Бентос
Изглед
Бентосот — група на водни организми составена од животни форми кои живеат на дното од водните екосистеми. Застапени се од литоралот, па до ултраабисалот. Сите тие се одликуваат со неколку посебни прилагодби за живот на дното:
- Поголемиот дел животни се со радијална симетрија (Cnidaria, Echinodermata) или се асиметрични (Porifera);
- Поголемиот дел се со вреќовиден план на градба на телото, без анален отвор (Cnidaria – Anthozoa, Hydrozoa);
- Најчесто филтраторен начин на исхранување, со разни видови на перести жабри (Polychaeta) и филтраторни апарати (Bivalvia);
- Одредени претставници живеат во куќички кои служат како заштита (пред сè Polychaeta и Rotifera);
- Посебен животен фактор е супстратот за кој се прикрепени.
Поделба по големина
[уреди | уреди извор]Макробентос
[уреди | уреди извор]Опфаќа поголеми, видливи форми, обично поголеми од 1 mm.
-
Иглокожи.
-
Микрофотографија на типични макробентосни животни од слатките води.
Мејобентос
[уреди | уреди извор]Тоа е ситен бентос кој опфаќа организми помали од 1 mm, но пошироки од 32 µm.
-
Живи дупконосци од видот Ammonia tepida (Rotaliida).
-
Тардиград од видот Hypsibius dujardini.
Микробентос
[уреди | уреди извор]Тоа е микроскопски бентос кој опфаќа форми помали од 32 µm.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Оваа статија за екологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|