Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Емшер

Координати: 51°33′48″N 6°41′23″E / 51.56333° СГШ; 6.68972° ИГД / 51.56333; 6.68972
Од Википедија — слободната енциклопедија
Емшер
Местоположба
Физички особености
УстиеРајна
51°33′48″N 6°41′23″E / 51.56333° СГШ; 6.68972° ИГД / 51.56333; 6.68972
Должина84 km
Особености на сливот

Емшер — релативно мала река и притока на Рајна, која тече низ областа Рур во Северна Рајна-Вестфалија во западна Германија. Нејзината вкупна должина е 84 километри со просечен истек на устието во долна Рајна од 16 м3/s (кубни метри во секунда).

Изворот на Емшер е во Холцвикеде, источно од градот Дортмунд и тече западни низ Рур. Градовите долж Емшер се Дортмунд, Кастроп-Рауксел, Херне, Реклингхаузен, Гелзенкирхен, Есен, Ботроп, Оберхаузен и Динслакен, каде што реката се влева во Рајна.

Во географскиот центар на огромната индустриска област од 5 милиони жители, реката е биолошки мртва, бидејќи била користена како отворен канал за отпадните води од крајот на 19-от век. Поради тоа што постојано има движење на почвата од рударската индустрија, не било возможно да се одржи природниот тек на реката и затоа на двапати било поместено устието на реката кон север во Рајна. Голема модерна централа за третман на водата на нејзиното устие гарантира дека водата што влегува во Рајна е со прифатлив квалитет.

Од раните 1990-ти, огромен проект за обнова на реката Емшер е во фаза на изработка. За потполна обнова на реката, во моментов се гради огромна подземна цевка долж текот на реката. Првиот дел на реката, кој е цел на обновата е во Дортмунд. Вкупниот проект ќе чини неколку милијарди евра и ќе биде завршен во 2020 година.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]