сообраќај во две насоки. Према селото Подгорци има оформен патен правец, но не е танпониран ниту асфалтиран. Со селото Горна Белица во дел е поврзано со асфалтиран пат а останатиот дел е предвиден да се доработи во текот на наредната година.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2021“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
Надворешни врски
уреди„Општина Вевчани“ на Ризницата ? |
- Портал на Општина Вевчани Архивирано на 21 август 2014 г.
- Општина Вевчани во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.