Оге Бор
Оге Нилс Бор (дански: Aage Niels Bohr 19 јуни 1922 — 9 септември 2009)[1] — дански јадрен физичар и добитник на Нобелова награда за физика, син на познатиот физичар и нобеловец Нилс Бор.
Оге Нилс Бор | |
---|---|
Бор in 1955 | |
Роден(а) | 19 јуни 1922 Копенхаген, Данска |
Починал(а) | 9 септември 2009 Копенхаген, Данска | (возр. 87)
Националност | Данец |
Полиња | Јадрена физика |
Установи | |
Образование | Копенхагенски универзитет |
Познат по | Геометрија на атомските јадра |
Поважни награди |
|
Животопис
уредиЖивот
уредиБор се родил во Копенхаген во 1922 и израснал опкружен со физичари како што се Волфганг Паули и Вернер Хајзенберг коишто работеле со неговиот татко во институтот за теоретска физика (сега Нилс боров институт) во Копенхагенскиот универзитет.
Во 1940, набрзо по окупацијата на Данска од страна на Германија, Бор го започнал неговиот степен по физика во Копенхагенскиот универзитет. Во октомври 1943, пред да биде уапсен од германската полиција, Нилс Бор избегал во Шведска со неговото семејство, подоцна патувал во Лондон и на работата за Проектот Менхетен. За време на овој период, Оге Бор патувал со неговиот татко, служејќи како негов асистент и секретар.
Борови се вратиле во Данска во 1945 и Оге продолжил со образување во универзитет, дипломирајќи како магистер во 1946, со тезата поврзана со некои аспекти на проблемите со атомското стопирање. По дипломирањето, тој станал соработник со Нилс боровиот институт.
Кариера
уредиБор работел во институтот за напредни студии во Принстон во почетокот на 1948,[2] а подоцна во Колумбискиот универзитет од јануари 1949 до август 1950. Додека бил во САД, Бор се оженил со Мариета Софер и заедно имале три деца, Вилхелм, Томас и Маргрет.
По истражувањето кое му ја донело Нобеловата награда Бор го завршил докторатот во Копенхагенскиот универзитет во 1954[3] или 1956.[4] Бор станал професор во Копенхагенскиот универзитет во 1956 и по смртта на неговиот татко во 1962, го наследил како директор на Нилс боровиот институт, позиција која ја задржал до 1970. Тој исто така бил член на одборот на Нордискиот институт за теоретска физика (Нордита), од своето основање во 1957, станувајќи директор во 1975. Во 1978 бил избран во Папската академија на науки.[5]
Синот на Оге Бор, Томас Бор, е професор по физика во Данскиот технички универзитет, кој работи со динамика на флуидите. Двата братучеди на Томас, Јакоб и Хенрик Бор, се исто така професори во Данскиот технички универзитет. Јакоб во "DTU Nanotech" и Хенрик исто така во институтот за физика и директор на Квантнобелковинскиот (QuP) центар.
Физика
уредиВеќе во доцните 1940-ти било познато дека својствата на атомското јадро не може да се објаснат со тогашните модели. Школкениот модел, создаден во 1949, овозможил некои додатни одлики да бидат објаснети, поточно т.н. магични броеви. Сеедно, имало и својства кои не можеле да бидат објаснети, меѓу кои несферичното произведување на полнеж на одредени јадра.
Џејмс Рејнвотер од Колумбискиот универзитет предложил модел на јадрото кој можел да го објасни несферичното произведување на полнеж во 1950. Бор, посетувајќи ја Колумбија во тоа време, самостојно ја замислил истата идеја и доставил документ за објавување околу еден месец по дискутирањето на Рејнвотер за истиот проблем во поопшти црти. Подоцна Бор ја развил идејата, а во 1951 објавил документ кој сеопфатно ја третирал врската помеѓу осцилациите на површината на јадрото и движењето на поединечните јадра.
На враќање во Копенхаген во 1950, Бор почнал да работи со Бен Рој Мотелсон за да ја споредат теоретската работа со експериментални податоци. На три документи кои биле објавени во 1952-53, Бор и Мотелсон демонстрирале блиска согласност помеѓу теоријата и експериментот. Како на пример покажувањето дека енергетските нивоа на одредени јадра можат да се опишат со вртежен спектар. Оваа работа поттикнала нови теоретски и експериментални проучувања. Како резултат ја добил наградата „Атоми за мир“ во 1969.
Бор, Мотелсон и Рејнвотер биле заеднички наградени во 1975 со Нобеловата награда за физика „за откривањето на поврзаноста помеѓу збирното и честичното движење во атомските јадра и развојот на теоријата за структурата на атомското јадро врз основа на оваа поврзаност“[6].
Бор и Мотелсон продолжиле да работат заедно, објавувајќи монографија во два тома, „Јадрена структура“. Првиот том, „Моно-честично движење“ објавен во 1969, а вториот том „Јадрени деформации“ во 1975.
Наводи
уреди- ↑ "Nobelprisvinderen Aage Bohr er død" Архивирано на 13 септември 2009 г. ("Nobel Prize winner Aage Bohr has died"), politiken.dk, 10 September 2009
- ↑ Institute for Advanced Study: A Community of Scholars
- ↑ „Bohr, Aage Niels. The Columbia Encyclopedia, Sixth Edition. 2001“. Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 2015-03-20.
- ↑ "Aage Bohr, Physicist’s Son Who Won Nobel, Dies at 87." The New York Times.
- ↑ Zichichi, Antonino. „Aage Bohr“. Casinapioiv.va. Посетено на 2012-05-30.
- ↑ „Nobel prize citation“. Nobelprize.org. 1975. Посетено на 2012-05-30.
Надворешни врски
уреди- Aage Niels Bohr – Autobiography Архивирано на 14 јуни 2006 г.
- Aage Niels Bohr – Nobel Lecture[мртва врска]
- Aage Bohr – Daily Telegraph obituary
- Oral History interview transcript with Aage Bohr 23 & 30 January 1963, American Institute of Physics, Niels Bohr Library and Archives Архивирано на 11 септември 2014 г.