Куридере
Куридере (понекогаш Кури Дере) — село во Општина Градско, во околината на градот Велес. Денес нема жители.[2]
Куридере | |
Координати 41°41′12″N 21°52′47″E / 41.68667° СГШ; 21.87972° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Градско |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1420 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 29037 |
Надм. вис. | 270 м |
Куридере на општинската карта Атарот на Куридере во рамките на општината | |
Куридере на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено југоисточно од Велес, а северозападно од општинското седиште Градско. Низ него тече потокот Карајар, што е воедно името на возвишението северно од селото.[3]
Историја
уредиВо XIX век Куридере било турско село во Велешка каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Куридере (Couridéré) било село со 42 домаќинства сочинети од 109 жители муслимани.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Куру Дере имало 312 жители, сите Турци.[5]
На етничката карта од 1927 година г. Леонард Шулце Јена го означил Курудере (Kurudere) како турско село.[6]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци.[7]
Сè до 1950-тите Куридере било исклучиво турско село. Со заминувањето на Турците, во таа деценија тука се доселиле извесен број Албанци и неколку Македонци. Во текот на 1970-тите бројот на жители значајно опаднал, и бројот на Албанци и Македонци речиси се изедначил поради одливот на албанското и прилив на македонско население.[8] Во 1981 г. во селото останало само едно лице (Македонец), за потоа селото да биде сосема испразнето. Според пописот од 2002 година, Куридере немало ниеден жител.[2]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 312 | — | 264 | 293 | 49 | 13 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиКуридере било турско село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
- Доселеници: Ајвазлар (6 к.), Сулишлер (8 к.), Козелер (12 к.) и Манафлар (14 к.) сите биле стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Трлар (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Кочилари во 1907 година; Кадир (1 к.) и они потекнуваат од домазет доселен од селото Лештина кај Призрен; Бајрам Амилар (1 к.) доселени од селото Кочилари во 1913 година.[13]
Иселеништво
уредиНајголем број од населението е иселено во Турција.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Кара Јар (8991867) — GeoNames
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 182-183.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 157.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Куридере — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)