Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Слоган

Од Википедија — слободната енциклопедија

Слоган е мото, фраза, или кратка реченица, која се користи во комерцијални, религиозни или политички цели.[1] Целта на слоганот е со неговото постојано повторување да биде лесно запамтен.

Политичките партии, на пример за секоја политичка кампања ставаат нов слоган, додека пак компаниите обично користат само еден слоган кој треба да биде препознатлив и да асоцира на компанијата.

Слоганите се користат и во хералдиката на грбовите.

Примери за слоган:

  • T-Mobile Македонија - "Сподели доживувања"
  • Скопско - "Нашето најдобро!"
  • Витаминка - "Свет на вкусови"
  • Алкалоид - "Здравјето, пред сè"
  • Кожувчанка - "Кралица на водите"
  • Nike - "Just Do It"
  • McDonald's - "I'm Lovin It"
  • Adidas - "Impossible Is Nothing"

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]