Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Риолит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Риолит
Риолитски каменолом
Риолит во Исланд

.

Риолит — кисели магматски карпи со порфирска структура и масивна до флуидална текстура. Основната маса им е најчесто делумно стаклеста, но понекогаш може да биде и целосно амофна. Бојата на риолитите е главно светлосива. Кога риолитската лава многу брзо оцврснува, може да се оформи карпа наречена обсидијан. Оваа карпа има стаклест изглед со темна до црна боја, со школкест прелом и многу остри рабови. При нагло ладење на риолитската лава богата со гасови и пареи, се создава многу порозна карпа која се нарекува лебденик. Оваа карпа е со меѓусебно неповрзани пори, така што има зафатнинска тежина, која е помала од водата (околу=γ 9.5 kN/m3), поради што лебди во неа. Во Македонија го има на Кожуф[1].

По минералошки состав се еквивалентни на гранитите, односно изградени се од санидин, плагиокласи, кварц, биотит, хорнбленда[2]. Бојата на риолитите е главно светлосива, имаат најчесто делумно стаклеста основна маса и поситни фенокристали. Зависно од составот се јавуваат повеќе вариетети од кои најважни се: лебденик, обсидијан, перлит, пехштајн (вулкански стакла).

Распространетост

[уреди | уреди извор]

Во Македонија се слабо застапени. Застапени се главно во околината на Крива Паланка и Струмица[1].

Риолитот е пронајден на острови далеку од копно, но таквите океански појави се ретки[3]

  1. 1,0 1,1 Јовановски, Милорад; Наум Гапковски, Игор Пешевски (2012). Инженерска геологија. Универзитет “Св.Кирил и Методиј”, Градежен факултет - Скопје. ISBN 978-608-4510-13-0..
  2. Геолошка терминологија и номенклатура IV петрологија, Београд, 1975
  3. The Illustrated Encyclopedia of Rocks of the World by John Farndon, page 54.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]