Амадора
Изглед
Амадора | |||
---|---|---|---|
Центарот на градот | |||
Координати: 38°44′N 9°14′E / 38.733° СГШ; 9.233° ИГД | |||
Земја | Португалија | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Карла Таварес | ||
Надм. вис. | 95 м | ||
Население (2011) | |||
• Вкупно | 175,136 | ||
Регистарски таблички | BL | ||
Мреж. место | http://www.cm-amadora.pt |
Амадора — петти град и општина по големина во Португалија кој се наоѓа во западниот дел.
Географски одлики
[уреди | уреди извор]Градот Амадора се наоѓа во западниот дел на Португалија. Од главниот град на Лисабон градот е оддалечен 15 километри на северозапад, а од Порто 320 километри на југ. Амадора е релативно најгустиот населен дел на Португалија затоа што на 1 км2 живеат 7414,35 жители. Во Амадора живеат најмногу африкански имигранти и тоа најмногу од Ангола и Зелен ’Рт.
Население
[уреди | уреди извор]Според последните проценки, од 2011 година, општина Амадора има 175,136 жители,[1] на површина од 23.78 км2[2] од кои значаен дел сочинуваат доселениците.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Instituto Nacional de Estatística
- ↑ „Direção-Geral do Território“. Архивирано од изворникот на 2014-09-29. Посетено на 2016-10-10.