Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Башибозук (турски: başıbozuk) — вид нередовна војска во Отоманското Царство, како и за одделен војник од тие војски. Во превод означува „повредена глава“, „без глава“, „без водач“, коешто го потцртува недостигот на подчинение и целосната неорганизираност.

Биле регрутирани од претставниците на највоинствените муслимански народности во империјата, најчесто од Мала Азија и Албанија. На башибозуците државата им осигурувала само оружје без да им дава плата и башибозукот се издржувал од грабеж и мародерство. Не носеле униформи и немале никакви обележја. Поради својата недисциплина, некои башибозуци, често доаѓале и во судир со државата поради што понекогаш турската војска била принудена и насилно да ги разоружува.

Често соработувале со османската регуларна војска, како и со некои српски и грчки чети во битките против ВМОРО. Така на пример, башибозуците заедно со турската војска учествуваале во задушувањето на Илинденското востание во 1903 година, кога е убиен и еден од прочуените башибозуци Сефер Ага, а во 1913 година башибозукот на Јаја Ага соработувал со српската војска предводена од Василие Трбиќ, како и од србоманските четници Јован Бабунски и Јован Долгачот при задушувањето на Тиквешкото востание.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди